Рамала
Рамала رام الله | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Град | |||||||
Од горе во насока на стрелите на часовникот: Панорама на Рамала и главната џамија, гробот на Арафат, црквата „Богородично благовестие“, римски руини, плоштадот Ал-Манара | |||||||
Држава | Држава Палестина | ||||||
Површина | |||||||
• Град | 16,3 км2 (63 ми2) | ||||||
Население (2017)[1] | |||||||
• Град | 38,998 | ||||||
• Густина | 0,24/км2 (0,62/ми2) | ||||||
• Метро | 153,237 | ||||||
Мреж. место | www.ramallah.ps |
Рамала (арап. رام الله; Rām Allāh, превод: „Божји рид“ [2][3]) е палестински град во средишниот дел од Западен Брег и де факто е административен главен град на Државата Палестина. Се наоѓа на Јудејските Планини, 10 км северно од Ерусалим, на просечна надморска височина од 872 м.[4]
Историја
[уреди | уреди извор]Рамала има градби кои содржат ѕидарски елементи од периодот на Ирод Велики, но ниту една целосно зачувана градба не е изградена во периодот пред крстоносните војни (11 век).[4] Денешниот град е основан во текот на 16 век од Хададините, арапски христијански клан кој потекнува од Гасанидите. Во 1517 година, градот бил освоен од Отоманската Империја, а откако за време на Првата светска војна бил заземен од Обединетото Кралство, според одлуките од Версајскиот договор во 1920 година станал дел од Британскиот мандат Палестина.[4] По Арапско-израелската војна од 1948 година целиот Западен Брег, вклучувајќи го и градор Рамала бил окупиран и припоен кон Трансјордан. Рамала, во Шестдневната војна од 1967 година била освоена од Израел. Според Договорот од Осло од 1995 година, со Рамала денес управува ПНА како дел од Областа А на Западниот Брег.
Економија и култура
[уреди | уреди извор]Рамала е седиште на палестинската управа и служи како седиште за повеќе меѓународни невладини организации и амбасади. Стотици милиони долари помош што тече во градот во голема мера ја поттикна економијата на Рамала од крајот на Втората интифада.[5]
Во последниве години, Рамала се истакна како главен политички, културен и економски центар.[6][7] Во градот се сместени многу палестински владини тела, меѓу кои и Мукатаа, официјална резиденција на претседателот на Палестинската национална управа, Палестинскиот законодавен совет и седиштето на Палестинските безбедносни служби. Таму исто така има неколку музеи и културни центри и има развиен ноќен живот.
Демографија
[уреди | уреди извор]Иако низ историјата Рамала бил град со претежно христијанско население, во градот кој според пописот од 2017 година брои 38.998 жители,муслиманите се значително мнозинство.[8] Христијанското население во градот, кое се движи околу 25%.[9][10]
Збратимени градови
[уреди | уреди извор]Рамала е збратимен со:[11][12]
- Бордо, Франција
- Хенслоу, Англија, Обединетото Кралство
- Јоханесбург, Јужна Африка
- Лиеж, Белгија
- Мускатин, Соединети Американски Држави
- Оксфорд, Англија, Обединетото Кралство
- Сур, Турција
- Трондхајм, Норвешка
Поврзано
[уреди | уреди извор]
|
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Main Indicators by Type of Locality - Population, Housing and Establishments Census 2017“ (PDF). Palestinian Central Bureau of Statistics (PCBS). Архивирано (PDF) од изворникот January 28, 2021. Посетено на 2021-01-19.
- ↑ „Ramallah.ps“. Ramallah.ps. Архивирано од изворникот на November 5, 2011. Посетено на November 13, 2011.
- ↑ Palmer 1881
- ↑ 4,0 4,1 4,2 „Ramallah | town, West Bank | Britannica“. www.britannica.com (англиски). Посетено на 2022-06-10.
- ↑ „West Bank and Gaza Economy: Before and After the Crisis – Brookings Institution“. Brookings.edu. January 14, 2009. Архивирано од изворникот на June 3, 2010. Посетено на November 13, 2011.
- ↑ „'Palestine's new bride'“. The Jerusalem Post | JPost.com (англиски). Посетено на 2022-06-10.
- ↑ Michael T. Luongo, "Ramallah Attracts a Cosmopolitan Crowd" Архивирано на {{{2}}}., June 3, 2010, The New York Times.
- ↑ التعداد العام للسكان 2017 - الجهاز المركزي للإحصاء الفلسطيني Архивирано на {{{2}}}.
- ↑ Hall, Andy.
- ↑ Keulemans, Chris.
- ↑ „International Relations of Ramallah Municipality“. arcgis.com. ArcGIS. Посетено на 2020-05-28.
- ↑ „International Links – Ramallah“. oxford.gov.uk. Oxford City Council. Посетено на 2020-05-28.
|