Радибушка Река
Радибушка Река Ранковачка Река | |
---|---|
Местоположба | |
Физички особености | |
Устие | кај Ранковце во Крива Река |
• надм. вис. | 1200 |
Особености на сливот | |
Течение | Крива Река → Пчиња → Вардар → Егејско Море |
Радибушка Река или Ранковачка Река — река која извира од планината Герман. Реката претставува десна притока на Крива Река, во која се влева кај селото Ранковце.
По својот тек реката поминува и низ селото Радибуш, по кое и официјално го добила своето име, иако сретнува и под името Ранковачка Река, наречена по селото Ранковце, во кое се влева во Крива Река.
Тек
[уреди | уреди извор]Реката извира во високите изворишни делови на планината Герман (на околу 1200 м н.в.), а потоа нагло се спушта кон подножјето на селото Радибуш на 600 метри.[1]. Главното течение на реката настанува од составот на помалите Кривокаменска и Станчанска Река кај Радибуш по што таа го добива името Радибушка или Ранковечка Река[2]. При големиот пад од изворишното подрачје до Радибуш, реката изградила брзаци, мали слапови и неколку водопади високи од 5 до 6 метри, сите со големи природни базени во подножјето.[1] Поради својот кањонест и пошумен простор и ваквите природни базени, реката има голем туристички потенцијал, кој не е искористен.[1]. Реката во својот тек поминува низ атарите на селата Радибуш и Ранковце, поради што ги носи имињата Радибушка или Ранковечка. Се влева во Крива Река од нејзината десна страна, веднаш под селото Ранковце.
Галерија
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 Милевски, Ивица; Маркоски, Благоја; Димитровска, Олгица (2012). „Физичко-географски атрактивности во североисточниот дел на Република Македонија“ (PDF). Скопје: Институт за географија, ПМФ. стр. 93. Архивирано од изворникот (PDF) на 2017-10-10. Посетено на 23 јануари 2016.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ Трифуноски, Јован (1976). Кривопаланачка област (српскохрватски). Загреб: ХАЗУ. стр. 297–298.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Радибушка Река на Ризницата ?