Серија А 2013-2014
Серија А 2013-2014 | |
---|---|
Прваци | Јувентус 30. титула |
Испаднале | |
Лига на шампиони | |
Лига Европа | 3. клуба |
Одиграни натпрвари | 380 |
Најдобар стелец | Чиро Имобиле (22 гола) |
Најголема победа дома | 5-0 Рома - Болоња (29 септември 2013) Сампдорија - Верона (23 март 2014) |
Најголема победа во гости | 0-7 Сасуоло - Интер (22 септември 2013) |
Натпревар со најмногу голови | 3-5; 5-3 Верона - Фјорентина (13 април 2014) Удинезе - Ливорно (4 мај 2014) |
Најголема серија на победи | 12 натпревари Јувентус |
Најголема серија без пораз | 22 натпревари Јувентус |
Најголема серија без победа | 9 натпревари Кјево Ливорно |
Најголема серија на порази | 7 натпревари Сасуоло |
Просечна посетеност | 23,481[1] |
← 2012–13 2014–15 → |
Серија А 2013-2014 била 112-тата сезона на првата фудбалска лига на Италија, односно 82-ра сезона позната под името Серија А. Сезоната започнала на 24 август 2013 со два натпревари во првиот ден и завршила на 18 мај 2014. Како што било случај во претходната сезона, првите две кола (25 август и 1 септември) биле играни само во вечерните часови односно од 18:00 и 20:45 часот. Од 3-тото до 37-то коло, освен во средината на седмицата и саботата пред Велигден, седум натпревари се играле во недела од 15:00 часот, а последниот вечерта во 20:45, додека по два натпревари биле закажани за сабота (во 18:00 и 20:45 часот).
Екипата на Јувентус влегла како бранител на титулата од претходната сезона. Сасуоло, Верона и Ливорно биле новите три членови откако избориле промоција во Серија Б 2012-2013.
На 4 мај 2014, Јувентус ја одбранил титулата на две кола пред крајот после поразот на Рома, нивниот најголем конкурент во оваа сезона, на гостувањето кај Катанија со 4-1. Ова било 30-тото скудето за Јувентус во нивната клупска историја, 3 едноподруго почнувајќи од сезоната 2011-2012. Тие, исто така, во оваа сезона поставиле рекорд по бројот на освоени бодови во едно Серија А првенство, завршувајќи ја сезоната со 102 освоени бода. Рома на крајот морала да се задоволи со второто место со дури 17 бодови помалку од шампионот, но и директен пласман во групната фаза од Лигата на шампионите 2014-2015 за следната сезона. Третопласирниот Наполи изборил пласман во квалификациите за Лигата на шампионите.
Четвртопласираната Фјорентина, петтопласираниот Интер, како и седмопласираниот Торино избориле учество во Лигата на Европа 2014-2015.
Трите клуба кој испаднале од лигата во сезоната биле Катанија, Болоња и Ливорно.
Најдобар стрелец во лигата во оваа сезона бил Чиро Имобиле од Торино со 22 постигнати гола.
Општо
[уреди | уреди извор]Вкупно 20 тимови се натпреваруваа во лигата: 17 од сезоната 2012-13 и три промовирани од Серија Б 2012-2013. Палермо, Пескара и Сиена испаднаа од Серија А претходната сезона. Тие биле заменети со шампионот на Серија Б Сасуоло, вицешампионот Хелас Верона, и победникот на плеј-офот Ливорно. Хелас Верона се вратиле во Серија А по 11-годишно отсуство, Ливорно по 4 сезони, а оваа сезона е деби во Серија А за Сасуоло.
За првпат во историјата на натпреварувањето, имало пет градски дербија - меѓу екипи кој доаѓаат од ист град: Милано (Интер и Милан), Торино (Јувентус и Торино), Рим (Лацио и Рома), Џенова (Сампдорија и Џенова) и Верона (Кјево и Верона).
