Слободен удар
Слободен удар е акција во фудбалот која се користи за да се отпочне одново играта (по краток прекин додека да биде изведен слободниот удар) со шутирање на топката директно кон голот или додавање во полето за игра.
Фудбал
[уреди | уреди извор]Во фудбалот, слободниот удар е метод за повторно отпочнување на играта која била прекината по извршување на фаул. Слободниот удар може да биде директен и индиректен.
Диретниот слободен удар се доделува при извршување на фаул на некој играч врз друг играч од противничката екипа на било кој дел од теренот освен во шеснаесеттникот на својата екипа, затоа што евентуален таков прекршок се смета за пенал, а не за слободен удар. Од директен слободен удар можат да се шутира директно кон противничкиот гол и да се постигнуваат голови дури и кога само еден играч ќе го изведе слободниот удар без било кој друг играч да ја допре топката, што е спротивно на индиректниот удар. Таму топката мора да биде допрена од некој друг играч пред да се постигне гол.
Индиректен слободен удар најчесто се доделува кога некој играч надвор од својот шеснаесеттник ќе ја допре топката со рака, или кога голманот ќе ја фати топката со рака во својот шеснаесеттник која му била вратена од некој од неговите соиграчи. За да се шутира и постигне гол од индиректен слободен удар потребни се најмалку два играчи да учествуваат во изведувањето така што едниот ќе ја додаде топката за да може другиот да шутира. Индиректен слободен удар, може да се изведува и внатре во шеснаесеттникот доколку тој настанал ако голманот ја фати топката со рака по додавање на некој од неговите соиграчи со нога, ако топката му биде додадена со глава тогаш индиректен удар не се доделува.
Американски фудбал
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Слободен удар на Ризницата ?
- free kick во Викиречникот