Прејди на содржината

Покраини во Виетнам

Од Википедија — слободната енциклопедија
Карта на покраините во Виетнам

Виетнам се дели на 58 покраини (виетнамски: tỉnh) и 5 општини од ист степен како покраините (thành phố trực thuộc trung ương).

Покраините се делат на окрузи (huyện), покраински градови (thành phố trực thuộc tỉnh) и околиски градови (thị xã), кои пак се поделени на општински градови (thị trấn) или општини ().

Општините се поделени на рурални окрузи (huyện) и урбани окрузи (quận), поделени на реони (phường).

Со покраините раководи „народен совет“ кој го избираат жителите. Советот назначува „народен комитет“, кој претставува извршен огранок на покраинската управа. Ваквата поставеност е упростена варијанта на државната управа на земјата. Покраинските управи се потчинети на централната влада.

Список на покраини

[уреди | уреди извор]

Според последниот попис, Виетнам има 85.789.573 жители. Најнаселена единица е градот Хо Ши Мин, кој претставува еден од петте централно управувани града, и има 7.123.340 жители. На второ место по населеност е неодамна проширениот град Ханој, со 6.448.837 жители. Најслабо населена единица е североисточната планинска покраина Бак Кан, со само 294.660 жители.[1]

По површина, најголема е покраината Нге Ан, која се протега од градот Вињ до широката долина на Црвената Река. Најмала е Бак Нињ, сместена во густо населената делта на реката.

Податоците на следнава табела се водат според пописот од 1 април 2009 г.[2]

