Прејди на содржината

Окрузи на Келн

Од Википедија — слободната енциклопедија

Град Келн

Историја
Култура
Градоначалници
Демографија
Окрузи
Сообраќај


Од последните административни реформи во 1975, Градот Келн е составен од девет градски окрузи и 86 градски делови (квартови). Штатбецирк буквално се преведува како градски округ, кој е понатаму поделен на Stadtteile (градски делови). Градските делови на келнскиот стар и нов град (Alt- и Neustadt) понатаму се составени од помали делови, познати како „Veedel“ на келнски.

Градските окрузи се разликуваат од тоа што се лево или десно од реката Рајна, со стариот град кој е на левиот брег на Рајна, како и 230,25 км2 (56,8 проценти од 405,14 км2 во градското подрачје), додека 174,87 км2 (43,2 проценти) лежат десно на Рајна. Во однос на населението, Келн е најголемиот град во покраината Северна Рајна-Вестфалија и е четврт најголем град во Германија.

Карта Грб Градски округ Градски делови Површина Население1 Густина на населеност Окружни совети Градска куќа
1. округ Келн-Иненштат Алтштат-Норд, Алтштат-Зид, Дојц, Нојштат-Норд, Нојштат-Зид 16,4 км² 127.033 7.746/км² Бецирксамт Иненштат
Брикенштрасе 19,
D-50667 Келн
2. округ Келн-Роденкирхен Бајентал, Годорф, Ханвалд, Имендорф, Маринбург, Мешених, Радерберг, Радертал, Роденкирхен, Рондорф, Зирт, Вајс, Цолшток 54,6 км² 100.936 1.850/км² Бециркамт Роденкирхен
Хауптштрасе 85,
D-50996 Келн
3. округ Келн-Линдентал Браунсфелд, Јункерсдорф, Клетенберг, Линдентал, Левених, Мингерсдорф, Зилц, Вајден, Видерсдорф 41,6 км² 137.552 3.308/км² Бециркамт Линдентал
Ахенер Штрасе 220,
50931 Келн
4. округ Келн-Еренфелд Бикендорф, Боклеминд/Менгених, Еренфелд, Нојеренфелд, Осендорф, Фогелсанг 23,8 км² 103.621 4.348/км² Бециркамт Еренфелд
Венлер Штрасе 419 - 421,
D-50825 Келн
5. округ Келн-Нипес Билдерштекхен, Лонгерих, Мауенхајм, Нил, Нипес, Рил, Вајденпеш 31,8 км² 110.092 3.462/км² Бециркамт Нипес
Нојсер Штрасе 450,
D-50733 Келн
6. округ Келн-Хорвајлер Блуменберг, Хорвајлер, Еш/Аувајлер, Филинген, Хајмерсдорф, Линдвајлер, Меркених, Пеш, Рогендорф/Тенхофен, Зеберг, Фолксхофен/Вајлер, Воринген 67,2 км² 80.870 1.204/км² Бециркамт Хорвајлер
Паризер Плац 1,
D-50765 Келн
7. округ Келн-Порц Ајл, Елсдорф, Енсен, Финкенберг, Грембергхофен, Гренгел, Лангел, Либур, Линд, Пол, Порц, Урбах, Ван, Ванхајде, Вестхофен, Циндорф 78,8 км² 106.520 1.352/км² Бециркамт Порц
Фридрих-Еберт-Уфер 64-70,
D-51143 Келн
8. округ Келн-Калк Брик, Хеенберг, Хумболт/Гремберг, Калк, Мерхајм, Нојбрик, Остхајм, Рат/Хојмар, Фингст 38,2 км² 108.330 2.841/км² Бециркамт Калк
Калкер Хауптштрасе 247-273,
D-51103 Келн
9. округ Келн-Милхајм Бухфорст, Бухајм, Делбрик, Динвалд, Флитард, Хеенхаус, Холвајде, Милхајм, Штамхајм 52,2 км² 144.374 2.764/км² Бециркамт Милхајм
Винер Плац 2а,
D-51065 Келн
Келн 405,15 км² 1.019.3282 2.516/км²
Забелешка:
1: население од 31 декември 2008
2: Статистичките податоци на градот Келн ги вклучуваат „иселениците“, кој покраинските податоци не ги прикажуваат. Населението во Келн според статистичките податоци на покраинските статистички податоци било 1.000.298 на 31 мај 2009[1]

