Прејди на содржината

Нижегородска Област

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Нижегородска област)

Нижегородска област (руски: Нижегородская область) е федерален субјект на Русија (област). Областа зафаќа површина од 76,900 км2, а има население од 3,524,028 жители (по попис од 2002). Административен центар е градот Нижни Новгород. Со население од 1,3 милиони жители, тој е најголем град во областа и четврт најголем град во Русија, по Москва, Санкт Петербург и Новосибирск.

Низ областа тече реката Волга. Освен населениот регион на Нижни Новгород, најголем град е Арзамас. Во градот Саров се наоѓа најголемиот и најсветиот женски манастир во Русија. Макариевскиот манастир спроти градот Лисково бил домаќин на најголмиот саем/панаѓур во источна Европа. Други историски градови се Городец и Балахна, сместени на Волга северно од Нижни Новгород.

Нижегородската област во рамките н Русија
Нижегородската област во рамките н Русија

Географија

[уреди | уреди извор]

Нижегородската област се граничи со Костромската област (С), Кировската област (СИ), Мариј Ел (И), Чувашија (И), Мордовија (Ј), Рјазањската област (СИ), Владимирската област (З) и Ивановската област (СЗ).

Часовен појас

[уреди | уреди извор]

Нижегородската област спаѓа во Московската часовен појас (MSK/MSD). UTC +0300 (MSK)/+0400 (MSD).

Пиродни богатства

[уреди | уреди извор]

Нижегородската област не изобилува со природни богатства, и истите се ограничени на песок (меѓу кои и титанско-цирконски песоци), глина, гипс, тресет, минерална сол и дрво.

Атракции

[уреди | уреди извор]

Уникатната архитектонска конструкција – 128-метарската челична решетка хиперболична кула изградена од големиот руски инженер и научник Владимир Шухов во 1929 е сместена близу градот Ѕержинск на левиот брег на реката Ока.

Административна поделба

[уреди | уреди извор]

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Бидејќи областа не е богата со природни ресурси, обласното стопанство се состои главно од индустрија и траспорт, кои сочинуваат речиси 80% од бруто-домашниот производ (БДП).

Постојат 722 индутриски претрпијатија во областа кои им припаѓаат на следниве сектори:

  • Машинство и инженерство
  • Хемија и петрохемија
  • Гориво и енергија
  • Црна и бела металургија
  • Градежни материјали
  • Стакло
  • Дрво и хартија
  • Текстил
  • Храна и нејзина обработка
  • Лекови и др. фармацевстки производи
  • Печатарство и издаваштво.

Други стопански сектори се земјоделство, трговија, услуги, комуникации и транспорт.

Според прелиминарни проценки, во 2002, бруто регионалниот производ на регионот изнесувал 5.6 милијарди американски долари, каде индустријата и превозот учествувале со 4.5 милијарди. Регионалните претпријатија забележале пораст на производството од 6.6%, кое е повисоко од националниот пораст на Русија минатата година. Во 2002, машинството забележало висок пораст(+13.6%), горивната индустрија (+49%), црната металургија (+8.9%), производството на дрво и хартија (+2.4%), како и печатарството и издаваштвото (+6.2%). Инвестициите во странство биле 84,5 милиони американски делори, со тоа што 95% од нив биле вложени во индустриски претпријатија. Во 2003, регионалната влада предвидела 3.8% посраст на индустриското производство.