Покраина/град Админ. центар Површина
(км²)[2]
Население[2] Густина
(жит/км²)[2]
Урбано
нас. (%)[2]
ИЧР Регион
Ан Зјанг Лонг Сујен 3.536,8 2.142.709 605,8 28,4 0,596 Делта на Меконг
Ба Жја–Вунг Тау Вунг Тау 1.989,6 996.682 500,9 49,9 0,700 Југоисточен
Бак Зјанг Бак Зјанг 3.827,4 1.554.131 406,1 9,4 0,602 Североисточен
Бак Кан Бак Кан 4.868,4 293.826 60,4 16,1 0,602 Североисточен
Бак Лиеу Бак Лиеу 2.584,1 856.518 331,5 26,1 0,586 Делта на Меконг
Бак Нињ Бак Нињ 823,1 1.024.472 1.244,7 23,5 0,484 Делта на Црвената Река
Бен Че Бен Че 2.360,2 1.255.946 532,1 9,9 0,607 Делта на Меконг
Бињ Дињ Куи Њон 6.039,6 1.486.465 246,1 27,7 0,591 Јужно централно крајбрежје
Бињ Дуонг Ту Дау Мот 2.696,2 1.481.550 549,5 29,9 0,643 Југоисточен
Бињ Туан Фан Тиет 7.836,9 1.167.023 148,9 39,3 0,637 Јужно централно крајбрежје
Бињ Фуок Донг Соај 6.883,4 873.598 126,9 16,5 0,665 Југоисточен
Вињ Лонг Вињ Лонг 1.479,1 1.024.707 692,8 15,3 0,503 Делта на Меконг
Вињ Фук Вињ Јен 1.373,2 999.786 728,1 22,4 0,523 Делта на Црвената Река
Да Нанг ----- 1.257,3 887.435 705,8 86,9 0,689 Јужно централно крајбрежје
Дак Лак Бион Ма Туот 13.139,2 1.733.624 131,9 24,0 0,596 Централен планински крај
Дак Нонг Зја Нгија 6.516,9 489.382 75,1 14,7 0,563 Централен планински крај
Диен Биен Диен Биен Фу 9.562,5 490.306 51,3 15,0 0,545 Северозападен
Донг Нај Биен Хоа 5.903,9 2.486.154 421,1 33,2 0,489 Југоисточен
Донг Тап Као Лањ 3.376,4 1.666.467 493,9 17,8 0,483 Делта на Меконг
Зја Лај Плејку 15.536,9 1.274.412 82,0 28,6 0,697 Централен планински крај
Јен Бај Јен Бај 6.899,5 740.397 107,3 18,8 0,533 Североисточен
Ка Мау Ка Мау 5.331,7 1.206.938 226,4 20,4 0,494 Делта на Меконг
Кан То ----- 1.401,6 1.188.435 847,9 65,9 0,389 Делта на Меконг
Кањ Хоа Ња Чанг 5.217,6 1.157.604 221,9 39,9 0,555 Јужно централно крајбрежје
Као Банг Као Банг 6.724,6 507.183 75,4 16,9 0,527 Североисточен
Киен Зјанг Жат Зја 6.348,3 1.688.248 265,9 27,0 0,708 Делта на Меконг
Кон Тум Кон Тум 9.690,5 430.133 44,4 33,5 0,593 Централен планински крај
Куанг Бињ Донг Хој 8.065,3 844.893 104,8 15,0 0,553 Северно централно крајбрежје
Куанг Нам Там Ки 10.438,3 1.422.319 136,3 18,6 0,548 Јужно централно крајбрежје
Куанг Нгај Куанг Нгај 5.152,7 1.216.773 236,1 14,6 0,618 Јужно централно крајбрежје
Куанг Нињ Ха Лонг 6.099,0 1.144.988 187,7 51,9 0,668 Североисточен
Куанг Чи Донг Ха 4.760,1 598.324 125,7 27,4 0,529 Северно централно крајбрежје
Лам Донг Да Лат 9.776,1 1.187.574 121,5 37,8 0,545 Централен планински крај
Ланг Сон Ланг Сон 8.331,2 732.515 87,9 19,2 0,648 Североисточен
Лао Кај Лао Кај 6.383,9 614.595 96,3 21,0 0,665 Североисточен
Лај Ќау Лај Ќау 9.112,3 370.502 40,7 14,2 0,542 Северозападен
Лонг Ан Тан Ан 4.493,8 1.436.066 319,6 17,4 0,435 Делта на Меконг
Нам Дињ Нам Дињ 1.650,8 1.828.111 1.107,4 17,6 0,539 Делта на Црвената Река
Нге Ан Вињ 16.498,5 2.912.041 176,5 12,9 0,547 Северно централно крајбрежје
Нињ Бињ Нињ Бињ 1.392,4 898.999 645,6 17,9 0,601 Делта на Црвената Река
Нињ Туан Фан Жанг-Тап Чам 3.363,1 564.993 168,0 36,1 0,556 Јужно централно крајбрежје
Сон Ла Сон Ла 14.174,4 1.076.055 75,9 13,8 0,497 Северозападен
Тај Бињ Тај Бињ 1.546,5 1.781.842 1.152,1 9,7 0,585 Делта на Црвената Река
Тај Нгујен Тај Нгујен 3.546,6 1.123.116 316,7 25,6 0,656 Североисточен
Тај Нињ Тај Нињ 4.035,9 1.066.513 264,3 15,6 0,537 Југоисточен
Тањ Хоа Тањ Хоа 11.136,3 3.400.595 305,4 10,4 0,579 Северно централно крајбрежје
Тиен Зјанг Ми То 2.484,2 1.672.271 673,2 13,7 0,811 Делта на Меконг
Туа Тиен-Хуе Хуе 5.065,3 1.087.420 214,7 36,0 0,565 Северно централно крајбрежје
Тујен Куанг Тујен Куанг 5.870,4 724.821 123,5 13,0 0,664 Североисточен
Фу То Виет Чи 3.528,4 1.316.389 373,1 15,8 0,513 Североисточен
Фу Јен Туј Хоа 5.060,6 862.231 170,4 21,8 0,594 Јужно централно крајбрежје
Ха Зјанг Ха Зјанг 7.945,8 724.537 91,2 11,6 0,600 Североисточен
Ха Нам Фу Ли 859,7 784.045 912,0 9,5 0,499 Делта на Црвената Река
Ха Тињ Ха Тињ 6.026,5 1.227.038 203,6 14,9 0,543 Северно централно крајбрежје
Хај Дуонг Хај Дуонг 1.652,8 1.705.059 1.031,6 19,0 0,502 Делта на Црвената Река
Хајфонг ----- 1.520,7 1.837.173 1.208,1 46,1 0,595 Делта на Црвената Река
Ханој ----- 3.119,0 6.451.909 2.068,6 41,0 0,768 Делта на Црвената Река
Хау Зјанг Ви Тањ 1.601,1 757.300 473,0 19,6 0,666 Делта на Меконг
Хо Ши Мин ----- 2.095,1 7.162.864 3.418,9 83,3 0,798 Југоисточен
Хоа Бињ Хоа Бињ 4.684,2 785.217 167,6 15,0 0,595 Северозападен
Хунг Јен Хунг Јен 923,5 1.127.903 1.221,3 12,1 0,501 Делта на Црвената Река
Ча Вињ Ча Вињ 2.295,1 1.003.012 437,0 15,3 0,676 Делта на Меконг
Шок Чанг Шок Чанг 3.312,3 1.292.853 390,3 19,4 0,554 Делта на Меконг
Карта на регионите во Виетнам

Владата ги групира покраините во 8 региони, но истите се користат нередовно и класификацијата не е строга и постојат други алтернативни групирања. Регионите се следниве:

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2018-12-25. Посетено на 2013-03-04.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Општа статистичка служба на Виетнам (англиски)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]