Раст на урбаната површина

[уреди | уреди извор]
Карта на деветте Stadtbezirke (градски окрузи) и 86-те Stadtteile (градски делови) на Келн
Карта на Келнe, 1633

Од основањето на градот во 50 н.е., Келн се зголемувал преку бројни проширувања и припојување на околните општини. Од изградбата на средновековниот ѕид во 1180, површината на стариот царски град Келн не била менувана повеќе од 600 години и единствено бил прошируван во рамките на старите градски ѕидини во 1794, само кратко пред пристигнувањето на француските трупи и припојувањето на Келн кон Првата француска империја.

По 1815, Кралството Прусија спровело изградба на утврдена тврдина, со што повторно бил спречен каков било раст на градот. Единствено со придобивање на овие утврдувања во 1881, градот Келн имал можност за постепено територијално проширување. На 12 ноември 1883 одземените територии од делови на општините Еренфелд, Крил, Лонгерих, Мингерсдорф и Рондорф биле додадени кон градот. Во времето на индустриската револуција, индустриските претпријатија ги избегнувале густо населените области во самиот град и се населувале во малите градови надвор од утврдената област, додека одржувале блиску економски врски со градот Келн. Повеќе од половината од имотот бил во рацете на граѓаните на Келн или истите станувале жители во тие области.

Од 1886, Келнската градска куќа ги интензивирала преговорите со околните заедници и на 1 април 1888 завршиле со првото големо припојување. Оттогаш градот се проширувал со големите реорганизации во 1910, 1914, 1922 и 1975.

Датум Припоени места
1 април 1888 град Дојц; град Еренфелд и денешниот Ној-Еренфелд; дел од градот Калк; делови од градот Милхајм (Милхајмер Хафен); делови од општината Еферен (денес Клетенберг); општина Крил (Браунсфелд, Крил, Линд, Линдетал, Зилц); општина Лонгерих (Буцвајлер, Хајмерсдорф, Линдвајлер, Лонгерих, Нил, Шталагсберг, Фолксхофен, Вајденпеш; општина Мингерсдорф (Бикендорф, Боклеминд, Мелатен, Менгених, Мингерсдорф, Осендорф, Фогелсанг); општина Нипес (Мауенхајм, Нипес, Рил); општина Пол (Хумболт-Грембер, Пол); делови од општината Рондорф (Арнолдсхее, Бајентал, Клетенберг, Мансфелд, Маринбург, Радерберг, Радертал, Вајсхаус, Цолшток)
1 април 1910 Хеенберг; Хумболт-Гремберг; град Калк; Остхајм; општина Фингст
1 април 1914 град Милхајм (вклучувајќи ги и Бухфорст, Бухајм, Клајнберт); од округот Милхајм: Биргермајстерај Мерхајм (Брик, Делбрик, Динвалд, Флитард, Харт, Хеенберг, Хеенхаус, Холвајде, Кунстфелд, Мерхајм, Остхајм, Рат, Родерхоф, Шојерхоф, Шлагбаум, Штамхајм)
1 април 1922 делови од округот Воринген: Филинген (вклучувајќи ги и Фелдкасел, Каселберг, Лангел, Рајнкасел), Меркених, Рогендорф, Тенхофен, Вајлер, Воринген; делови од општината Лонгерих
1 јануари 1975 град Порц (Ајл, Елсдорф, Енсен, Флугхафен, Грембергхофен, Гренгел, Хојмар, Лангел, Либур, Линд, Порц, Урбах, Ван, Ван-Хајде, Вестхофен, Циндорф); делови од општината Браувајлер (Рат, Гут Фогелсанг, Видерсдорф); делови од градот Фрехен (Хорбел, Марсдорф); делови од општината Левених; општина Роденкирхен (Гисдорф, Годорф, Ханвалд, Хохкирхен, Хенинген, Имендорф, Конрадерхее, Мешених, Роденкирхен, Рондорф, Зирт, Вајс); делови од општината Зинерсдорф (Аувајлер, Еш, Пеш, Гут Штекхајм); делови од градот Брил; делови од општината Борнхајм, Хирт, Пулхајм и Ресрат.

Извор: Историски архив на градот Келн[2]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]