Планински пласман на Тур де Франс
Детали за наградата | |
---|---|
Спорт | Друмски велосипедизам |
Натпреварување | Тур де Франс |
Доделена за | најдобар искачувач на планинските етапи |
Локално име | Maillot à pois rouges (француски) |
Историја | |
Прва награда | 1933 (маичка од 1975) |
Изданија | 80 (до 2019) |
Прв победник | Висенте Труеба (ШПА) |
Најмногу победи | Ришар Виранк (ФРА)
|
Најнов победник | Ромен Барде (ФРА) |
Планински пласман на Тур де Франс — еден од пласманите на велосипедската трка Тур де Франс, во кој велосипедистите добиваат бодови доколку се искачат први на некое искачување. Предводникот на пласманот е именуван како „крал на планините“, а од 1975 година ја носи точкестата маичка (француски: maillot à pois rouges), бела маичка со црвени точки.
Историја
[уреди | уреди извор]На првите трки на Тур де Франс немало планински премини, туку неколку помали искачувања. Првиот бил Кол де Ешармо (712 м), на воведната етапа од Париз до Лион, на која сега се наоѓа стариот пат од Отин до Лион. Етапата од Лион до Марсеј го вклучувала Кол де ла Републик (1.161 м), исто така познат како Кол ду Гран Боа. Првиот посериозен врв бил Балон д’Алзас (1.178 м) во Вогезите[1] — бил вклучен во трката во 1905 година. Меѓутоа, вистинските планини не биле вклучени до 1910 година, кога за првпат се одело во Пиринеите. Таа година, трката се возела или повеќе се одела, на Кол д’Обиск и потоа на соседниот Турмале. Обете искачувања биле калливи патеки, голем предизвик за тешките и безбрзински велосипедист возени од велосипедисти со гуми околу нивните рамења и нивната храна, облека и алати во торби околу нивните рачки. Помошникот на организаторот, Виктор Брајер, стоел на врвот на Обиск со колегата кој го предложил вклучувањето на Пиринеите, Алфонс Стенес.[2] Дегранж бил доволно самоуверен по Пиринеите да ги вклучи и Алпите во 1911 година.[3]
Највисокото искачување на трката било Симе де ла Бонет во 1962 година, достигнувајќи 2.802 метри.[4] Највисока планинска завршница на Тур била на Кол ду Галибие на Тур де Франс 2011.[5]
Од 1905 година, весникот-организатор l'Auto именувал еден велосипедист на Тур де Франс како meilleur grimpeur (најдобар искачувач).[6] Во 1933 година, Висенте Труеба бил победник на овој пласман. Меѓутоа, Труеба бил многу слаб спуштач, па така никогаш ништо не добивал од стигнувањето на врвот прв. Директорот на Тур де Франс, Анри Дегранж, одлучил дека велосипедистите треба да добиваат бонус ако стигнат на врвот први. Од 1934 па натаму, разликата меѓу првиот и вториот велосипедист кој ќе стигне на врвот била давана како временски бонус на првиот. Овие временски бонуси подоцна биле отстранети, но кованицата „крал на планините“ останала.[7] Иако најдобриот искачувач бил првпат признаен во 1933 година, маичката не била воведена до 1975 година. Боите биле одлучени од тогашниот спонзор, Chocolat Poulain, чии чоколади биле покриени со точкести пакувања.[8] Моментално, маичката е спонзорирана од маркетите Карфур, кои се спонзори на маичката од 1933 година, првично под брендот Шампион, но од 2009 година поддржани од главниот бренд Карфур. Боите на маичката на Тур биле прифатени и од други велосипедски етапни трки.
