Прејди на содржината

Поморавски Округ

Координати: 43°58′N 21°15′E / 43.967° СГШ; 21.250° ИГД / 43.967; 21.250
Од Википедија — слободната енциклопедија
Поморавски Округ
Поморавски управни округ
Pomoravski upravni okrug
Округ во Србија
Слики од Поморавскиот Округ
Местоположба на Поморавскиот Округ во Србија
Местоположба на Поморавскиот Округ во Србија
Држава Србија
Статистички регионШумадија и Западна Србија
Административно седиштеЈагодина
Управа
 • Градоначалник на округотГоран Милосављевиќ
Површина
 • Вкупно2,614 км2 (1,009 ми2)
Население (попис во 2011)
 • Вкупно214,536
 • Густина82,1/км2 (213/ми2)
ISO 3166RS-13
Општини5 и 1 град
Населби191
- Градови6
- Села185
Мреж. местоpomoravski.okrug.gov.rs
Поморавски Округ

Поморавски Округ — округ кој се наоѓа во централниот дел на Република Србија. Вклучува еден град и пет општини. Има вкупно 212.839 жители (Попис 2011 година). Седиште на округот е градот Јагодина.

Градот делумно ја зачувал архитектурата од 19 век. Остатоци од претходните периоди може да се видат во објекти како што е Хајдук-Вељковиот конак од 18 век. Посебна занимливост е Старата црква Архангел Михаил, задужбина на Милош Обреновиќ од 1818 година.

Манастирот Јошаница бил изграден кон крајот на 15 век. за време на владеењето на деспотот Ѓураѓ Бранковиќ и се смета за најубава градба од средниот век во областа.

Недалеку од Ќуприја се наоѓа манастирот со црквата Вознесение - Раваница, задужбина на кнезот Лазар, изграден помеѓу 1375 и 1377 година. По смртта на царот Лазар во Косовската битка, Раваница ги чувала неговите мошти до 1690 година за денес по три века селење со српскиот народ да бидат повторно вратени во оваа негова задужбина. Манастирот Ресава - Манасија се наоѓа во непосредна близина на Деспотовац. Ресава - задужбина на деспотот Стефан Лазаревиќ, била изградена помеѓу 1407 и 1418 година. Во текот на 15 век во манастирот работела познатата Ресавска школа, со повеќе работилници во кои се препишувале значајни текстови од светското наследство и се пишувале нови.

Во манастирот Ресава творел и Константин Филозоф, авторот на „Животот на деспотот Стефан“ и „О писменима“ (за буквите), со кои била извршена редакција средување на тогашниот правопис на српскиот јазик.

Административна поделба

[уреди | уреди извор]

Поморавскиот Округ опфаќа еден град и пет општини.

Име Грб Население (2011)
Град Јагодина 71.852
Општина Деспотовац 23.191
Општина Параќин 54.242
Општина Рековац 11.055
Општина Свилајнац 23.551
Општина Ќуприја 30.645

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]