Олга Никодиевиќ
Изглед
Олга Никодиевиќ | ||
Родена | Олга Александрова 29 март 1933 Скопје, Кралство Југославија | |
---|---|---|
Националност | Македонка | |
Занимање | физиолог, универзитетска професорка |
Олга Никодиевиќ (моминско: Александрова; 29 март 1933 во Скопје) — македонски физиолог и универзитетска професорка на Медицинскиот факултет во Скопје.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Формирала радиоимунолошка лабораторија за одредување на циклични нуклеотиди и чувствителност на рецепторите во Македонија. Била гостин научник во националните институти за здравство во Бетезда (САД) околу 10 години (со прекини). Покрај бројните научни трудови, била автор на дел од учебникот по физиологија и на дел од „Современа дијагностика и терапија во медицината“.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Ников“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 1048. Text "series " ignored (help)