Прејди на содржината

Ритмичка стапка

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ритмичката стапка е целина од нагласен и ненагласен слог. Ритмичката стапка како поим ја откриле античките теоретичари на литературата, се разбира, проучувајќи го античкиот стих. Во античкиот стих рамномерно се повторувале долги и кратки слогови кои на стихот му давале ритмичко обележје. Со текот на времето се развила цела една наука под името версификација, која ги проучува сите елемнти на стихот. Главно, постојат два вида на версификација: квантитативна и квалитативна. Квантитативната е наречена и метричка версификација и е својствена за античкиот стих. Својствен белег на античкиот стих се слоговите, кои се делеле на кратки и долги, во зависност од тоа колку траел нивниот изговор. Два кратки слога сочинувале еден долг. Долгиот слог се обележува со -, а краткиот со U(полукруг). Бидејќи постоеле повеќе ритмички стапки. Стапките можеле да бидат составени од: два, три или четири слога. Секоја стапка имала свое име: јамб (U-), трохеј (-U), спондеј(--), пирих (UU), дактил (-UU), амфибрих (U-U), анапест (UU-), бахус (--U), антибахус (U--) и други. Како изгледал и како се слушал не можеме да си претставиме бидејќи старогрчкиот е одамна мртов јазик.