Село
Изглед
(Пренасочено од Села)
- Ова е статија за тип на населено место. За средината (рурала), видете: Село (средина)
Селата се помали населби кои се разликуваат од градовите по нивната физиономија, функција, демографска структура на населението и нивното значење. Селото може да биде споено или надворешно и има население (денес 100 и повеќе жители). Околното подрачје што му припаѓа на самото село се нарекува атар.[1]
Селски населби во Македонија
[уреди | уреди извор]Селските населби во Македонија се такви населени места во кои најголем дел од населението се занимава со земјоделство. Во Македонија има вкупно 1.645 села.
Според настанувањето и развојот, селата се формирани пред градовите. Во еволуцијата на нашите села, главно, се одделуваат четири фази:
- Претцрковна фаза, кога не постоеле села во вистинската смисла на зборот, туку тоа биле одделни куќи, расфрлани по имотите ;
- Црковна фаза, кога започнува групирањето на куќите во села, при што центар биле црквите ;
- Феудална фаза, кога селата се граделе на крупните поседи на феудалците, како на пример чифлигарските села ;
- Катастарска фаза, кога селата ја добиле денешната физиономија, со свое име, атар и територија на протегање, односно катастар со кој биле одредени сите одлики на селото.
Во Македонија, селата можат да се поделат на мали, средни и големи.
- Мали села се оние во кои живеат од 1 до 300 жители. Во Македонија има вкупно 961 вакво село, односно 58,4% од сите села.
- Средни села се оние во кои живеат од 301 до 800 жители. Во Македонија има 337, т.е. 20,5% од сите села.
- Големи села се оние кои имаат повеќе од 801 жител. Во Македонија има 347 вакви села (21,1% од сите).
Според микроположбата, во Македонија има рамничарски, ридски и планински села.
Селото како тема во уметноста и во популарната култура
[уреди | уреди извор]Селото како тема во книжевноста
[уреди | уреди извор]Селото како тема во народната книжевност
[уреди | уреди извор]- „Си поминав низ село“ - македонска народна песна.[2]
- „Селаните сакале да ги продадат коњите па ги продале жените“ – полска народна приказна.[3]
- „За еден селанец кој имал злобна жена“ – полска народна приказна.[4]
- „Селанецот и оџата“ - македонска народна приказна.[5]
- „Селанецот што го надитрил аптекарот“ - македонска народна приказна.[6]
- „Селанецот, волкот и јагнето“ - македонска народна приказна.[7]
Селото како тема во книжевноста
[уреди | уреди извор]- „Село“ - песна на рускиот поет Генадиј Ајги од 1986 година.[8]
- „Последните селани“ — роман на македонскиот писател Петре М. Андреевски.[9]
- „Селска хроника“ - песна на Никола Јонков Вапцаров.[10]
- „Селото Степанчиково“ (руски: Село Степанчиково и его обитатели) - роман на рускиот писател Фјодор Достоевски од 1859 година.[11]
- „По селото“ - песна на рускиот поет Михаил Исаковски.[12]
- „Село зад седумте јасени“ - роман на македонскиот писател Славко Јаневски од 1952 година.
