ОУ „Шемшево“ - Шемшево
Шемшево | |
---|---|
Поглед на училиштето
| |
Место | |
Општина: | Општина Јегуновце |
Наречено по: | Шемшево |
Нас. место: | Шемшево |
Адреса: | с. Шемшево |
Местоположба | |
Основни информации | |
Основано: | 1945 |
Директор: | Бурхан Ејупи |
Настава на: | македонски и албански |
Контактни информации | |
Телефон | 044 376 227 |
Факс | 044 376 227 |
Основно училиште „Шемшево“ (официјално: Основно општинско училиште „Шемшево - Шемшево“; скратено: ООУ „Шемшево“; во минатото ОУ „Даме Груев“) — централно основно училиште во селото Шемшево.[1]
Името на училиштето е според името на селото Шемшево.
Историја
[уреди | уреди извор]Училиштето е основано во 1945 година, со одлука на Околискиот одбор на Општина Тетово.
Од самото создавање училиштето го носело името на македонскиот револуционер Даме Груев. После конфликтот во 2001 година, локалните Албанци донесуваат одлука училиштето да го носи името на Албанецот Јумни Јонузи. Ваквата одлука донела до бојкот од страна на Македонците и на крај било решено училиштето да го носи името на селото Шемшево.[2]
Во училишниот двор се наоѓа биста на Јумни Јонузи, која во 2002 година била поставена без никаква дозвола. Мештаните се заканувале дека ќе настапат инциденти, доколку дојде до нејзино уривање.[3] Бистата никогаш не била срушена.
Настава
[уреди | уреди извор]Во училиштето наставата се изведува на албански и македонски наставен јазик.
Училиштето располага абинет по информатика опремен со нови компјутери, спортски игралишта и спортска сала.
Подрачни училишта
[уреди | уреди извор]Во составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта:
- ПУ „Шемшево“ - Жилче, подрачно училиште на македонски наставен јазик;
- ПУ „Шемшево“ - Копанце, подрачно училиште на албански наставен јазик;
- ПУ „Шемшево“ - Прељубиште, подрачно училиште на македонски и албански наставен јазик;
- ПУ „Шемшево“ - Ратае, подрачно училиште на македонски наставен јазик;
- ПУ „Шемшево“ - Сиричино, подрачно училиште на македонски наставен јазик; и
- ПУ „Шемшево“ - Туденце, подрачно училиште на македонски наставен јазик.
Во основното училиште во Жилче се образуваат ученици во девет одделенија на македонски наставен јазик, додека во основното училиште во Шемшево се одвива деветгодишна настава на албански наставен јазик.
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Зградата на училиштето во 2012 г.
-
Спортската сала
-
Дел од училиштето
-
Биста на Јумни Јонузи
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Основни училишта“. Општина Јегуновце. Архивирано од изворникот на 2022-02-09. Посетено на 2022-02-15.
- ↑ „Училиштето во Шемшево со трето име“. А1. Посетено на 2010-01-21. На
|first=
му недостасува|last=
(help)CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link) - ↑ „Архива“. time.mk. Посетено на 2022-02-27.