Моментална состојба
[уреди | уреди извор]На врвот на секое искачување на Тур, постојат бодови за возачите кои први ќе дојдат на врвот. Искачувањата се поделени во категории од 1 (најтешко) до 4 (најлесно) засновано на нивната тежина, мерена според нивната стрмнина и должина. Неколку од најтешките искачувања првично добиле различна бодовна скала и биле запишани како „некатегоризирани“ (Hors catégorie, термин кој подоцна бил прифатен како нешто извонредно); меѓутоа, од 1980-тите искачувањата од hors catégorie добивале своја бодовна скала и станале посилни, и покрај своето име, од категоријата 1, односно биле над неа. Во 2004 година, бодовниот систем бил изменет, па така првиот возач во четвртата категорија добила 3 бода, додека првиот за искачувањата од екстра категорија добивал 20 бода. Другите бодови на искачувањата од четврта категорија биле за првите тројца, додека за искачувањата од екстра категорија биле за првите десет. Од 2004, бодовите на последното искачување на етапата биле удвоени, но искачувањата требало да бидат најмалку од втора категорија.[9]
Распределба на бодови
[уреди | уреди извор]Бодовите кои се добиваат од последователните возачи достигнувајќи го планинскиот врв се распределуваат според следнава класификација:
4К | 3К | 2К | 1К | ЕК | |
---|---|---|---|---|---|
1. | 1 | 2 | 5 | 10 | 20 |
2. | 1 | 3 | 8 | 16 | |
3. | 2 | 6 | 12 | ||
4. | 1 | 4 | 8 | ||
5. | 2 | 4 | |||
6. | 1 | 2 |
4К | 3К | 2К | 1К | ЕК | |
---|---|---|---|---|---|
1. | 1 | 2 | 5 | 10 | 25 |
2. | 1 | 3 | 8 | 20 | |
3. | 2 | 6 | 16 | ||
4. | 1 | 4 | 14 | ||
5. | 2 | 12 | |||
6. | 1 | 10 | |||
7. | 8 | ||||
8. | 6 | ||||
9. | 4 | ||||
10. | 2 |
Бодовите на планинските завршници се удвојуваат, доколку искачувањето е од екстра категорија (ЕК), 1. или 2. категорија. Организацијата на трката одредува кои искачувања се вклучени во планинскиот пласман и која категорија се тие.
Доколку двајца возачи имаат подеднаков број на бодови, возачот со најмногу први места на искачувањата од екстра категорија, се прогласува за победник. Ако возачите пристигнале први, подеднаков број на пати, првите места на искачувањата од 1. категорија ќе се споредат. Доколку повторно имаат подеднаков број во оваа категорија, организаторот продолжува да ги споредува нивните резултати на искачувањата од 2., 3. и 4. категорија, додека не се пронајде победникот. Доколку бројот на први места во сите категории е подеднаков за обајцата, возачот со повисоко место во генералниот пласман ја добива планинската маичка.
До 2011 година, бодовите добиени на планинските искачувања биле распределуваат според следниов начин:
- Искачувања од екстра категорија: 20, 18, 16, 14, 12, 10, 8, 7, 6 и 5 бода соодветно од 1. до 10. велосипедист на искачувањето
- Искачувања од прва категорија: 15, 13, 11, 9, 8, 7, 6 и 5 бода соодветно од 1. до 8. велосипедист на искачувањето
- Искачувања од втора категорија: 10, 9, 8, 7, 6 и 5 бода соодветно од 1. до 6. велосипедист на искачувањето
- Искачувања од трета категорија: 4, 3, 2 и 1 бод соодветно од 1. до 4. велосипедист на искачувањето
- Искачувања од четврта категорија: 3, 2 и 1 бод соодветно од 1. до 3. велосипедист на искачувањето
Критика на системот
[уреди | уреди извор]Во поново време, системот добил одредени критики. Шестократниот победник Лисјен ван Импе изјавил дека планинската маичка е обезвреднета, бидејќи припаѓа на велосипедисти кои немаат надеж да победат во генералниот пласман, па така им е дозволено да победнат и да ги соберат бодовите на искачувањата при бегствата. Оваа тактика била започната од велосипедисти како што се Лорен Жалабер и Ришар Виранк, но според Ван Импе, тие навистина можеле да се искачуваат. Ван Импе предложил да се доделуваат временски бонуси, кои можеби ќе ја зголемат борбата.[11]
Победници на планинскиот пласман
[уреди | уреди извор]Велосипедисти именувани „најдобри искачувачи“
[уреди | уреди извор]Овој список ги прикажува велосипедисти кои биле одбрани како „најдобри искачувачи“ (meilleur grimpeur) од весникот l'Auto. Иако весникот бил организатор на Тур де Франс, титулата не била доделувана од нив, туку била неслужбена. Меѓутоа, таа е директен претходник на планинскиот пласман.[12][13]
