Никола Пашиќ
Никола Пашиќ | ||
Роден | 18 декември 1845 Заечар, Србија | |
---|---|---|
Починал | 10 декември 1926 Белград |
Никола Пашиќ (1845-1926) — српски политичар и државник, а подоцна претседател на владата на Србија и на Кралството Југославија. Еден од основачите на Радикалната партија и нејзин водач.
Животопис
[уреди | уреди извор]Роден на 18 декември 1845 во Заечар, Србија. Според некои податоци и тврдење на самиот Пашиќ, неговиот татко бил од Рогачево, Тетовско. Според други татко му бил Бугарин од Габрово, а мајка му Бугарка од Видин, која по смртта на таткото се омажила за Србинот Пашиќ. Според некои тврдења тој бил Цинцар. Бидејќи живеел во регион во кој биле чести миграциите, не е можно точно да се утврди неговото потекло.
Татко му бил трговец, а неговиот дедо пекар. Потекнува од скромно семејство, а своето образование го започнал доцна, дури на 11-годишна возраст.
Поради чести преселувања учел во Заечар, Неготин и Крагуевац, каде што завршил гимназија на возраст од 21 година. Студирал на Техничкиот факултет во Белград, потоа од владата на Србја бил стипендист во Цирих. Во текот на студиите во Швајцарија се запознал со водечките млади интелектуалци од каде го започнува своето политичко определување. Во 1875 година потполно се откажува од својата професија за да може да се кандидира за народен пратеник, затоа што според Уставот од 1869 година државните службеници немале право да бидат бирани на изборите. Оставката на работното место не му била прифатена, за да се спречи неговото политичко ангажирање, но по изборот му била усвоена. Пашиќ се придружил на српските востаници во востанието против турската власт.[1]
Политичка кариера
[уреди | уреди извор]Политичката кариера ја започнал во 1878 година како народен пратеник, во Заечар. Во идеолошка смисла поминал низ неколку фази: во младоста бил социјалист и револуционер, потоа длабоко верувал во парламентарна демократија, но својата политичка кариера во доцните години ја завршува како конзервативец.
Кога во 1881 година била основана Народна радикална партија, Пашиќ бил прв претседател на Главниот одбор. Партијата била мошне популарна и на избори во септември 1883 година освоила 54% гласови. Но кралот Милан Обреновиќ кој бил наклонет на австроунгарската опција не дозволил Пашиќ да формира влада и власта му ја предал на непартиската личност Никола Христиќ.
Поради политиката на кралот Милан, најмногу пради одлука за одземање на оружјето од населението во источна Србија избива буна, Тимочка буна, за која кралот ги обвинил радикалите и Пашиќ бил принуден да избега во Бугарија, а во отсуство бил осуден на смрт.
Во Бугарија живеел шест години, се занимавал со својата професија, но имал и обид да учествува во политичкиот живот на Бугарија. Бидејќи ја имал поддршката на бугарската влада, кралот Милан тоа го зел како причина за да ја започне Српско-бугарската војна во 1885 година. По поразот што го доживеал, кралот ги амнестирал осудените, освен Пашиќ, кој морал да остане во прогонство сè до абдикцијата на Милан Обреновиќ во 1889 година кога бил амнестиран од новоформираната влада на чело со Сава Грујиќ.
Бил претседател на владата на Србија во периодот 1893-1894, а од доаѓањето на власт на кралот Петар (1904), па сè до смртта, бил и министер за надворешни работи или претседател на влада. Имал забележлива улога во создавањето на Кралство СХС, која ја застапувал на Париската мировна конференција, борејќи се за остварување на големосрпските интереси на Балканот.
За претседател на Народната сукупштина на Србија бил избран на 13 октомври 1889 година и на таа функција бил до 9 јануари 1892 година. За претседател на Народната скупштина бил биран уште двапати, од 13 јуни 1893 до април 1895 година и од 12 јули 1897 до 29 јуни 1898 година. Бил избран и за градоначалник на Белград од 11 јануари 1890 до 26 јануари 1891 година и повторно од 22 јануари 1897 до 25 новемвро 1897 година.
