Прејди на содржината

Падовски универзитет

Од Википедија — слободната енциклопедија
Падовски универзитет
Università di Padova
Податотека:University of Padua seal.svg
латински: Universitas Studii Paduani
ГеслоUniversa Universis Patavina Libertas (Латински)
На македонски
Слободата на Падова е универзална за сите
ВидЈавен
Основан1222; пред 801 година (1222)
РекторДаниела Мапели
Студенти59,317
Додипломци38,495
Постдипломци20,822
МестоПадова, Италија
КампусУрбан (Универзитетски град)
Спортски тимови[1]
БоиПадовско црвено     
unipd.it/en

Универзитетот во Падова ( италијански: Università degli Studi di Padova, UNIPD) е еден од најстарите универзитети во Европа и Италија, отворен во Падова во 1222 година од група студенти и наставници од Болоња.[1] Во периодот од XV до XVIII век бил главен образовен центар на Венецијанската Република. Во 2010 година, универзитетот имал приближно 65.000 студенти.[2] Во 2021 година институтот Цензис го рангирал на второ место во категоријата „најдобар универзитет“ меѓу италијанските високообразовни институции со преку 40.000 студенти,[3] а на Шангајската листа е меѓу најдобрите 200 универзитети во светот.[4]

Историја

[уреди | уреди извор]

Универзитетот бил основан во 1222 година од наставници и студенти кои го напуштиле Болоњскиот универзитет во потрага по поголема академска слобода („Libertas scholastica“). Првите изучувани области биле правото и теологијата. Наставната програма брзо се проширила и во 1399 година институцијата била поделена на: Правен универзитет (Universitas Iuristarum) каде што се изучувале граѓанско и канонско право и Природонаучен универзитет (Universitas Artistarum) каде се предавало астрономија, дијалектика, филозофија, граматика, медицина и реторика. Имало и Теолошки универзитет (Universitas Theologorum), основан во 1373 година од Урбан V.

Универзитетот во Падова станал еден од центрите на науката (астрономија, медицина, право) за време на ренесансата, бил спонзориран од Венецијанската Република која му обезбедила независност од схоластичката догма и од влијанијата од Рим. Овде студирале или работеле познати личности од времето на ренесансата и на раниот нов век како Пико дела Мирандола, Никола Кузански, Коперник, еден од основачите на италијанскиот литературен јазик Пјетро Бембо, Торквато Тасо, Галилео, Везалиус, првиот белоруски печатар Франциск Скарина.

На 25 јуни 1678 година, Елена Лукреција Корнаро Пископија, венецијанска благородничка и математичар, станала прва жена во светот која се стекнала со звањето доктор по филозофија. Во меѓувреме, универзитетот го усвоил мотото: „Слободата на Падова е универзална за сите “ (Universa universis patavina libertas).

Сепак, универзитетот имал турбулентна историја и немало настава во 1237–61, 1509–17, 1848–50.

Ботаничката градина во Падова, основана од Универзитетот во 1545 година, е една од најстарите градини од ваков вид во светот. Постара од неа само онаа која Медичи ја создале во Пиза во 1544 година. Покрај градината, универзитетот има и девет музеи, меѓу кои и музејот за историја на физиката.

Во универзитетот се наоѓа најстариот преживеан постојан анатомски театар во Европа, изграден во 1595 година

Од 1595 година, познатиот анатомски театар во Падова привлекува уметници и научници кои го проучуваат човечкото тело за време на јавните сецирања. Тоа е најстари преживеан постојан анатомски театар во Европа.

Универзитетот станал еден од универзитетите на Кралството Италија во 1873 година, и оттогаш е еден од најпрестижните во земјата поради неговиот придонес во науката и научните истражувања.

Палацо Бо е седиште на Универзитетот во Падова од 1493 година
Диплома на Џироламо Мартиненго, 1582 година

Со неодамнешните промени во италијанското законодавство на италијанските универзитети им се дало поголема автономија, а во 1995 година Падовскиот универзитет усвоил нов статут со кој добива поголема независност.

Рангирање

[уреди | уреди извор]

Универзитетот е постојано рангиран меѓу најдобрите италијански универзитети. „Тајмс“ во 2020 година го рангирал универзитетот на четвртото место во Италија.[5]

На меѓународно ниво, за 2020 година Тајмс го рангирал универзитетот од 201 до 250 место.[5] Во 2019 на Шангајската листа универзитетот се наоѓа од 201 до 300 место во светот.[6]

Познати личности

[уреди | уреди извор]
Грбови на професори и студенти во Аула Магна, Палацо Бо . Фотографија од Паоло Монти, 1966 година
Сертификат за медицина на Универзитетот во Падова, доделен во 1642 година на Фламанецот Јан Даман.[7]

Познати личности кои го посетувале Падовскиот универзитет се:[8]

Во природните науки
Во политиката и владеењето
  • Јоанис Каподистријас (1776-1831), прв гувернер на Грција, министер за надворешни работи на Руското Царство
  • Лујџи Луцати (1841-1927), финансиер, политички економист, социјален филозоф и правник, 20-ти премиер на Италија
  • Александрос Маврокордатос (1791-1865), премиер на Грција
  • Сенешал Константин Кантакузино Столник (околу 1650–1716), романски благородник и хуманист кој имал високи функции во Кнежевството Влашка. Автор на „Историја на Влашка“ (незавршена), прв Романец кој дипломирал на овој престижен универзитет.[9]
Во уметноста, теологијата и литературата

Познати професори

[уреди | уреди извор]

Одделенија

[уреди | уреди извор]

Универзитетот во Падова нуди широк спектар на дипломи, организирани од одделенија:

Училишта

[уреди | уреди извор]

Одделенијата се здружени во ограничен број училишта:

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „History“. Università di Padova (англиски). Посетено на 8 June 2020.
  2. „University of Padua“. Посетено на 31 May 2015.
  3. „Gli atenei statali“. CENSIS (италијански). 2021-07-12. Посетено на 2021-09-08.
  4. „ShanghaiRanking-Univiersities“. www.shanghairanking.com. Посетено на 2021-09-08.
  5. 5,0 5,1 „Best universities in Italy 2020“. THE World University Rankings. 17 September 2019. Посетено на 8 June 2020.
  6. „Academic Ranking of World Universities 2019“. ShanghaiRanking Consultancy. 2019. Архивирано од изворникот на 2021-05-17. Посетено на 8 June 2020.
  7. „Een diploma geneeskunde van de Universiteit van Padua, uitgereikt in 1642 aan de Gentenaar Jan Damman (of Daman)“. lib.ugent.be. Посетено на 2020-08-28.
  8. For a summary description of all of the set of scholars and literati who intervened in teaching at the University of Padua since its inception to the eve of the Industrial Revolution (1800), see David de la Croix and Mara Vitale,(2021). Scholars and Literati at the University of Padua (1222-1800).Repertorium Eruditorum Totius Europae/RETE. 3:33–42.
  9. Treptow, Kurt W.; Popa, Marcel (1996). Historical Dictionary of Romania. Scarecrow Press, Inc. ISBN 0-8108-3179-1.
  10. „The Galileo Project - Chronology - Galileo Timeline“. Посетено на 31 May 2015.
  11. „Elena Lucrezia Cornaro Piscopia“. Agnesscott.edu. Посетено на 2013-09-05.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]