Прејди на содржината

Слободен универзитет (Берлин)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Слободен универзитет во Берлин

Freie Universität Berlin


Мото Veritas, Iustitia, Libertas (Латински)
Мотото на Македонски Вистина, Правда, Слобода
Основано 1948 година
Вид Државен Универзитет
Фонд
380 Милиони евра p.a. (без Charité медицинскиот факултет)
Претседател
Проф. Д-р Петер – Андре Алт (Peter-André Alt)
Админ.персонал 4,871; 422 професори; 1,200 стручни асистенти (со исклучок на оние од Charité медицинското училиште)
Студенти 31,304 (WS 2007/08)
Локација Берлин, Германија
Припадност German Excellence Universities
Веб Страна www.fu-berlin.de/en

Слободен Универзитет во Берлин

Слободниот универзитет во Берлин (германски: Freie Universität Berlin) е еден од водечките и најпрестижните истражувачки универзитети во Германија и Европа. Тој се одликува со својот модерен и меѓународен карактер. Тој е најголем од четирите универзитети во Берлин. Истражувањето на Универзитетот се фокусира на економијата и општествените науки, како и за здравјето и природните науки. Основан е во Западен Берлин во почетокот на Студената војна, неговото име се однесува на статусот на Западен Берлин, како дел од слободниот свет, за разлика од Хумболт Универзитетот кој беше контролиран од страна на Комунистите. Признат како еден од најдобрите високо квалифицирани институции во Германија, Слободниот Универзитет во Берлин беше рангиран како еден од деветте топ-универзитети во Германија(исто така познат како елитен универзитет). Освојувајќи ја разликата на пет докторски програми, три интердисциплинарни истражувачки кластери (некои од нив во соработка со други универзитети) и неговата вкупна институционална стратегија, Слободниот Универзитет во Берлин беше еден од најуспешните универзитети во иницијативата. Во Универзитетското рангирање, Слободниот Универзитет во Берлин е рангиран меѓу најдобрите германските универзитети, кој има воспоставено силни меѓународни прикажување во уметноста и хуманистичките науки проследено со општествени науки, што го прави еден од најдобрите европските институции во овие области.

Со исклучок на Charité медицинскиот факултет кој е ко-администратор од страна на Хумболт Универзитетот, Слободниот Универзитет во моментов е водечки Универзитет на осум истражувачки центри на германската фондација за истражувања (DFG) а исто така има пет DFG истражувачки единици. Петнаесет научници од Слободниот Универзитет до денес се наградени со Готфрид Вилхелм Лајбниц наградата на DFG - најпознатата награда за истражувачки достигнувања во Германија.

Содржина


  • • 1. Кампус
  • • 2. Историја
  • • 3. Академски актвивности на универзитетот
  • o 3.1 Оддели
  • o 3.2 Интердисциплинарни централни институти
  • o 3.3 Факултети
  • o 3.4 Кластери на совршеност
  • o 3.5 Интердисциплинарни центри
  • o 3.6 Централни услужни институции
  • o 3.7 Меѓународни партнерства
  • o 3.8 Странски експозитури
  • • 4 Рангирања
  • • 5 Добитници на Готфрид Вилхелм Лајбниц наградата
  • • 6 Значајни луѓе

Кампус

Поголемиот дел од универзитетските објекти се наоѓаат во областа Далем во Југозападниот дел на Берлин во околината на Штеглиц – Целендорф(Steglitz-Zehlendorf). Првата независна структура која беше завршена на кампусот беше Хенри Форд зградата, финансирана од страна на Американската Форд Фондација. За таа цел, Универзитетот беше сместен во неколку постари објекти низ населбата, вклучувајќи ја и Ото Хан зградата, во која денес е сместен одделот за биохемија. Најголемиот самостоен комплекс на универзитетот е Rost- und Silberlaube, што во превод значи "’рѓа и сребрен арбор". Овој комплекс се состои од серија на меѓусебно поврзани структури од бронза (оттука доаѓа зборот "’рѓа") или со сјајна бела боја ("сребро"), опкружен со различни лиснати дворови. Неодамна беше надополнет со нов централен дел, Филолошката библиотека во форма на мозок, дизајнирана од страна на британскиот архитект Лорд Норман Фостер.

