Сафије султан
Сафије султан صفیه سلطان Валиде султан | |
---|---|
Роден | Софија Белучи Вафо околу 1550 Крф |
Починал | 10 ноември 1605 Топкапи-сарај |
Погребалиште | Света Софија |
Народност | Италијанка |
Познат(а) по | Валиде султан |
Вероисповед | Римокатолицизам, подоцна Ислам |
Сопружник/ци | Мурат III |
Деца | Мехмет III и Ајше султан (1570 - 1605) |
Родители | Џорџо Бафо |
Сафије султан (отомански: 1550 - 10 ноември 1605), била сопруга на османлискиот султан Мурат III, Валиде султан и де факто ко-регент на нејзиниот син Мехмед III.
Таа имала венецијанско мпотекло и е родена како Софија Белучи Бафо, ќерка на венецијанскиот управител на Крф и роднина на Џорџо Бафо. Се смета дека имала роднинска врска со Нурбану Султан.
Сафије била заробена од страна на гусарите и одведена во султанскиот харем некаде околу 1562 година по кое го примила исламот и ѝ било дадено името Сафије. Во 1566 година го родил идниот султан Мехмед III како жена на Мурат III.
Таа одиграла важна политичка улога за време на владеењето на следните два султани. Во 1595 година нејзиниот син станал новиот султан на империјата по кое таа станала де факто ко-регент. Таа била една од највлијателните Валиде султан во историјата, позиција на која била помеѓу 1595 и 1603 и позиција на која дошла по смртта на Нурбану Султан. Таа водела про-венецијанска политика, кореспондирала со Елизабета I со која често си разменувале подароци како скапоценети накити и друѓи луксузни предмети кои довеле до поголемо зацврствување на односите меѓу двете земји. Таа во едно писмо на Елизабета и напишала дека постојано го подучувала на својот син да го почитува договорот меѓу двете земји.
Сафије Султан продолжила да учествува во архитектонски проекти за добротворни цели и за подобрување на империјата. Таа била првата хасеки во тоа време која изградила водовод по должината на патит на аџиите кон Мека. Сафије султан е позната и по тоа што во нејзино време започнала изградбата на Јени џамија во 1597 година. Изградбата траела повеќе од еден век и била завршена од страна на Турхан Хатиџе султан, мајка на Мехмед IV.