Калчомеркато
[уреди | уреди извор]Летна сесија
[уреди | уреди извор]Бранителот на титулата Јувентус се засилил со доведување на напаѓачите Карлос Тевес од Манчестер Сити и Љоренте од Атлетик Билбао, а исто така на клубот му се приклучил и одбранбениот играч Анџело Огбона од градскиот соперник Торино; од друга страна клубот го напуштил Емануеле Џакерини кој заминал во Сандерленд. Наполи го напуштиле Морган Де Санктис кој отишол во Рома и најдобриот стрелец во претходното првенство Единсон Кавани во Париз Сен Жермен, а клубот ги купил голманот Реина (од Ливерпул), централниот одбранбен играч Албиол од Реал Мадрид, крилата Мертенс (од ПСВ Ајндховен) и Каљехон, како и напаѓачот Гонсало Игуаин (последните двајца, исто така, доаѓаат од Реал Мадрид). Фјорентина заминувањето на Стеван Јоветиќ (во Манчестер Сити), го покрила со купување на напаѓачот Марио Гомес (од Бајерн Минхен), а потоа довеле двајца играчи од средниот ред со истечен договор: Хоакин (од Малага) и Масимо Амброзини (од Милан).
Милан се засилил со Матијас Силвестре (од Интер) и Жерсон Вергара (од Университарио Попајан), во средниот ред нови пополнувања биле младите Андреја Поли (од Сампдорија) и Сапонара (од Емполи); откако успешно ја одработиле квалификациската рунда во Лигата на шампионите и се пласирале во групната фаза, клубот исто така, го продал Боатенг (на Шалке) и довел други двајца поранешни росонери, Алесандро Матри (од Јувентус) и Кака (од Реал Мадрид). На другата страна на Милано, Интер ги ангажирал Уго Кампањаро (како слободен играч од Наполи) и Валас (позајмен од Челзи), играчот од средниот ред Сафир Таидер (од Болоња) и напаѓачите Ишак Белфодил (од Парма) и Мауро Икарди (од Сампдорија).
Во главниот град, екипата на Рома била водечки клуб на пазарот бидејќи успеале да соберат доволно капитал со продажбата на Маркињос (Париз Сен Жермен), Освалдо (Саутхемптон) и Ламела (Тотенхем), а ги купиле гореспоменатиот Де Санктис од Наполи за голманската позиција, Меди Бенатија (од Удинезе) и Мајкон (слободен играч од Манчестер Сити) за одбраната, Кевин Стротман (од ПСВ) во средниот ред, и Жервињо (од Арсенал) и Љајиќ (од Фјорентина) за нападот. Лацио го виделе доаѓањето во клубот на одбранбениот играч Диего Новарети (од Толука), играчите од средниот ред Фелипе Андерсон (од Сантос) и Биља (од Андерлехт), како и напаѓачот Брајан Переа (од Депортиво Кали).
Парма како дел од договорот на Белфодил, го довела напаѓачот Антонио Касано. Новопромовираната Верона ги обезбедила потписите, меѓу другите, на Хуан Итурбе (од Порто), Ромуло и Лука Тони (двајцата од Фјорентина). Болоња го купила поранешниот капитен на Торино, Роландо Бјанки; спротивно на тоа, граната (како дел од договорот на Огбона) добиле половина од договорот на Чиро Имобиле (кој претходната сезона играл на заем во Џенова). На Џенова добро им дошло враќањето во клубот на Алберто Џилардино (по сезона на позајмица во Болоња), заедно со засилувањата во одбраната; Алесандро Гамберини (на заем од Наполи) и играчот од средниот ред Франческо Лоди (од Катанија). Сампдорија во нападот го ангажирала Габијадини од Јувентус.
Зимска сесија
[уреди | уреди извор]Настани
[уреди | уреди извор]Титулата ја одбрани екипата на Јувентус, освојувајќи го своето 30-то скудето во историјата на клубот и трето по ред од кога клубот го предводи Антонио Конте.[2] Освен самата титула, бјанконерите срушиле и други рекорди како најмногу остварени победи во едно првенство (33), потоа 19 победи на домашен терен во исто толку натпревари и ја завршиле сезоната со освоени 102 бода, кршејќи го претходниот рекорд за најмногу освоени бодови на Интер (97) во сезоната 2006-07.[3] Како втора заврши екипата на Рома, која одлично го почна првенството со 10 победи во првите 10 натпревари, што исто така претставува рекорд. Така, Јувентус и Рома ќе ја претставуваат Италија во наредната сезона во Лигата на шампионите, додека третопласираниот Наполи ќе може да им се приклучи доколку ја помине плеј-оф рундата. Во Европа уште ќе играат екипите на Фјорентина, Интер и Торино. Екипата на Милан, иако го смени тренерот Алегри со играчката легенда Кларенс Сидорф, заврши на осмото место и нема да игра во ниту еден од европските турнири во следната сезона по цели 16 години. Од лигата испаднале екипите на Катанија, Болоња и Ливорно и тие ќе се натпреваруваат во Серија Б следната сезона.