Историја

Слободниот Универзитет во Берлин беше основан од страна на студентите и научниците на 4 декември 1948 година, со поддршка од американските сојузници и берлинските политичари како реакција на прогонетите студенти кои го критикуваа системот на Универзитетот Хумболт во Советскиот сектор на поделениот град Берлин. Овие студенти и научници сакаа да учат и да вршат истражувања на Слободниот Универзитет, без политичко влијание. Благодарение на великодушните донации од страна на Соединетите Американски Држави, Слободниот Универзитет беше во можност да изгради неколку нови централни комплекси, вклучувајќи ја и Бенџамин Франклин универзитетската клиника и Хенри Форд зградата, централната зграда за предавање. Врз основа на неговото традиционално основање, Слободниот Универзитет се заколна дека до денес ќе ги почитува латинските услови за вистина, правда, и слобода. Во 2007 година Слободниот Универзитет изгради споменик во чест на студентите кои загинаа од страна на советската тајна служба. Универзитетот својата награда за слободата ја подари на луѓето кои дале свој придонес во борбата за слобода. Годините 1968, 1990 и 2007 се значајни во историјата на Слободниот Универзитет. Во текот на 1960 година, Универзитетот беше собиралиште на студентските протести што доведе до поголема отвореност, еднаквост и демократија. По обединувањето на Германија во 1990 година, Слободниот Универзитет во Берлин се подобри. Универзитетските истражувања покажаа зголемен бројот на дипломирани студенти, докторати и публикации. Клучно за овој успешен тренд беа фундаменталните реформи како на пример воведување на модерни системи за управување на администрацијата, за реорганизација на одделенијата, како и ефикасно искористување на ресурсите. Prognos, познатиот економски институт во Базел, Швајцарија, му додели на Слободниот Универзитет награда за неговите добри претприемачки принципи. Од 2003 година, Слободниот Универзитет ги регрупираше своите истражувачки капацитети во трансдисциплинарни истражувачки области наречени кластери. 2007 година беше уште една клучна година за Слободниот Универзитет: Тој беше прогласен за универзитет со најмногу одобрени фондации од страна на Германската Универзитетска Извонредна Иницијатива (German Universities Excellence Initiative) и денес е еден од деветте елитни универзитети во Германија кој прима фондации за својата развојна стратегија. Слободниот Универзитет се наоѓа во областа Далем во југозападниот дел на Берлин. Во почетокот на 20 век, Далем беше основан како центар за истражување од највисок ранг. Академските активности во Далем беа поддржани од страна на Фридрих Алтхоф, раководител на Пруското Министерството за култура, кој првично го предложи основањето на "германскиот Оксфорд." Новоизградениот објект беше домаќин на владините научни агенции и на новите истражувачки институти на Универзитетот во Берлин. Кајзер Вилхелмското општество - претходник на денешното Макс Планкското општество - е основано во 1911 година и воспостави неколку институции во Далем. Од своето основање, Слободниот Универзитет во Берлин ги користи зградите кои првенствено им припаѓале на Кајзер Вилхелмското општество и исто така, изгради бројни нови згради. Централниот кампус на Слободниот Универзитет се состои од неколку ансамбли кои се во непосредна близина еден на друг. Проектантите се ориентираа според видовите кампуси кои се наоѓаат во САД – и се новитет во поствоената Германија.

Академски активности на универзитетот

Оддели

Универзитетот има 12 сектори, три централно интердисциплинарни институции и други централно услужни институции:

  1. 1. Биологија, хемија, фармација
  2. 2. Бизнис и економија
  3. 3. Геонауки – науки за Земјата
  4. 4. Историја и културолошки студии
  5. 5. Право
  6. 6. Математика и информатика
  7. 7. Медицина (Charité – Медицинскиот факултет во Берлин)
  8. 8. Педагогија и психологија
  9. 9. Филозофија и хуманистички науки
  10. 10. Физика
  11. 11. Политички и социјални науки
  12. 12. Ветеринарна медицина

Централно интердисциплинарни институции

  1. 1. Џон Ф. Кенеди Институтот за северноамерикански студии
  2. 2. Институт за источноевропски студии
  3. 3. Институт за латиноамерикански студии

Факултети

  1. 1. Фридрих Шлегел Факултетот за литературни студии
  2. 2. Берлинскиот факултетот за транснационално студии (BTS)
  3. 3. Факултетот за глобална политика
  4. 4. Муслимански култури и општества
  5. 5. Берлин-Бранденбуршкиот факултет за регенеративна терапија
  6. 6. Факултетот за северносмерикански студии
  7. 7. Берлински математички факултет

Кластери на совршеност

  1. 1. Емоции на јазикот
  2. 2. Topoi - формирање и преобразба на просторот и знаењето на древните цивилизации
  3. 3. NeuroCure – Нови можности во лекувањето на невролошките заболувања

Интердисциплинарни центри

  1. 1. "Античкиот свет"
  2. 2. "Уметноста и естетиката"
  3. 3. "Екосистеми во Средна Азија"
  4. 4. "Ефикасно математичко моделирање"
  5. 5. "Европски јазици: Структура - Развој - Споредба" (ЗЕВС)
  6. 6. "Историска антропологија"
  7. 7. "Среден век - ренесанса – нов век"
  8. 8. "Истражување за наставата и учењето"
  9. 9. "Социјална и културна историја на Блискиот Исток"

