Предлошка:Дали сте знаеле
Изглед
Во интерес на големината на содржината, за секоја новододадена занимливост од ДсЗ на врвот, отстранете една стара од дното и ставете го на врвот од архивата, благодариме.
Можете да додадете {{subst:ДСЗФ|Именастатијата}} на страницата за разговор на корисниците кои дале значителен придонес врз статијата од која е извлечена занимливоста. |
- ... дека според месното предание, Ѓаволскиот Ѕид настанал кога Ѓаволот неуспешно се обложил со Господ дека може да ја прегради Брегалница и за една ноќ да го потопи цело Овче Поле?
- ... дека Малдивите имаат просечна надморска висина од само 1,5 м?
- ...дека буковите шуми во долината на Длабока Река во Мавровско се прогласени за светско наследство на УНЕСКО?
- ... дека Антарктикот е најголемата пустина на светот?
- ... дека симболот за жива Hg доаѓа од старогрчкиот збор хидраргирос со значење „водено сребро“?
- ... дека, и покрај неговите огромни димензии, Сонцето се класификува како жолто џуџе?
- ... дека сите јагули од Македонија одат на „свадбен пат“ за да се мрестат во Саргасовото Море недалеку од Бермудскиот Триаголник?
- ... дека морепловната мерка за брзина јазол доаѓа од броењето јазли на јаже кое се фрлало во водата?
- ...дека Винчестер бил првиот главен град на Англија?
- ...дека Еарендел е најдалечната ѕвезда позната за науката, на растојание од 28 милијарди светлосни години од Земјата?
- ...дека Макаронезија е подрачје на четири архипелази меѓу Европа и Северна Африка?
- ...дека планетата Венера македонскиот народ ја нарекувал Обденица?
- ... дека селото Центар Жупа изворно се нарекувало Вапа — поим во директно сродство со санскритскиот збор vāpī, што значи „долго блато“?
- ...дека христијаните во Босна и Херцеговина се тетовирале како обележје на нивната вера, иако обичајот датира од илирско време.
- ...дека врвот Тумба на Беласица е тромеѓа помеѓу Вардарска, Егејска и Пиринска Македонија?
- ... дека тектонските плочи ги открил германскиот научник Алфред Вегенер во 1912 година?
- ... дека хемискиот елемент ниобиум (Nb) е наречен по нимфата Ниоба, ќерка на митскиот крал Тантал?
- ... дека градот Гелзенкирхен во Германија е привремено преименуван во „Свифткирхен“ во чест на концеритете на Тејлор Свифт во јули 2024 година?
- ... дека Гагаузите се православен народ генетски најблизок со Македонците, чиј туркиски идентиет е вештачки конструкт произлезен од јазична асимилација?
- ... дека Сонцето сочинува 99,8 % од масата на Сончевиот Систем?
- ... дека Белскиот даб во манастирот „Св. Илија“ на Осогово е прогласен за споменик на природата?
- ... дека во историјата постоеле преку 40 антипапи?
- ... дека споменикот „Валхала“ кај Регенсбург е здание во облик на антички храм кое ги чествува великаните од историјата на германските народи?
- ... дека Скопска Црна Гора е наречена „Скопска“ за да се различи од истоимената планина помеѓу Серско и Драмско во североисточна Беломорска Македонија?
- ... дека Полска-Литванија била една од најголемите држави во Европа и постела повеќе од два века?
- ... дека вредностите на водородниот показател (pH) за киселост или базност се логаритамски?
- ... дека областа Барања е поделена помеѓу Унгарија и Хрватска?
- ... дека стапчињата за јадење влегле во широка употреба дури за време на династијата Минг (XIV-XVII век), иако постоеле со илјадалетија?
- ... Џон Кабот (Џовани Кабото) е првиот европски откривач на Северна Америка, не сметајќи ги Викинзите?
- ... Тајане е македонски календарски обичај поврзан со празникот раѓањето на Јован Крстител?
- ... покрај аритметичката и геометриската средина, модусот, медијаната, и просекот се видови на средна вредност?