Најдобар стрелец во првенството бил Чиро Имобиле од екипата на Торино. Со тоа тој ги обединил капоканониере насловите во двете најквалитетни лиги во Италија, откако во сезоната 2011-12 со екипата на Пескара бил најдобар стрелец во Серија Б. За одбележување се уште четирите гола на младиот напаѓач на Сасуоло, Доменико Берарди против Милан во победата со 4-3, со што станал втор најмлад играч кој постигнал 4 гола на еден натпревар во Серија А, по легендарниот Силвио Пиола.
Екипи
[уреди | уреди извор]Екипи по региони
[уреди | уреди извор]Регион | Број на тимови | Тимови |
---|---|---|
Емилија-Ромања | 3 | Болоња, Парма и Сасуоло |
Ломбардија | 3 | Аталанта, Интер и Милан |
Венето | 2 | Верона и Кјево |
Лацио | 2 | Лацио и Рома |
Лигурија | 2 | Сампдорија и Џенова |
Пиемонт | 2 | Јувентус и Торино |
Тоскана | 2 | Ливорно и Фјорентина |
Кампанија | 1 | Наполи |
Сардинија | 1 | Каљари |
Сицилија | 1 | Катанија |
Фурланија-Јулиска Краина | 1 | Удинезе |
Локации и стадиони
[уреди | уреди извор]Личности и спонзори
[уреди | уреди извор]Тим | Претседател | Тренер | Капитен | Опрема | Спонзор |
---|---|---|---|---|---|
Аталанта | Антонио Перкаси | Стефано Колантуоно | Џанпаоло Белини | Ереа | AXA, Коника Минолта |
Болоња | Албано Гваралди | Давиде Балардини | Диего Перес | Макрон | NGM Mobile, Serenissima Ceramica |
Каљари | Масимо Селино | Иво Пулга | Даниеле Конти | Капа | Сардења, Тиренија |
Катанија | Антонио Пулвиренти | Маурицио Пелегрино | Мариано Иско | Гивова | Arancia Rossa di Sicilia, TTT Lines |
Кјево | Лука Кампедели | Еугенио Корини | Серџо Пелисие | Гивова | Banca Popolare di Verona, Палуани |
Фјорентина | Марио Коњињи | Винченцо Монтела | Мануел Пасквал | Хома | Мазда |
Џенова | Енрико Прециози | Џан Пјеро Гасперини | Даниеле Портанова | Лото | iZiPlay |
Интер | Ерик Тохир | Валтер Маѕари | Хавиер Занети | Најк | Пирели |
Јувентус | Андреја Ањели | Антонио Конте | Џанлујџи Буфон | Најк | Jeep |
Лацио | Клаудио Лотито | Едоардо Реја | Стефано Маури | Макрон | — |
Ливорно | Алдо Спинели | Давиде Никола | Андреја Лучи | Легеа | Банка Кариџе |
Милан | Силвио Берлускони | Кларенс Сидорф | Рикардо Монтоливо | Адидас | Emirates |
Наполи | Аурлио Де Лаурентис | Рафаел Бенитез | Марек Хамшик | Макрон | Лете, MSC Cruises |
Парма | Томазо Џирарди | Роберто Донадони | Алесандро Лукарели | Ереа | Фолето, Навигаре |
Рома | Џејмс Палота | Руди Гарсија | Франческо Тоти | Стор Бренд | Roma Cares |
Сампдорија | Едоардо Гароне | Синиша Михајловиќ | Даниеле Гасталдело | Капа | Гаменет |
Сасуоло | Карло Роси | Еузебио Ди Франческо | Франческо Мањанели | Спортика | Мапеи |