- „Селани“ — песна на македонскиот поет Јован Котески.[13]
- „Селска сиромаштија“ — песна на Јован Котески.[14]
- „Мртво село“ — песна на Јован Котески.[15]
- „На село“ — песна на македонскиот поет Васил Куноски.[16]
- „Сабота в село“ (италијански: Il sabato del villaggio) - песна на италијанскиот поет Џакомо Леопарди од 1829 година.[17]
- „Село“ (Pueblo) - песна на шпанскиот поет Федерико Гарсија Лорка.[18]
- „Приказни од моето село“ — книга на македонскиот писател Ванчо Николески.[19]
- „Гостин од село“ - расказ на македонската писателка Оливера Николова.[20]
- „Село“ — песна на рускиот поет Александар Пушкин.[21]
- „Селска мака“ - песна на македонскиот поет Кочо Рацин.[22]
- „Жителите на едно село“ — краток расказ на македонскиот писател Сотир Ристо.[23]
- „Кучешкото село“ — расказ на италијанскиот писател Џани Родари.[24]
Селото како тема во музиката
[уреди | уреди извор]- „Село“ (англиски: The Village) — песна на британската поп-рок група „Њу Ордер“ (New Order) од 1983 година.[25]
- „Селски живот“ (англиски: Country Life) — албум на британската рок-група „Рокси Мјузик“ (Roxy Music)“ од 1974 година.[26]
- „Во наше село“ — песна на македонската етно група „Synthesis“.[27]
- „Селанец во големи гомна“ (англиски: Peasant In The Big Shitty) — песна на британската рок-група „Стренглерс“ (The Stranglers) од 1977 година.[28]
- „Селска песна“ (англиски: Country Song) — песна на британската поп-рок група „Хепи мандис“ (Happy Mondays) од 1988 година.[29]
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Селото Кипел во Вале, Швајцарија
-
Зафрлено село во Бенин
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „атар“ - Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ Блаже Тренески, Стојна ситноода. Скопје: Студентски збор, 1981, стр. 21.
- ↑ Пољске бајке. Београд: Народна књига, 1974, стр. 136-140.
- ↑ Пољске бајке. Београд: Народна књига, 1974, стр. 146-148.
- ↑ Македонски хумористични народни приказни. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 8.
- ↑ Македонски хумористични народни приказни. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 67-68.
- ↑ Македонски хумористични народни приказни. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 24-26.
- ↑ Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига III: Средина XX века – поч. XXI века (неомодернизам, неоавангарда, постмодернизам и нова трагања). Београд: Paidea, 2007, стр. 57-58.
- ↑ Петре М. Андреевски, Последните селани (второ издание), ЗУМПРЕС, Скопје, 1999
- ↑ Никола Ј. Вапцаров, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 132-133.
- ↑ Joseph Frank, Dostoevsky. The Years of Ordeal 1850-1859, London, 1983, p. 264.
- ↑ Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига II: Прва четвртина – средина XX века (авангарда и социјалистички реализам). Београд: Paidea, 2007, стр. 201.
- ↑ Јован Котевски, Пеплосија. Мисла, Скопје, 1966, стр. 60-65.
- ↑ Јован Котевски, Пеплосија. Мисла, Скопје, 1966, стр. 33.
- ↑ Јован Котевски, Пеплосија. Мисла, Скопје, 1966, стр. 49.
- ↑ Васил Куноски, Песни. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 68-69.
- ↑ Đ. Leopardi, Pesme i proza. Beograd: Rad, 1964, стр. 36-37.
- ↑ Федерико Гарсија Лорка, Неверна жена. Скопје: Македонска книга, Култура, Мисла, Наша книга, 1982, стр. 23.
- ↑ Јунак над јунаци, Култура, Скопје, 1967.
- ↑ Оливера Николова, Приказни за Зоки Поки, Скопје: Култура, Наша книга, Мисла, Македонска книга, Детска радост, 1980, стр. 10-11.
- ↑ A. S. Puškin, Lirika. Rad, Beograd, 1979, стр. 57-58.
- ↑ Кочо Рацин, Бели мугри. Скопје: Кочо Рацин, 1963, стр. 5.
- ↑ Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 218.
- ↑ Џани Родари, Приказни по телефон. Култура, Македонска книга, Мисла, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1993.
- ↑ YouTube, New Order - Power, Corruption & Lies (пристапено на 16.12.2017)
- ↑ YouTube, Roxy Music - Country Life (1974) FULL ALBUM Vinyl Rip (пристапено на 27.12.2017)
- ↑ ТЕА Модерна колеција, „Кон традицијата“.
- ↑ DISCOGS, The Stranglers – No More Heroes (пристапено на 4.5.2021)
- ↑ Discogs, Happy Mondays – Bummed (пристапено на 9.3.2021)
|