Прејди на содржината

Пиридоксин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пиридоксин
Систематско (IUPAC)
4,5-Бис(хидроксиметил)-2-метилпиридин-3-ол
Клинички податоци
AHFS/Drugs.com
Licence dataUS Daily Med:врска
Бременосна
категорија
  • AU: Изземен [2]
  • US: A (Без ризик во студии на луѓе) [2]
Начин на издавање
  • UK: без рецепт [1]
  • US: без рецепт / Rx-only
Начин на
примена
Преку уста, вена, мускул, поткожа
Назнака
CAS-број65-23-6
ATC кодA11HA02
DrugBankDB00165
ChemSpider1025
UNIIKV2JZ1BI6Z
KEGGD08454
ChEBICHEBI:16709
ChEMBLCHEMBL1364
Синонимивитамин B6, пиридоксол[3] пиридоксин хидрохлорид
Хемиски податоци
ФормулаC8H11NO3
Моларна маса169,18 g·mol−1
Физички податоци
Точка на топење159 to 162 °C (318 to 324 °F)

Пиридоксин ― облик на витамин Б6 кој најчесто се наоѓа во храната и се користи како додаток во исхраната.

Медицинска употреба

[уреди | уреди извор]

Како третман (устен или со инјекција), се користи за лекување или спречување на недостаток на пиридоксин, сидеробластна анемија, епилепсија зависна од пиридоксин, одредени метаболички нарушувања, несакани ефекти од третманот со изонијазид и одредени видови труење со печурки.[4] Изонијазид е антибиотик кој се користи за третман на туберкулоза. Вообичаени несакани ефекти вклучуваат вкочанетост во рацете и нозете.[5] Заедничкиот третман со витамин Б6 го ублажува вкочанетоста.[6] Епилепсијата зависна од пиридоксин е вид на ретка епилепсија кај доенчиња која не се подобрува со вообичаени лекови против напади.[7]

Пиридоксин во комбинација со доксиламин се користи како третман за утринска мачнина кај трудници.[8]

Несакани ефекти

[уреди | уреди извор]

Обично добро се поднесува, иако е можна токсичност од предозирање.[4] Повремено несакани ефекти вклучуваат главоболка, вкочанетост и поспаност.[4] Предозирањето со пиридоксин може да предизвика странична сензорна невропатија која се одликува со лоша координација, вкочанетост и намалено чувство на допир, температура и вибрации.[9] Нивоата на пиридоксин во здрава човечка крв се 2,1 - 21,7 ng/mL. Нормалните дози се безбедни за време на бременост и доење.[4]

Механизам

[уреди | уреди извор]

Пиридоксин е во семејството на витамини од групата Б.[4] Потребно е од телото да произведува аминокиселини, јаглехидрати и липиди.[4] Изворите во исхраната вклучуваат овошје, зеленчук и житарки.[10] Потребен е и за активност на мускулната фосфорилаза поврзана со метаболизмот на гликоген.

Историја

[уреди | уреди извор]

Пиридоксин бил откриен во 1934 година, изолиран во 1938 година и првпат направен во 1939 година.[11][12] Се наоѓа на Списокот на есенцијални лекови на Светската здравствена организација.[13] Пиридоксин е достапен и како генерички лек и како производ без рецепт.[4] Во некои земји во храната, како што се житарките за појадок, има додаден пиридоксин.[10]

  1. „Pyridoxine 50mg Tablets - Summary of Product Characteristics (SmPC)“. (emc). 27 април 2015. Посетено на 12 јануари 2023.
  2. 2,0 2,1 „Pyridoxine Use During Pregnancy“. Drugs.com. 27 април 2020. Посетено на 12 јануари 2023.
  3. Dryhurst, Glenn (2012). Electrochemistry of Biological Molecules (англиски). Elsevier. стр. 562. ISBN 9780323144520. Архивирано од изворникот 30 декември 2016.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 „Pyridoxine Hydrochloride“. The American Society of Health-System Pharmacists. Архивирано од изворникот на 30 декември 2016. Посетено на 12 јануари 2023.
  5. „Isoniazid“. The American Society of Health-System Pharmacists. Посетено на 12 октомври 2023.
  6. „Pyridoxine in clinical toxicology: a review“. Eur J Emerg Med. 12 (2): 78–85. April 2005. doi:10.1097/00063110-200504000-00007. PMID 15756083.
  7. Abend, NS; Loddenkemper, T (јули 2014). „Management of pediatric status epilepticus“. Current Treatment Options in Neurology. 16 (7): 301. doi:10.1007/s11940-014-0301-x. PMC 4110742. PMID 24909106.
  8. Anh, Nguyen Hoang; Kim, Sun Jo; Long, Nguyen Phuoc; Min, Jung Eun; Yoon, Young Cheol; Lee, Eun Goo; Kim, Mina; Kim, Tae Joon; Yang, Yoon Young (6 јануари 2020). „Ginger on Human Health: A Comprehensive Systematic Review of 109 Randomized Controlled Trials“. Nutrients. 12 (1): 157. doi:10.3390/nu12010157. ISSN 2072-6643. PMC 7019938. PMID 31935866.
  9. „Pyridoxine deficiency and toxicity | MedLink Neurology“. www.medlink.com. Посетено на 2020-12-14.
  10. 10,0 10,1 „Office of Dietary Supplements - Dietary Supplement Fact Sheet: Vitamin B6“. ods.od.nih.gov. 11 февруари 2016. Архивирано од изворникот на 12 декември 2016. Посетено на 12 јануари 2023.
  11. Squires, Victor R. (2011). The Role of Food, Agriculture, Forestry and Fisheries in Human Nutrition - Volume IV (англиски). EOLSS Publications. стр. 121. ISBN 9781848261952.
  12. Harris, Harry (2012). Advances in Human Genetics 6. Springer Science & Business Media. стр. 39. ISBN 9781461582649.
  13. World Health Organization (2019). World Health Organization model list of essential medicines: 21st list 2019. Geneva: World Health Organization. hdl:10665/325771. WHO/MVP/EMP/IAU/2019.06. License: CC BY-NC-SA 3.0 IGO.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]