Торино | Урбано Каиро | Џампјеро Вентура | Камил Глик | Капа | Aruba.it, Салуми Берета |
Удинезе | Франко Солдати | Франческо Гвидолин | Антонио Ди Натале | ХС Фудбал | Дачија |
Верона | Маурицио Сети | Андреја Мандорлини | Доменико Мајета | Најк | leaderform |
Завршна табела
[уреди | уреди извор]Поз. | Екипа | Бод | ОН | П | Н | И | ДГ | ПГ | ГР | |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1. | Јувентус | 102 | 38 | 33 | 3 | 2 | 80 | 23 | +57 | |
2. | Рома | 85 | 38 | 26 | 7 | 5 | 72 | 25 | +47 | |
3. | Наполи | 78 | 38 | 23 | 9 | 6 | 77 | 39 | +38 | |
4. | Фјорентина | 65 | 38 | 19 | 8 | 11 | 65 | 44 | +21 | |
5. | Интер | 60 | 38 | 15 | 15 | 8 | 62 | 39 | +23 | |
[4] | 6. | Парма | 58 | 38 | 15 | 13 | 10 | 58 | 46 | +12 |
[4] | 7. | Торино | 57 | 38 | 15 | 12 | 11 | 58 | 48 | +10 |
8. | Милан | 57 | 38 | 16 | 9 | 13 | 57 | 49 | +8 | |
9. | Лацио | 56 | 38 | 15 | 11 | 12 | 54 | 54 | 0 | |
10. | Верона | 54 | 38 | 16 | 6 | 16 | 62 | 68 | −6 | |
11. | Аталанта | 50 | 38 | 15 | 5 | 18 | 43 | 51 | −8 | |
12. | Сампдорија | 45 | 38 | 12 | 9 | 17 | 48 | 62 | −14 | |
13. | Удинезе | 44 | 38 | 12 | 8 | 18 | 46 | 57 | −11 | |
14. | Џенова | 44 | 38 | 11 | 11 | 16 | 41 | 50 | −9 | |
15. | Каљари | 39 | 38 | 9 | 12 | 17 | 34 | 53 | −19 | |
16. | Кјево | 36 | 38 | 10 | 6 | 22 | 34 | 54 | −20 | |
17. | Сасуоло | 34 | 38 | 9 | 7 | 22 | 43 | 72 | −29 | |
18. | Катанија | 32 | 38 | 8 | 8 | 22 | 34 | 66 | −32 | |
19. | Болоња | 29 | 38 | 5 | 14 | 19 | 28 | 58 | −30 | |
20. | Ливорно | 25 | 38 | 6 | 7 | 25 | 39 | 77 | −38 |
Легенда:
|
Нотес:
|
Шампионскиот тим
[уреди | уреди извор]Први 11 | |
---|---|
1 | Џанлујџи Буфон (33 настапи) |
15 | Андреја Барцаљи (26) |
19 | Леонардо Бонучи (29) |
3 | Џорџо Кјелини (31) |
26 | Стефан Лихтштајнер (27) |
23 | Артуро Видал (32) |
21 | Андреја Пирло (30) |
6 | Пол Погба (36) |
22 | Квадво Асамоа (34) |
14 | Фернандо Љоренте (34) |
10 | Карлос Тевез (34) |
- Тренер: Антонио Конте
Резерви: Клаудио Маркизио (29), Симоне Падоин (21), Маурисио Исла (18), Мартин Касерес (17), Себастијан Џовинко (17), Фабио Кваљарела (17), Анџело Огбона (16), Мирко Вучиниќ (12), Пабло Освалдо (11), Федерико Пелузо (9), Марко Сторари (6), Симоне Пепе (2), Рубињо (1).
Пласман
[уреди | уреди извор]- Јувентус Шампион на Италија 2013-2014.
- Јувентус и Рома се квалификувале за групната фаза на Лигата на шампионите 2014-2015. Наполи се квалификувал за плеј-оф рундата.
- Фјорентина се квалификувала за групната фаза на УЕФА Лига Европа 2014-2015. Интер се квалификувале за плеј-оф рундата. Торино се квалификувале за третото квалификациско коло.
- Катанија, Болоња и Ливорно испаднале во Серија Б 2014-2015.
Статистика
[уреди | уреди извор]Екипи
[уреди | уреди извор]Лидери на табелата
[уреди | уреди извор]Создавање на пласманот
[уреди | уреди извор]1ª | 2ª | 3ª | 4ª | 5ª | 6ª | 7ª | 8ª | 9ª | 10ª | 11ª | 12ª | 13ª | 14ª | 15ª | 16ª | 17ª | 18ª | 19ª | 20ª | 21ª | 22ª | 23ª | 24ª | 25ª | 26ª | 27ª | 28ª | 29ª | 30ª | 31ª | 32ª | 33ª | 34ª | 35ª | 36ª | 37ª | 38ª | |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Аталанта | 0 | 3 | 3 | 3 | 3 | 6 | 9 | 12 | 12 | 13 | 13 | 16 | 16 | 17 | 17 | 18 | 18 | 18 | 21 | 24 | 24 | 27 | 27 | 27 | 28 | 31 | 34 | 37 | 40 | 43 | 46 | 46 | 46 | 46 | 47 | 47 | 50 | 50 |
Болоња | 0 | 1 | 2 | 2 | 3 | 3 | 3 | 3 | 6 | 9 | 10 | 10 | 11 | 12 | 12 | 12 | 15 | 15 | 16 | 17 | 18 | 18 | 21 | 21 | 21 | 22 | 23 | 23 | 26 | 26 | 26 | 27 | 28 | 28 | 28 | 29 | 29 | 29 |
Каљари | 3 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 7 | 10 | 10 | 10 | 10 | 13 | 14 | 15 | 18 | 19 | 20 | 21 | 21 | 21 | 21 | 24 | 24 | 24 | 25 | 28 | 29 | 29 | 29 | 32 | 32 | 32 | 33 | 36 | 39 | 39 | 39 | 39 |
Катанија | 0 | 0 | 0 | 1 | 1 | 4 | 5 | 5 | 6 | 6 | 6 | 9 | 9 | 9 | 9 | 10 | 10 | 13 | 13 | 13 | 14 | 15 | 16 | 19 | 19 | 19 | 20 | 20 | 20 | 20 | 20 | 20 | 20 | 23 | 23 | 26 | 29 | 32 |
Кјево | 1 | 1 | 1 | 4 | 4 | 4 | 4 | 4 | 4 | 4 | 5 | 6 | 9 | 12 | 15 | 15 | 15 | 16 | 17 | 17 | 18 | 18 | 18 | 18 | 21 | 21 | 24 | 24 | 24 | 27 | 27 | 27 | 30 | 30 | 30 | 30 | 33 | 36 |
Фјорентина | 3 | 6 | 7 | 10 | 10 | 11 | 12 | 15 | 18 | 18 | 21 | 24 | 24 | 27 | 27 | 30 | 33 | 36 | 37 | 40 | 41 | 41 | 44 | 44 | 45 | 45 | 45 | 48 | 51 | 51 | 52 | 55 | 58 | 58 | 61 | 61 | 64 | 65 |
Џенова | 0 | 0 | 3 | 4 | 4 | 4 | 5 | 8 | 8 | 11 | 14 | 17 | 18 | 19 | 19 | 20 | 20 | 23 | 23 | 26 | 27 | 27 | 30 | 31 | 32 | 35 | 35 | 35 | 36 | 39 | 39 | 39 | 39 | 39 | 40 | 41 | 41 | 44 |
Интер | 3 | 6 | 7 | 10 | 13 | 14 | 14 | 15 | 18 | 19 | 22 | 25 | 26 | 27 | 28 | 28 | 31 | 31 | 32 | 32 | 33 | 33 | 36 | 39 | 40 | 41 | 44 | 47 | 47 | 48 | 49 | 50 | 53 | 56 | 57 | 57 | 60 | 60 |
Јувентус | 3 | 6 | 7 | 10 | 13 | 16 | 19 | 19 | 22 | 25 | 28 | 31 | 34 | 37 | 40 | 43 | 46 | 49 | 52 | 55 | 56 | 59 | 60 | 63 | 66 | 69 | 72 | 75 | 78 | 81 | 81 | 84 | 87 | 90 | 93 | 96 | 99 | 102 |
Лацио | 3 | 3 | 6 | 6 | 9 | 10 | 11 | 11 | 14 | 15 | 15 | 16 | 17 | 17 | 17 | 20 | 20 | 23 | 24 | 27 | 28 | 31 | 32 | 32 | 35 | 38 | 38 | 41 | 42 | 42 | 45 | 48 | 48 | 49 | 52 | 53 | 53 | 56 |
Ливорно | 0 | 3 | 6 | 7 | 8 | 8 | 8 | 8 | 8 | 9 | 12 | 12 | 12 | 12 | 13 | 13 | 13 | 13 | 13 | 13 | 16 | 17 | 17 | 20 | 20 | 21 | 21 | 24 | 24 | 24 | 25 | 25 | 25 | 25 | 25 | 25 | 25 | 25 |
Милан | 0 | 3 | 4 | 4 | 5 | 8 | 8 | 11 | 11 | 12 | 12 | 13 | 14 | 17 | 18 | 19 | 19 | 22 | 22 | 25 | 28 | 29 | 29 | 32 | 35 | 35 | 35 | 35 | 36 | 39 | 42 | 45 | 48 | 51 | 51 | 54 | 54 | 57 |
Наполи | 3 | 6 | 9 | 12 | 13 | 16 | 19 | 19 | 22 | 25 | 28 | 28 | 28 | 31 | 32 | 35 | 36 | 39 | 42 | 43 | 44 | 44 | 47 | 50 | 51 | 52 | 55 | 58 | 58 | 61 | 64 | 64 | 67 | 68 | 69 | 72 | 75 | 78 |
Парма | 1 | 1 | 1 | 2 | 5 | 6 | 9 | 9 | 12 | 12 | 12 | 13 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 23 | 26 | 29 | 32 | 32 | 33 | 36 | 37 | 40 | 43 | 46 | 47 | 47 | 47 | 50 | 51 | 51 | 51 | 54 | 55 | 58 |
Рома | 3 | 6 | 9 | 12 | 15 | 18 | 21 | 24 | 27 | 30 | 31 | 32 | 33 | 34 | 37 | 38 | 41 | 41 | 44 | 47 | 50 | 53 | 54 | 57 | 60 | 61 | 61 | 64 | 67 | 70 | 73 | 76 | 79 | 82 | 85 | 85 | 85 | 85 |
Сампдорија | 0 | 1 | 1 | 2 | 2 | 2 | 3 | 6 | 9 | 9 | 9 | 9 | 10 | 11 | 14 | 17 | 18 | 18 | 21 | 21 | 22 | 25 | 28 | 28 | 28 | 31 | 34 | 34 | 37 | 40 | 41 | 41 | 41 | 41 | 44 | 44 | 44 | 45 |
Сасуоло | 0 | 0 | 0 | 0 | 1 | 2 | 2 | 5 | 6 | 6 | 9 | 10 | 13 | 14 | 14 | 14 | 14 | 14 | 17 | 17 | 17 | 17 | 17 | 17 | 17 | 17 | 18 | 21 | 21 | 21 | 21 | 24 | 25 | 28 | 28 | 31 | 34 | 34 |
Торино | 3 | 3 | 4 | 7 | 8 | 8 | 9 | 10 | 10 | 11 | 12 | 12 | 15 | 16 | 19 | 22 | 25 | 25 | 26 | 29 | 32 | 33 | 33 | 36 | 36 | 36 | 36 | 36 | 39 | 39 | 42 | 45 | 48 | 49 | 52 | 55 | 56 | 57 |
Удинезе | 0 | 3 | 4 | 4 | 7 | 7 | 10 | 10 | 10 | 13 | 13 | 13 | 16 | 16 | 17 | 17 | 20 | 20 | 20 | 20 | 20 | 23 | 26 | 27 | 28 | 28 | 31 | 31 | 34 | 35 | 38 | 38 | 38 | 39 | 39 | 42 | 43 | 44 |
Верона | 3 | 3 | 6 | 6 | 7 | 10 | 13 | 16 | 16 | 19 | 22 | 22 | 22 | 22 | 25 | 26 | 29 | 32 | 32 | 32 | 32 | 35 | 36 | 36 | 39 | 40 | 40 | 40 | 40 | 40 | 43 | 46 | 46 | 49 | 52 | 53 | 54 | 54 |
Нота:
- Натпреварот Рома-Парма, наместо во 22-рото коло за кога беше закажан всушност се одиграл меѓу 31-вото и 32-рото коло, па на табелата може да се одрази само дел од вистинската ефикасност на тимовите во тој период.
