Од Википедија — слободната енциклопедија
Олимпија (грчки : Ολυμπία Olympí'a, Olimpia, Olimbia ) било едно од најголемите светилишта на Зевс во старогрчката митологија . Во текот на антиката, на Олимпија биле одржувани Олимписките игри [ 1] . Олимписките игри се одржувале на секои четири години, а првите Олимписки игри се одржиле во 776 п.н.е. Истите биле забранети од страна на римскиот цар Теодосиј I во 394 година, бидејќи се сметало дека тие претставуваат остаток од паганството .
На оваа место во древноста се наоѓала и најголемата статуа на Зевс , која претставува дел од седумте светски чуда на античкиот свет , која изгорела во пожар .
Денеска, местото се наоѓа во Префектура Елис , во северозападниот дел од Пелопонез , по долината на реката Алфеј и нејзината притока Кладеон . Денеска градот брои околу 11.000 жители, според пописот од 2001 година. Денеска Олимпија е вклучена во списокот на светско и културно наследство на УНЕСКО .
1: Североисточен пропилеј – 2: Пританион – 3: Филипион – 4: Храм на Хера – 5: Пелопион – 6: Нимфеј на Ирод Атик – 7: Метроон – 8: Ризници – 9: Крипт (засводен приод до стадионот) – 10: Стадион – 11: Стоа на Ехо – 12: Градба на Птоломеј II и Арсиноја – 13: Стоа на Хестија – 14: Хеленистичка градба – 15: Храм на Зевс – 16: Олтар на Зевс – 17: Завет на Ахајците – 18: Завет на Микит – 19: Ника на Пеониј – 20: Гимназија – 21: Палестра – 22: Теоколион – 23: Хероон – 24: Работилница на Фидија и ранохристијанска базилика – 25: Кладејски бањи – 26: Грчки бањи – 27 и 28: Ноќевалишта – 29: Леонидион – 30: Јужни бањи – 31: Булевтерион – 32: Јужна стоа – 33: Вила на Нерон Ризници. I: Сикион – II: Сиракуза – III: Епидамн ? – IV: Византион ? – V: Сибарис ? – VI: Кирена ? – VII: неутврдено – VIII: Олтар ? – IX: Селинунт – X: Петапонт – XI: Мегара – XII: Гела