Разговор со корисник:Dandarmkd
Добре дојде!
Здраво, Dandarmkd, и добре дојде на Википедија! Благодарам за Вашите придонеси. Се надевам дека Ви се допадна проектов и дека одлучивте да останете. Еве неколку страници кои можеби ќе Ви се најдат како корисни:
Се надевам дека ќе уживате во уредувањето овде и во тоа што сте Википедијанец! Ве молам потпишувајте ги Вашите пораки на страниците за разговор со внесување на четири тилди (~~~~); ова автоматски ќе го внесе Вашето корисничко име и датумот. Ако Ви треба помош, видете ја страницата Википедија:Прашања, прашајте ме мене на мојата страница за разговор, или поставете го прашањето на оваа страница, а потоа ставете {{помош}}
пред прашањето. Уште еднаш, добре дојде! --Kiril Simeonovski (разговор) 21:04, 13 ноември 2011 (CET)
Наградени сте!
[уреди извор]Уредувачко признание | |
Повелете награда за неуморноста при уредување на статиите за македонскиот фудбал. И сами гледате дека не се многу чепнати, па затоа продолжете со добрата работа. Вик Ретлхед (разговор) 23:39, 9 јули 2013 (CEST) |
Наградени сте!
[уреди извор]Кошаркарска награда | |
Повели награда за твоите придонеси кон подобрување на статиите кои се однесуваат на македонската кошарка, екипи и лигата. Продолжи и понатаму. Доколку имаш некои проблеми или пак наидеш на проблеми, слободно прашувај :) Ehrlich91 (разговор) 22:06, 10 ноември 2013 (CET) |
Категории
[уреди извор]Здраво, можам само да ти дадам пофалби за досегашната работа за уредување на темите поврзани со македонскиот спорт на Википедија. Само продолжи и понатаму, многу добро ги уредуваш статиите. Имам само една забелешка, ништо големо. Вообичаено сите статии на Википедија имаат и категории, па така би те замолил да додаваш и ти вакви категории на самиот крај на статиите. Додавањето категории можеш да го направиш преку кликање на веќе подготвената алатка за категории, која се наоѓа под просторот за уредување, значи кликаш на категорија и после двете точки пишуваш одредена категорија. Бидејќи ти пишуваш најчесто за спортот, би требало да има Ракомет во Македонија, Фудбал во Македонија, Куп на Македонија и слично. Провери ги останатите статии и можеш да видиш за што ти говорам. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 21:54, 9 декември 2013 (CET)
Струмица
[уреди извор]Не ја избришав страницата, само направив пренасочување до постоечката, сепак некој може да го бара клубот под другото име. Инаку, кога сакаш некоја страница да се избрише или пак видиш вандализам можеш да го употребуваш овој шаблон {{бб}} со кој означуваш дека страница е за бришење.--Ehrlich91 (разговор) 18:58, 10 декември 2013 (CET)
- Исто така не мора да вметнуваш ти самиот категорија:Никулци за македонската кошарка, тоа автоматски можеш да го постигнеш преку готовиот шаблон {{македонија-кошарка-никулец}}, со кој директно долу ќе ја добиеш и категоријата.--Ehrlich91 (разговор) 19:49, 10 декември 2013 (CET)
- Поправено и извини за грешката :) --Ehrlich91 (разговор) 21:06, 11 декември 2013 (CET)
Европско
[уреди извор]Затоа што покрај останатите добри промени што си ги направил, кои сега јас ги направив, имаше и промени и во самиот воведен пасус, кој е веќе добро уреден и немаше потреба за такви промени. Ништо лично немаше во ова. --Ehrlich91 (разговор) 01:33, 18 јануари 2014 (CET)
Кошарски клуб
[уреди извор]Здраво, видов си создал нов шаблон за кошаркарски клуб. Нема никаква потреба, зашто веќе имаме таков шаблон {{Кошарски клуб}}. Можеш слободно него да го користиш, а ако сакаш да додадеш или одземеш нешто од него, можеш него да го уредуваш. Вака ова претставува уште еден шаблон за веќе постоечки. --Ehrlich91 (разговор) 14:47, 22 јануари 2014 (CET)
