Прејди на содржината

Роза Силверио

Од Википедија — слободната енциклопедија
Роза Силверио
Роден(а)Роза Силверио
30 август 1978
Сантјаго де лос Кабаљерос, Доминиканска Република
НационалностДоминиканско
ЗанимањеПисателка

Роза Силверио, цело име Роза де Хесус Силверио Филпо (родена во Сантјаго де лос Кабаљерос, Доминиканска Република на 30 август 1978 година), е доминиканска поетеса и раскажувач.[1][2]

Биографија

[уреди | уреди извор]

Силверио е родена на 30 август 1978 година и моментално живее во Мадрид, Шпанија. Таа е поетеса, новинарка, писателка и културна активистка. Расказите и песните на Силверио се објавени во списанија, литературни додатоци и антологии од различни земји. Нејзините литературни дела се преведени на јазици како англиски, француски, италијански, португалски и каталонски.

Силверио има објавено десеттина дела меѓу кои (наведени во оригинал):

  • 2005 – Desnuda, poesía. Editora Cole. Santo Domingo, R.D.
  • 2002 – De vuelta a casa, poesía. Editora Centenario. Santo Domingo, R.D.
  • 2007 – Rosa íntima, poesía. Editorial Santuario.
  • 2010 – Selección poética, poesía.
  • 2012 – Arma letal. La destrucción de las palabras.Ganador Premio Nacional de Poesía 2011 de la República Dominicana
  • 2012 – A los delincuentes hay que matarlos. Prisa Ediciones.
  • 2014 – Matar al Padre, poesía. Huerga y Fierro Editores
  • 2016 – Mujer de lámpara encendida, poesíaa. Huerga y Fierro Editores.

Меѓу наградите кои ги добила Силверио се: во 2011 година награда Саломе Урења во Санто Доминго, во 2005 година награда на XXI меѓународна поетска манифестација во Италија, и други.

  1. „Diálogo con Rosa Silverio 'Escribo sin miedo, sin pudor'.
  2. Listin Diario. „Listín Diario, el periódico de los dominicanos. Noticias Santo Domingo. – Publicidad“. listindiario.com. Архивирано од изворникот на 2023-03-06. Посетено на 13 November 2015.