Победници на планинскиот пласман
[уреди | уреди извор]Повеќекратни победници
[уреди | уреди извор]Место | Име | Држава | Победи | Години |
---|---|---|---|---|
1 | Ришар Виранк | Франција | 7 | 1994, 1995, 1996, 1997, 1999, 2003, 2004 |
2 | Федерико Баамонтес | Шпанија | 6 | 1954, 1958, 1959, 1962, 1963, 1964 |
Лисјен ван Импе | Белгија | 6 | 1971, 1972, 1975, 1977, 1981, 1983 | |
4 | Хулио Хименес | Шпанија | 3 | 1965, 1966, 1967 |
5 | Фелисјен Вервеке | Белгија | 2 | 1935, 1937 |
Џино Бартали | Италија | 2 | 1938, 1948 | |
Фаусто Копи | Италија | 2 | 1949, 1952 | |
Шарли Гол | Луксембург | 2 | 1955, 1956 | |
Имерио Масињан | Италија | 2 | 1960, 1961 | |
Еди Меркс | Белгија | 2 | 1969, 1970 | |
Луис Ерера | Колумбија | 2 | 1985, 1987 | |
Клаудио Кјапучи | Италија | 2 | 1991, 1992 | |
Лорен Жалабер | Франција | 2 | 2001, 2002 | |
Михаел Расмусен | Данска | 2 | 2005, 2006 | |
Рафал Мајка | Полска | 2 | 2014, 2016 |
Победници по земја
[уреди | уреди извор]Место | Држава | Најчести победници | Најнов победник | Победи |
---|---|---|---|---|
1 | Франција | Ришар Виранк (7) | Ромен Барде (2018) | 23 |
2 | Шпанија | Федерико Баамонтес (6) | Самуел Санчес (2011) | 18 |
3 | Италија | Џино Бартали, Фаусто Копи, Имерио Масињан и Клаудио Кјапучи | Клаудио Кјапучи (1992) | 12 |
4 | Белгија | Лисјен ван Импе (6) | Лисјен ван Импе (1983) | 11 |
5 | Колумбија | Луис Ерера (2) | Наиро Кинтана (2013) | 5 |
6 | Данска | Михаел Расмусен (2) | Михаел Рамусен (2006) | 2 |
Луксембург | Шарли Гол | Шарли Гол (1956) | 2 | |
Холандија | Стевен Рокс и Герт-Јан Тенисе | Герт-Јан Тенисе (1989) | 2 | |
Обединето Кралство | Роберт Милар и Крис Фрум | Крис Фрум (2015) | 2 | |
Полска | Рафал Мајка | Рафал Мајка (2016) | 2 | |
11 | Швајцарија | Тони Ромингер | Тони Ромингер (1993) | 1 |
Победа на генералниот и планинскиот пласман во истата година
[уреди | уреди извор]Некои велосипедисти успеал да ги освојат генералниот пласман и планинскиот пласман во истата година.
Во раните години на Тур, само највисоките планини носеле бодови. Велосипедистите кои целеле на победа на Тур генерално биле добри на тие планини, па возачите високо во генералниот пласман биле вообичаено високи и во планинскиот пласман, што го правело освојувањето на двата пласмани поверојатно. Подоцна, правилата на планинскиот пласман се промениле, давајќи повеќе бодови на планините на долната категорија. Велосипедистите кои целеле за победа на генералниот пласман не трошеле енергија за овие планини и така други велосипедисти можеле да дојдат до победа на планинскиот пласман.
Генералниот и планинскиот пласман биле освоени од ист возач девет пати, од шест различни велосипедисти:
- 1938: Џино Бартали
- 1939: Силвер Мес
- 1948: Џино Бартали
- 1949: Фаусто Копи
- 1952: Фаусто Копи
- 1959: Федерико Баамонтес
- 1969: Еди Меркс
- 1970: Еди Меркс
- 2015: Крис Фрум
Во 1969 година, Еди Меркс не ги освоил само генералниот и планинскиот пласман, туку исто така и бодовниот пласман.
- Забелешки
- ↑ Резултатите на Кол биле поништени, откако се покажал позитивен и го признал користењето на допинг, но пласманот не бил доделен на друг. Карлос Састре бил второпласиран.
- ↑ Резултатите на Пелицоти биле поништени, откако неговиот биолошки пасош покажал необични вредности, но пласманот не бил доделен на друг. Егои Мартинес бил второпласиран.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Woodland 2000, стр. 38.
- ↑ McGann & McGann 2006, стр. 29.
- ↑ Woodland 2000, стр. 43.
- ↑ Woodland 2007, стр. 273.
- ↑ Тур де Франс 2011. Letour.fr (10 јули 1911).
- ↑ Tour - WielerArchieven
- ↑ Tour Xtra: Polka Dot Jersey
- ↑ „Tour Xtra: Polka Dot Jersey“.
- ↑ „Одредби за трката“ (PDF). ASA/letour.fr. Посетено на 28 септември 2009.
- ↑ http://www.letour.fr/le-tour/2012/docs/reglement.pdf „Планински пласман“ Проверете ја вредноста
|url=
(help) (PDF). - ↑ Бен Аткинс (22 јули 2010). „Тур де Франс: Лисјен ван Импе го критикува планинскиот пласман“. Velonation. Посетено на 23 јули 2010.
- ↑ Tour - Pagina 3 - WielerArchieven
- ↑ Tour-Giro-Vuelta
|