- Иако не ми се најголема специјалност, знам често да заглавам при нивното правење, сепак кажи што сакаш да направиш, па ќе се обидам да ти помогнам. Јас најмногу барам од другите јазични изданија и така ги правам инфокутиите. Пиши што планираш, па ќе видиме --Ehrlich91 (разговор) 13:17, 23 јануари 2014 (CET)
- Во шаблонот за кошаркарски клуб додадов тоа што го бараше и функционира, го испробав кај МЗТ, така што можеш да го примениш на сите клубови. Само малку ме мисли дали тоа лига да стои два пати, или пак да постои само еднаш кога се пишува на кое место завршил во лигата, бидејќи вака сега го има на две места. За кошаркарски турнир, да не ти се верува, не најдов на ниедно друго издание инфокутија, но може да прилагодиме од друг спорт, ќе ти ја направам утре, сепак треба да се посвети човек на тоа. Поздрав и слободно прашувај што ти треба :) --Ehrlich91 (разговор) 21:40, 23 јануари 2014 (CET)
- Го сменив тоа за лига, само сега ти создадов работа, треба во сите клубови да ги замениш „лига“ со „цело име“ и таму да го впишеш името на клубот, зашто вака сега ќе се појавува цело име во сите клубови. Инаку, за ова турниров пробував нешто денеска, ама неуспешно, ќе се потрудам да најдам и да склопиме инфокутија, иако и сега статиите се супер :) --Ehrlich91 (разговор) 15:34, 24 јануари 2014 (CET)
- Во шаблонот за кошаркарски клуб додадов тоа што го бараше и функционира, го испробав кај МЗТ, така што можеш да го примениш на сите клубови. Само малку ме мисли дали тоа лига да стои два пати, или пак да постои само еднаш кога се пишува на кое место завршил во лигата, бидејќи вака сега го има на две места. За кошаркарски турнир, да не ти се верува, не најдов на ниедно друго издание инфокутија, но може да прилагодиме од друг спорт, ќе ти ја направам утре, сепак треба да се посвети човек на тоа. Поздрав и слободно прашувај што ти треба :) --Ehrlich91 (разговор) 21:40, 23 јануари 2014 (CET)
- Не бев дома денеска цел ден, така што дури сега седнувам, па ќе видам што ќе направам. --Ehrlich91 (разговор) 17:59, 25 јануари 2014 (CET)
- Готово По многу труд и време потрошено, сепак успеав (еве го шаблонот {{Кошарски турнир}}) и ја уредив статијата за Купот во 2013, да ти послужи за иден пример. Сепак, имам мал пропуст нема линк кон следен и претходно издание, но деновиве ќе го средам и тоа :). --Ehrlich91 (разговор) 19:14, 25 јануари 2014 (CET)
Очигледно целата инфокутија треба да се преработи, зашто вака се појавуваат повеќе проблеми. Во меѓувреме додадов категорија „распаднат“ (не знам зашто не постоело досега), додека за другиот проблем привремено решение е или да ги отстраниш тие категории или пак да ги обележуваш со , со што нема да се покажуваат во инфокутијата. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 19:59, 25 јануари 2014 (CET)
Уредник
[уреди извор]Поради твоите корисни придонеси кон статиите поврзани со македонскиот спорт, ти доделив уреднички права, со што сега твоите уредувања ќе бидат автоматски проверени, без да има потреба некој друг да ги испатролира. Ти посакувам и понатаму успешна и пријатна работа на Википедија на македонски јазик :) --Ehrlich91 (разговор) 18:45, 24 јануари 2014 (CET)
Re: Вардар Неготино
[уреди извор]Здраво!, официјалното име на клубот е ФК Вардар Неготино (извор). Поздрав и успешно уредување! --Vasil1234 (разговор) 17:21, 6 март 2014 (CET)
Re: ПФЛ
[уреди извор]здраво Dandarmkd се извинувам на грешката која сега ја поправив. Поздрав--Тиверополник (разговор) 00:11, 2 мај 2014 (CEST)
Кошаркарски куп
[уреди извор]Здраво, го решив проблемот со инфокутијата за кошаркарски куп пред малку, па така сега конечно ќе можеш да ги додаваш минатите и следните сезони на купот без проблем. Веќе ги направив измените за овогодишниот куп, па ти продолжи си за следните :) --Ehrlich91 (разговор) 11:12, 9 август 2014 (CEST)