Централно услужни иституции

  1. 1. Ботаничката градина во Берлин и ботанички музеј во Берлин
  2. 2. Центар за академско советување, кариера и советодавни услуги
  3. 3. Центар за континуирани студии
  4. 4. Центар за рекреативни спортови
  5. 5. Центар за истражување на жената и родовите студии
  6. 6. Компјутерски центар
  7. 7. Јазичен центар
  8. 8. Универзитетска библиотека

Меѓународни партнерства

Слободниот Универзитет одржува меѓународни контакти со другите универзитети и организации кои помагаат при истражувањето и учењето: Веќе во 1950 година Слободниот Универзитет воспостави партнерство со водечките универзитети во САД како што се Калифорнискиот Универзитет (вклучувајќи ги Беркли, Универзитетот од Калифорнија, Лос Анџелес - UCLA), Чикаго, Корнел, Стенфорд, Принстон, Јејл и Колумбија, како и со земјите од Западно европските универзитети како што се Кембриџ, Универзитетскиот колеџ во Лондон и École Normale Supérieure во Париз. Универзитетот е еден од основачите на глобалниот образовен центар за проучување на транснационалните закони, центарот за транснационално правни студии во Лондон. Слободниот Универзитет исто така разви двојна диплома за јавна политика и менаџмент во светски рамки како европското бизнис училиште, ХЕЦ Париз (École des Hautes Études Commerciales de Paris). Првите контакти со универзитетите од Источна Европа беа направени во 1970-тите. Особено во 1990-тите, контактите беа проширени за да вклучат што поголем број на институции од Северна Америка, Источна Европа и од Далечниот Исток. Новоформираниот центар за меѓународна соработка (CIC) се фокусираше на пронаоѓање на нови стратешки партнери за меѓународни проекти. Денес Слободниот Универзитет има 130 партнерства насекаде во светот, а секоја година го посетуваат околу 600 визитинг научници да придонесат за наставата и истражувањата на универзитетот. За одобрените програми во Германија, Слободниот Универзитет е една од првите избори на Еразмус и Темпус како и на Фулбрајт програмата и меѓународните програми на германската академија за размена (DAAD). Летниот меѓународен универзитет кој е формиран за странските студенти нуди меѓународно прифатени кредити.

Странски експозитури

Слободниот Универзитет во Берлин управува со странски експозитури во Њујорк, Брисел, Москва, Пекинг, Каиро и Њу Делхи. Странските експозитури работат на тоа да ги продолжат своите веќе постоечките партнерски соработки со универзитетите во земјата. Во април 2005 година Слободниот Универзитет во Берлин во соработка со Ludwig-Maximilians-Universität (LMU) отвори заедничко претставништво во Њујорк. Оваа германска универзитетска алијанса, сместена во Германската Куќа, која е седиште на германскиот генерален конзулат и на германската мисија на ОН ги застапува интересите на двата универзитети од САД и Канада и се стреми кон поголема размена на студенти и научници. Покрај тоа, Слободниот Универзитет во Берлин, како прва високообразовна германскса институција, основа алумни организации и организации за собирање средства во Њујорк која е наречена Friends of the Free University of Berlin (FFUB) (во превод: Пријатели на Слободниот Универзитет во Берлин (ПСУБ)). Од 2003 година овие организации одржуваат близок контакт со дипломираните студенти и научници од Слободниот Универзитет во САД и се обидуваат дипломираните студенти да ги придобијат како спонзори, за да се зајакнат долготрајните преку океански врски. Некои од средствата што беа собрани беа донирани за реновирање на Хенри Форд зградата. Слободниот Универзитет во Берлин со дополнително отворените експозитури во Москва(2004), Пекинг и Њу Делхи(февруари 2008), оствари соработка со силни партнери, големи истражувачки институции и универзитети и со тоа стратешки го прошири својот полупречник како меѓународен универзитет.

Во април 2006 година Универзитетот во Пекинг ја отвори својата прва филијала во Германија. Нејзините цели се промовирање на кинеската култура, негување на кинеско - германската соработка и ширењето на кинески јазик. На Дјук Универзитетот од Дурам, Северна Каролина постои берлинска програма (Дјук во Берлин) која е во соработка со Слободниот Универзитет и Хумболт Универзитетот. Универзитетот од Калифорнија организира програми за америкаските студенти во Берлин и Потсдам. На Слободниот Универзитет постои канцеларија која нуди помош на студентите кои се на размена од Калифорнија Студентите од Универзитетот во Колумбија и другите колеџи и универзитети вклучени во конзорциумот ( Универзитетот од Чикаго, Корнел Универзитетот, Џон Хопкинс Универзитетот, Универзитетот од Пенсилванија, Принстон Универзитетот и Васар Колеџот) можат еден или два семестра да посетуваат настава на Слободниот Универзитет како надворешни студенти. На ова привремено запишување му претходи интензивен курс во времетраење од шест недели.

Рангирања

Слободниот Универзитет во Берлин постаојано е рангиран меