Отоманско-персиска војна (1603–1618)
Отоманско-персиска војна (1603–1618) | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Отоманско-персиски војни | |||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
Сафавидско Царство | Османлиско Царство | ||||||
Команданти и водачи | |||||||
Абас I | Ахмед I Осман II |
Османлиско-персиската војна е војна која се водила меѓу Сафавидско Царство на чело со шахот Абас I и Османлиското Царство на чело со султанот Ахмед I. Војната започнала во 1603 со заземање на градот Тебриз од Персијците и завршила со победа за Персијците во 1618 година.
Тек на војната
[уреди | уреди извор]Години пред војната шахот Абас направил голема реформа во армијата заедно со англичанецот Роберт Шарли. Војната започнала во 1603, а првата победа за Персијците била во 1604 година кога паднала значајната османлиска тврдина на Кавказ, Ереван. Тие имале за цел да си ги вратат сите територии кои Отоманското Царство ги имало освоено претходно, вклучувајќи го и Багдад. Добивајќи ја и втората битка кај Басра во 1605 нивната територија ја поминала реката Еуфрат. Подоцна Османлиите ги дале на Персија Ширван и Курдистан. Воените дејствија биле сопрени за кратко време во 1614. Во 1618 година, силите на Абас I издвојувале голема победа кај Султаниех. Малку потоа војната завршила со потпишување на договорот на Насух Паша и договорот од Серав.