Фени индустри и другите кошаркарски клубови
[уреди извор]Здраво, фала за поправките. Инаку, јас не сум постојан уредувач на оваа страница, ниту на другите посветени на кошарката, туку само одвреме-навреме, ако дојдам до некоја официјална информација (од весник или слично) си земам за слобода да ги збогатам постоечките статии. Бидејќи немав претстава кој е тимот на Фени, слободно напиши го моментниот состав. Моето дополнување на статијата беше мотивирано од фактот дека долгов реме за Фени и за КК Куманово не било напишано ништо ново. Со други зборови, кај ваквите страници има едне голем проблем: некој направила страница за КК Куманово, КК Работнички, РК Вардар или слично (што е добро), а потоа никој не ги ажурира таквите страници (што е маана). Како последица на тоа, повеќето вакви страници имаат многу застарена содржина. Да резимирам, јас можам само одвреме-навреме да дополнувам некои информации за кошаркарските клубови. Гоелм поздрав. ГП (разговор) 10:33, 19 септември 2014 (CEST)
Уредувачки маратон
[уреди извор]Здраво, со задоволство Ве повикуваме на првиот уредувачки маратон организиран на тема „Земјите на Олимписките игри“ од страна на здружението „Споделено знаење“ составено од Википедијанци и насочено кон развивање на Википедија на македонски јазик. Маратонот ќе се одржи на 6 декември 2014 година (сабота) во интернет-кафулето „Хазард“ (види карта) со почеток од 13:00 часот, кој е предвидено да трае околу три часа. Повелете на дружба со останатите Википедијанци и заедничко уредување статии и збогатување на нашата Википедија. Поздрав--Ehrlich91 (разговор) 17:43, 30 ноември 2014 (CET)
Византија
[уреди извор]Здраво, видов дека си го прашал Кирил за тоа како се прави корисничката страница, така што бидејќи јас сум задолжен за одржување на целата страница, ти ја направив твојата, можеш да ја најдеш во делот евиденција и кога ќе кликнеш на „уреди“ од десната страна ќе ти се отвори директно страницата, каде што ќе можеш да си ги додадаш статиите кои ќе бидат дел од натпреварот. Имаш упатство на самата страница како да ги додаваш страниците кои ќе ги уредиш за натпреварот на твојата страница што јас ја создадов. Доколку ти се појават проблеми, слободно контактирај ме. Поздрав и убав викенд :) --Ehrlich91 (разговор) 14:06, 18 јули 2015 (CEST)
- Здраво. Гледам дека Тони веќе одговорил и го средил списокот со придонеси. Јас се извинувам што не можев навремено да ти пишам. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 19:36, 18 јули 2015 (CEST)
- Уште трае пребројувањето и оценување на самите статии, токму денес се информирав за истото и јас, но биле во завршна фаза, сепак се работеше за голем број на статии. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 19:22, 6 септември 2015 (CEST)
Употреба на броеви
[уреди извор]Здраво, во скорешни промени го заприметив твојот разговор со корисникот Kwiki и морав да ти укажам дека човекот има право, затоа што броеви напред не се користат на ниедна Википедија освен на англиската кои следат американски правила. Тоа воопшто не одговара и нема никаква потреба ни смисла броевите да стојат пред самиот наслов. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 09:25, 8 август 2015 (CEST)
- Не говорам јас за твојата практичност при пребарувањето, а бидејќи ова е Википедија на македонски јазик, кој секој може да ја уредува и никој нема право да држи одредени статии, не може правило кое никој не го употребува и кое не постои во Правописот на македонскиот јазик, по кој ние се водиме тука, нема ни потреба да имаме дури и такви пренасочувања, па камоли и самите статии да започнуваат на таков начин. Реков и ќе повторам, таква пракса имаат само Американците во цел свет и толку. Верувај ми дека знам на што велиш дека е полесно за наоѓање (имам уредено и напишано бројни велосипедски трки), но сепак едноставното пребарување во соодветниот шаблон го решава проблемот. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 14:16, 8 август 2015 (CEST)
- Ма, реков јас дека потполно те разбирам во поглед на функционалноста, но сепак, не е до толку тешко, да напишеш неколку букви плус за да дојдеш до насловот. Едноставно кажано, не смее кај нас и нема да дозволам за тоа (ако сакаш отвори тема на Селска чешма за ова), да има статии кои почнуваат со броеви, особено за теми од Македонија. Дури и за пренасочувања да има со таква поставеност до досегашните статии, не треба да има. Искрено, одвај се решивме од пренасочувањата, па сега не сакам повторно да се натрупува самата Википедија со десетици пренасочувања и тоа само за насловите, за да биде пофункционално, едноставно не ми е прифатливо, но сепак, отвори тема на Селска чешма, ако сметаш дека јас не сум во право. Поздрав, Тони --Ehrlich91 (разговор) 20:18, 10 август 2015 (CEST)
Бројки не можат да стојат напред. Во една енциклопедија тоа е недозволиво. Тоа е јазикот, правописот и стилот и нема отстапки. Секаде, дури и не само за енциклопедии. За ова не се дискутира и никој нема да го поддржи таквиот начин. --Б. Јанкулоски (разговор) 21:20, 21 август 2015 (CEST)
Статии
[уреди извор]Здраво јас таа ја имав преведувано но ти си направил само вовед. Јас за разлика од тебе не ги правам со воведи за да ги обележам како мои, туку одеднаш ги објавувам. Не сум знаел дека така ги обележуваш како твои се извинувам. Сега знам нема да се повтори. Поздрав!--Инокентиј (разговор) 01:41, 13 август 2015 (CEST)
Куп
[уреди извор]Извињавам се, нисам знао. Мислио сам да бројеви иду на крају. Све најбоље. -- KWiki (разговор) 19:15, 14 август 2015 (CEST)
Чума Анене
[уреди извор]Здраво Dandarmkd, во врска со оваа статија сакам да ти кажам дека е во ред тоа што ја обновуваш (играчот потпишал за нов клуб и тоа треба да се напише), но не во ред да ги бришеш шаблоните за кој потрошив часови за да ги направам. Следниот пат те молам имај повеќе почит спрема мојата и работата на другите корисници, а ако не знаеш како да ги користиш прашај ме ќе те научам многу е лесно. Извини, но морав ова да ти го кажам. Поздрав Carshalton (разговор) 19:35, 13 септември 2015 (CEST)
Ако си ја отворил страната ќе видеше дека не сум вратил по старо и дека се што си дополнил е таму. Јас само ги вратив шаблоните.Carshalton (разговор) 21:52, 13 септември 2015 (CEST)
Награда
[уреди извор]Здраво Дандар, ти пишувам во врска со освоеното трето место на уредувачкиот натпревар. Имено, како што си беше и наведено, за учеството во натпреварот следуваа награди, па така, наградата беше 100 евра вредносен ваучер, кој можеш да го искористиш во продавницата ПиксПлус со која имавме соработка и минатиот пат. Ние ќе ги испратиме вашите податоци до нив, а подоцна со идентификација вие си се договорате во продавницата што сакате да си подигнете како награда. Исто така, можеш и да си доплатиш за нешто, доколку сакаш нешто во поголема вредност. Продавницата се наоѓа во трговскиот центар Беверли Хилс од задната страна, веднаш со кафе-барот „9“ (еве ти врска: https://www.google.com/maps/place/Pix%2B,+Piks+Plus+Trade/@41.993366,21.416049,15z/data=!4m2!3m1!1s0x0:0xae9f149cefa60e80?sa=X&ved=0CHQQ_BIwCmoVChMItOTOlqODyAIVyjkaCh1_UQaG). Доколку имаш некои прашања, слободно контактирај ме. Поздрав, Тони --Ehrlich91 (разговор) 16:13, 19 септември 2015 (CEST)
- Го имам оставено мојот мејл тука на Википедија, но еве ти повторно, toni91ehrlich@gmail.com, така што пиши ми таму и ќе ти објаснам се, што треба. Поздрав и честито на наградата :) --Ehrlich91 (разговор) 20:27, 19 септември 2015 (CEST)
Наградени сте!
[уреди извор]Награда за неуморност | |
Бидејќи веќе еднаш ти имам дадено „кошаркарска“ награда, мислам дека оваа сега ќе ти биде посоодветна. Секоја чест за статиите со кошарката, особено со првенството, буквално се ти е опишано, особено ми се допадна идејата за поделба на статијата со помошни статии. Само продолжувај така :) Поздрав Ehrlich91 (разговор) 22:34, 17 март 2016 (CET) |
СИЕ Пролет 2016
[уреди извор]Здраво, веќе неколку недели трае меѓународниот натпревар „СИЕ Пролет 2016“, во кој земјите од Средна и Источна Европа пишуваат едни за други. Доколку сакаш да се вклучиш во овој интересен натпревар, впиши го твоето корисничко име во списокот и можеш да одбереш една од многуте статии во издвоените списоци по земја. Натпреварот трае до 31 мај, а за првите тројца ќе бидат обезбедени материјали/книги/енциклопедии. Доколку имате некои прашања, контактирајте го корисникот Ehrlich91. --MediaWiki message delivery (разговор) 18:05, 25 април 2016 (CEST)
Плејоф
[уреди извор]Јас сум моментално на конференција во Италија, така што не можам кој знае колку да ти помогнам, но еве види од оваа страница нешто: 2016 NBA Playoffs. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 13:54, 24 јуни 2016 (CEST)
Уредувачки натпревар „Населени места во Егејска Македонија“
[уреди извор]Во тек е спроведувањето на уредувачкиот натпревар посветен на населените места во Егејска Македонија, за кои постојат илјадници започнати, но целосно несредени статии на Википедија на македонски јазик. Помогни и приклучи се во спроведувањето на овој уредувачки натпревар со средување на овие илјадници статии, со што значително би се подобрил квалитетот на самата Википедија. За натпреварот се обезбедени награди. Прочитајте ја самата проектна страница, а за сите прашања стојам на располагање, како и за испраќање на самиот потребен материјал. Поздрав, Ehrlich91 --MediaWiki message delivery (разговор) 19:06, 10 март 2017 (CET)
Уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2017“
[уреди извор]Во тек е спроведувањето на меѓународниот уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2017“, кој учествуваат мноштво земји од Средна и Источна Европа, за чии земји недостигаат бројни статии на Википедија на македонски јазик. Помогни и приклучи се во спроведувањето на овој уредувачки натпревар со пишување на дел од предложените статии од самите организатори, со што значително би се подобрил квалитетот на самата Википедија. За натпреварот се обезбедени награди. Прочитајте ја самата проектна страница, а за сите прашања стојам на располагање. Поздрав, Ehrlich91
Помогнете да се зголеми квалитетот на нашата Википедија
[уреди извор]Здраво, од 25 септември (утре) започнува нов уредувачки натпревар насочен кон зголемување на општиот квалитет на нашата Википедија преку подобрување и средување на сите можни статии кои се обележани со посебни шаблони за средување. Помогнете да го зголемиме квалитетот на нашата Википедија. За најдобрите тројца уредници, како и за најдобрата статија подобрена во текот на натпреварот, обезбедени се награди. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. --MediaWiki message delivery (разговор) 15:52, 24 септември 2017 (CEST)
Уредувачки натпревар за вулкани
[уреди извор]Здраво, во текот на целиот декември се одржува уредувачки натпревар насочен кон пишување статии за вулкани од сите земји во светот, со што би се зголемил опфатот на нашата Википедија на оваа тема. За најдобрите тројца уредници, како и за најдобрата статија и за оној кој ќе напише најмногу статии за вулкани од различни земји, обезбедени се награди. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. --MediaWiki message delivery (разговор) 18:11, 4 декември 2017 (CET)
1000 статии што секоја Википедија мора да ги има
[уреди извор]Здраво, во текот на од 5 февруари до 4 март ќе се уредувачки натпревар со цел создавање и подобрување на статии на тема „1000 статии што секоја Википедија мора да ги има“. Според овој критериум, македонската Википедија се наоѓа на 37. место и целта на натпреварот е да го подигнеме квалитетот на нашата Википедија, создавајќи и подобрувајќи статии кои се оценети како неопходни од целокупната заедница. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија. --MediaWiki message delivery (разговор) 22:54, 31 јануари 2018 (CET)
Почеток на регионалниот натпревар СИЕ Пролет 2018
[уреди извор]Здраво, во текот од 21 март до 31 мај ќе се одржува регионалниот уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2018“, во кој учествуваат заедници од цела Средна и Источна Европа, со цел создавање и подобрување на статии од сите тие заедници по однапред предложени списоци. Се разбира, дозволено е и пишување статии надвор од предложените списоци на заедниците. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија. --MediaWiki message delivery (разговор) 22:14, 19 март 2018 (CET)
Земете учество во натпреварот за средување на статии на нашата Википедија
[уреди извор]Здраво, еден месец со почеток од 1 септември ќе трае уредувачкиот натпревар „Временски периоди“, чија цел е да се средат илјадниците постоечки статии поврзани со години, векови, години во области и слично. За натпреварот се обезбедени и награди. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија. --MediaWiki message delivery (разговор) 21:00, 2 септември 2018 (CEST)
Записи на странски јазик
[уреди извор]Здраво видов дека менувајќи ги англиските записи сум го сменил функционирањето на шаблонот, доколку се пројават и други такви, известете ме, ќе го поправам да функционира со кирилично писмо, ова на превид не сум го видел дека не функционира. И во иднина Ве молам да го користите кириличното писмо за именување на државите, според македонскиот правопис. Поздрав--Инокентиј (разговор) 17:32, 20 јануари 2019 (CET)
Регионален натпревар СИЕ Пролет 2019
[уреди извор]Здраво, во периодот од 21 март до 20 април ќе се одржува регионалниот уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2019“, во кој учествуваат заедници од цела Средна и Источна Европа, со цел создавање и подобрување на статии од сите тие заедници по однапред предложени списоци. Се разбира, дозволено е и пишување статии надвор од предложените списоци на заедниците. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија.
Бројач на уредувања
[уреди извор]Здраво, еве врска до бројачот на уредувања https://xtools.wmflabs.org/ec. Поздрав --Инокентиј (разговор) 16:31, 14 мај 2019 (CEST)
Да ги средиме статиите за државите во светот
[уреди извор]Здраво, те повикувам да се приклучиш на натпреварот „Држави во светот“ и да ги подобриме статиите за државите во светот во периодот од 1 до 31 јули, со кој сакаме да ги подобриме статиите за државите во светот на нашата Википедија. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија. --MediaWiki message delivery (разговор) 16:44, 29 јуни 2019 (CEST)
Мејл
[уреди извор]Ми треба нешто да те прашам, па побарај ме на мејл: toni91ehrlich@gmail.com, кога ќе можеш :) --Ehrlich91 (разговор) 13:37, 19 јули 2019 (CEST)
Нов уредувачки натпревар
[уреди извор]Здраво, те повикувам да се приклучиш на натпреварот „Автомобили“ и да создадеме повеќе статии за автомобилските модели во периодот од 20 септември до 19 октомври, со кој сакаме да создадеме нови содржини за оваа тема на нашата Википедија. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија.--MediaWiki message delivery (разговор) 22:35, 17 септември 2019 (CEST)
Ракомет
[уреди извор]Здраво, како што во Македонија е особено популарен ракометот, а темата на Википедија е доста слабо покриено, дојдовме до идеја да организираме уредувачки натпревар на тема „Ракомет“, со цел да ги подобриме постоечките статии, но и да создадеме нови. Натпреварот ќе се одржува цел декември. Има обезбедено награди за учество во натпреварот. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земи учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија.--MediaWiki message delivery (разговор) 12:23, 30 ноември 2019 (CET)
Hi Dandarmkd, thank you a lot for translating this article in your language! I have just added some more info into the English article, feel free to add some more content in Macedonian!. Best, Gikü (разговор) 00:48, 28 март 2020 (CET)
Thank you my friend. I have just got interested in Moldovan Wikipedia articles. Salutes. Dandarmkd (разговор) 00:54, 28 март 2020 (CET)
Швајцарец
[уреди извор]Dandarmkd, една минута пред 00.00 ја објави статијата од уредувачкиот ден
Инокентиј, 300 на саат бев. :D Dandarmkd (разговор) 00:40, 13 мај 2020 (CEST)
Елиф Елмас
[уреди извор]Здраво. Каде наоѓаш информацијата дека е Елмас со потекло од Јеловјане? Lackope (разговор) 19:10, 25 октомври 2020 (CET)
Здраво Lackope. Во статијата за селото Јеловјане, кај графата Иселеништво, некој напишал дека Елмас од тоа село води потекло.Dandarmkd (разговор) 11:20, 26 октомври 2020 (CET)
бришење на статија
[уреди извор]Здраво, избришете ја статијава Елементи од периода 1. Поздрав. --77.28.229.4 (разговор) 00:01, 24 ноември 2020 (CET)
- Една од следните две статии треба да се избрише(Восприемање и Перцепции), бидејќи мислам дека се однесуваат на ист поим, но едната е сепак поврзана со соодветната статија на англиската Википедија, и кон неа води пренасочувањето Перцепција, погледнете и одлучете. Поздрав--77.28.229.4 (разговор) 00:30, 24 ноември 2020 (CET)
- Здраво Бојан. Ако можеш разгледај ги овие две слични статии.Dandarmkd (разговор) 11:36, 24 ноември 2020 (CET)
- @77.28.229.4: @Dandarmkd: Фала, Дандар. Ги споив некако на брза рака, иако статијата треба да се средува за да заличи. --Б. Јанкулоски (разговор) 11:55, 24 ноември 2020 (CET)
- Здраво Бојан. Ако можеш разгледај ги овие две слични статии.Dandarmkd (разговор) 11:36, 24 ноември 2020 (CET)
бришење
[уреди извор]Здраво, избришете ја статијава Днк (музичко дуо) бидејќи е копија на DNK. Јас ја копирав содржината од новата во старата статија за да ја проширам. Поздрав --77.28.238.226 (разговор) 18:31, 1 декември 2020 (CET)
грешка во предлошка
[уреди извор]Здраво, во статијава Славој Жижек, во инфокутијата под името го има знакот ', пробав да го отстранам но не најдов начин. Те молам погледни. Поздрав --77.29.29.80 (разговор) 16:32, 5 декември 2020 (CET)
Земи учество во СИЕ Пролет 2021
[уреди извор]Здраво, во периодот од 1 до 30 април ќе се одржува регионалниот уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2021“, во кој учествуваат заедници од цела Средна и Источна Европа, со цел создавање и подобрување на статии од сите тие заедници по однапред предложени списоци. Се разбира, дозволено е и пишување статии надвор од предложените списоци на заедниците. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија.MediaWiki message delivery (разговор) 21:03, 3 април 2021 (CEST)
здраво, помогни ми на проектот
[уреди извор]здраво, јас сум МК01, те поканувам да ми помогнеш на мојот проект Нециклопедија, еве го https://mk.neciklopedija.org 212.35.189.168 (разговор) 11:43, 15 декември 2022 (CET)
- Фала, ќе прескокнам. Dandarmkd (разговор) 11:56, 15 декември 2022 (CET)
поставување на фотографии и репродукции на графики
[уреди извор]Здраво Dandarmkd, Се работи за познат уметник графичар Иво Мршник, има статија на македонски и словенечки. Уметникот има добиено специјална награда за графичко творештво во Македонија ( Битола). Многу би сакал и важно би било неговите дела и портрет да бидат објавени во македонската редакција а и во словенечката. Неговото семејство и таој самиот се заинтересирани за ова уредување. Прво по инструкциите на википедија во статиите постираа фотографија од авторот. По некој ден им ја избришаа. Јас не сум во состојба со мојот мобилен да направам фотографии бидејќи тие се во Словенија. Дали е можно тие да се јават во редакцијата на википедија и да гарантираат дека не подлежат репродукциите на авторски права? Или која би била можната процедура? Проучував, но искрено, целата постапка ми е многу комплицирана и тешко моам да ја разберам според напатствијата објавени на википедија. Дали моеш да ми помогнеш и да им помогниме и ним како да објават неколку фотографии и репродукции од неговите дела во статија за истиот автор, односно, доклоку е можно ова, барем да ми ги објасниш насоките, етапите, чекорите кои треба да се превземат. Поради бришењето, јас одамна се откажав од постирање на фотографии, што значително ги осиромашува статиите кои сакам да ги објавувам. Ти благодарам и извини што ти одземам од драгоценото време. Поздрав Chnitke
- Здраво Владо,
Најдобро ќе биде изворните податотеки да бидат закачени од лицата што ги поседуваат. Закачувањето треба да е на Ризницата (врска каде се закачуваат слики) бидејќи треба податотеките да бидат користени на повеќе јазични Википедии. Секако, за таа цел на закачување, треба да создадат кориснички профил.