Рекорди
[уреди | уреди извор]- Најмногу победи: Јувентус (33)
- Најмногу победи дома: Јувентус (19)
- Најмногу пообеди во гости: Јувентус (14)
- Најмалку победи: Болоња (5)
- Најмалку победи дома: Болоња (3)
- Најмалку победи во гости: Каљари и Катанија (1)
- Најголем број на нерешени: Интер (15)
- Најголем број на нерешени дома: Интер (9)
- Најголем број на нерешени во гости: Каљари (8)
- Најмалку нерешени: Јувентус (3)
- Најмалку нерешени дома: Јувентус (0)
- Најмалку нерешени во гости: Аталанта, Катанија и Ливорно (2)
- Најголем број на порази: Ливорно (25)
- Најголем број на порази дома: Сасуоло (12)
- Најголем број на порази во гости: Катанија (16)
- Најмалку порази: Јувентус (2)
- Најмалку порази дома: Јувентус (0)
- Најмалку порази во гости: Јувентус (2)
- Најдобар напад: Јувентус (80 постигнати голови)
- Најлош напад: Болоња (28 постигнати голови)
- Најдобра одбрана: Јувентус (23 голови)
- Најлоша одбрана: Ливорно (77 голови)
- Најдобра гол разлика: Јувентус (+57)
- Најлоша гол разлика: Ливорно (-38)
- Најдобра серија: Јувентус (22-натпревари без пораз; период од 9-то до 30-то коло)
- Најдобра серија дома: Јувентус (19-натпревари без пораз)
- Најдобар серија во гости: Јувентус (10-натпревари без пораз)
- Најголем број на последователни победи: Јувентус (12, од 9-тото до 20-тото коло)
- Најголем број на последователни победи дома: Јувентус (19)
- Најголем број на последователни победи во гости: Јувентус, Парма и Рома (5)
- Најголем број на последователни нерешени: Каљари, Парма и Рома (4, од 3-то до 6-то коло, од 14-то до 17-то коло и 11-то до 14-то коло)
- Најголем број на последователни нерешени дома: Интер и Парма (3)
- Најголем број на последователни нерешени во гости: Каљари, Интер, Лацио и Рома (3)
- Најголем број на последователни порази: Ливорно и Сасуоло (7, од 32-то до 38-мо коло и од 20-то до 26-то коло)
- Најголем број на последователни порази дома: Сасуоло (4)
- Најголем број на последователни порази во гости: Катанија (10)
- Најголем број на изведени корнери: Интер (224)
- Најголем број на офсајди: Торино (117)
- Најголем број на жолти картони: Ливорно (100)
- Најголем број на црвени картони: Сампдорија (10)
- Најмал број на изведени корнери: Болоња (158)
- Најмал број на офсајди: Фјорентина и Сасуоло (53)
- Најмал број на жолти картони: Верона (64)
- Најмал број на црвени картони: Торино (1)
Поединечни
[уреди | уреди извор]
Список на стрелци[уреди | уреди извор]
|
Хет-трик[уреди | уреди извор]
|
Поединечни рекорди
[уреди | уреди извор]- Најголем број на реализирани пенали: Џузепе Роси, Антонио Кандрева и Доменико Берарди (6)
- Најголем број на промашени пенали: Алберто Џилардино (3)
- Најголем број на одбранети пенали: Самир Хандановиќ (3)
- Најголем број на примени голови: Франческо Барди (69)
- Најголем број на жолти картони: Лука Ригони, Џузепе Вивес и Боштјан Цесар (15)
- Најголем број на црвени картони: Даниеле Конти, Амаури, Паоло Канаваро, Микеланџело Албертаци, Џузепе Белуши, Филип Мексес, Томас Манфредини, Лука Чигарини и Серџо Пелисие (2)
- Најголем број на извршени прекршоци: Перпарим Хетемај (99)
- Играч врз кој се направени најмногу прекршоци: Хуан Квадрадо (107)
- Најголем број на офсајди Алберто Џилардино (49)
- Најмногу настапи: Даниеле Падели (38, сите натпревари)
Поврзанотака
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Табелата на Legaseriea.it Архивирано на 13 февруари 2013 г.
- Статистика и профил на играчите по клубови
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Italian Serie A Stats: Team Attendance - 2013-14“. ESPN. Посетено на 31 March 2014.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2014-05-07. Посетено на 2014-06-08.
- ↑ „Football: Juve wrap up record 102-point scudetto as Roma crumble“. Архивирано од изворникот на 2014-06-21. Посетено на 2014-06-08.
- ↑ 4,0 4,1 ФИГК го одбила барањето на Парма за лиценца на УЕФА, бидејќи имале задоцнет даночен долг; нивното место ќе го заземе седмопласираниот Торино. cfr. „Parma, da sogno a incubo: per l'Europa manca la licenza. Ultimo appello il 28 maggio“. 19 мај 2014.
|