За претседател на владата на Република Србија првпат бил избран на 23 февруари 1891 година, но поради политичкото несогласување и отворено непријателство на Обреновиќ, поднел оставка на 22 август 1892 година. Додека бил претседател на владата, ја обавувал и функцијата министер за надворешни работи.
Кога кралот Александар Обреновиќ по државниот удар се прогласил полнолетен и го презел управувањето со државата, за да го намали влијанието на Пашиќ, го испратил како специјален претставник на српската влада во Санкт Петербург во периодот 1893—1894 година. Поради несогласување со внатрешната и надворешната политика на кралот Александар, Пашиќ ја напуштил соработката, а во 1897, поранешниот крал Милан и кралот Александар владееле ѕаедно и го осудиле Пашиќ на 9 месеци затвор поради поранешната изјава во списанието „Самоуправа“.
По обид за атентат на 6 јули 1899 година врз него кралот Милан објавува дека атентатот го извела Радикалната партија и ги апсат сите водечки членови, меѓу кои и Пашиќ. Кралот барал смртна казна макар за Никола Пашиќ и Коста Таушановиќ, но Австроунгарија се плашела дека осудата без докази може да предиѕвика судир со Русија и му се заканила на Милан дека обреновиќи ќе бидат бојкотирани диколку го осудат Пашиќ.
Без да има сознанија за вмешаноста на Австроунгарија во негов предмет, Пашиќ приѕнал дека Радикалната партија не ѝ била наклонета на династијата Обреновиќ и во спогодба со министерот за внатрешни работи бил осуден на 5 години, но бил пуштен веднаш на слобода. Во време на преостанатото владеење на Александар Обреновиќ, Пашиќ останал надвор од политичкиот живот, но Александар често го повикувал на консултации на кои Пашиќ останувал најчесто воздржан тврдејќи дека не се занимава со политика.
Политичка кариера во време на Петар Караѓорѓевиќ
[уреди | уреди извор]Никола Пашиќ не учествувал во заговорот за преврат што бил извршен на 29 маја 1903 година кога биле убиени кралот и кралицата Драга, како и претседателот на владата Димитрије Цинцар-Марковиќ и министерот за војна Милован Павловиќ. Радикалната партија победила на изборите на 4 октомври 1903 година и владеела со Србија речиси цели 15 години. Пашиќ не бил на чело на сите влади. Неговата партија на почетокот не сакала да го подржи именувањето на Петар Караѓорѓевиќ за крал, но согледувајќи го неговото обраѕование и предаденоста кон демократски принципи, Пашиќ го поддржал и до крајот на нивното владеење односот помеѓу нив бил исклучително добар.
Во време на негово управување со владата, Србија била изложена на огромни притисоци од страна на Австроунгарија, царинска војна, со што на Србија ѝ се нанесувани тешки економски загуби. Поради превратот, а под влијание на Британска влада Пашиќ бил приморан да ги пенѕионира и казни учесниците во преврат, а големи немири и незадоволство биле предизвикани и со австроунгарската анексија на БиХ. Пашиќ немал голема поддршка ни од својот најголем сојузник Русија бидејќи таја била во војна со Јапонија.
Пашиќ формирал уште две влади (од 24 октомври 1909 до 4 јул 1911 година и од 12 септември 1912 година). Бил еден од основачите на Балкански сојуз кој подоцна ќе предизвика Прва и Втора балканска војна во која Србија ќе ја зголеми својата територија со ослободување на тнр. Стара Србија што ја претставувале Рашка, Косово, делови на Метохја и Вардарска Македонија од Османлиското Царство. Бил претседател на делегација на Србија на мировна конференција во Букурешт во 1913 година.
Пашиќ бил во судир со некои воени кругови околу начинот на управување со новостечените територии. Се залагал да бидат вклучени во српскиот политички и административен систем стекнат низ демократските избори, додека војската барала воена управа на тие територии. По една година несогласувања Пашиќ го сменил воениот управител на „Стара Србија“ и закажал избори за 1914 година, но тие биле спречени со почетокот на Првата светска војна.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Казимировић, Васа (1990). Никола Пашић и његово доба, 1845-1926. Београд: Нова Европа.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Никола Пашиќ - 1. део (Центар за друштвену стабилност - официјален канал)
- Никола Пашиќ - 2. део (Центар за друштвену стабилност - официјален канал)
|
|