Поздрав, Dandarmkd (разговор) 15:13, 25 јануари 2023 (CET)
- Ти благодарам Dandarmkd, ќе им пренесам а се надевам дека истиот принцип ќе можам во одредени ситуации да го применувам и јас. Поздрав и секое добро... Chnitke (разговор) 19:40, 25 јануари 2023 (CET)
Хемиски соединенија натпревар
[уреди извор]Здраво, претходно ви пишав и на маил околку подигањето на наградите, но недобив никакво известување, кога може да се подигнат наградите од натпреварот? Emgp31012207 (разговор) 12:13, 19 јуни 2023 (CEST)
- Почитувана Emgp31012207. Ваучерот од Нептун ќе биде изготвен за неколку дена. Ве замолувам да ми оставите ваш контакт број на nikolamilosevski.wiki@gmail.com за да ве побарам кога ќе бидат изготвени ваучерите.
- Срдечен поздрав,
- Никола Милошевски Dandarmkd (разговор) 21:31, 19 јуни 2023 (CEST)
- Се извинувам што вака доцна пишувам, но на натпреварот пред 5 месеци, имаше како дополнително изненадување, периоден систем на елементите за одредени учесници, меѓу кои и јас, но не добив никакво известување за тоа како да го подигнам и дали воопшто имаше опција за подигање на таа дополнителна награда. Па ме интересира со кого би можел да искомуницирам околу тоа? Дали таа награда е некаде веќе 5 месеци и треба да се подигне? Emgp31012207 (разговор) 21:22, 28 ноември 2023 (CET)
- Почитувана Emgp31012207,
- Да, го чуваме вашиот периоден систем на елементи. Пишете ми на nikolamilosevski.wiki@gmail.com, за тоа кога би дошле да си го земете од Сивус.
- Поздрав, Dandarmkd (разговор) 21:30, 28 ноември 2023 (CET)
- Се извинувам што вака доцна пишувам, но на натпреварот пред 5 месеци, имаше како дополнително изненадување, периоден систем на елементите за одредени учесници, меѓу кои и јас, но не добив никакво известување за тоа како да го подигнам и дали воопшто имаше опција за подигање на таа дополнителна награда. Па ме интересира со кого би можел да искомуницирам околу тоа? Дали таа награда е некаде веќе 5 месеци и треба да се подигне? Emgp31012207 (разговор) 21:22, 28 ноември 2023 (CET)
Invitation to Rejoin the Healthcare Translation Task Force
[уреди извор]You have been a medical translators within Wikipedia. We have recently relaunched our efforts and invite you to join the new process. Let me know if you have questions. Best Doc James (talk · contribs · email) 12:34, 6 August 2023 (UTC)
Општини во Македонија
[уреди извор]Забележувам дека ја отстрануваш категорија Општини во Македонија низ статиите за општините и ја оставаш само матичната категорија, но во таа категорија исто така ја нема категоријата Општини во Македонија туку само кога истите се појавени. Тоа е погрешно, бидејќи на тој начин читателите не можат од едно место да пристапат (една категорија) да дојдат до сите општини во Македонија. Воедно, нема никаква поента да ги нема воопшто категориите и на самата статија. Која е поентата на ова? --Ehrlich91 (разговор) 21:59, 29 октомври 2024 (CET)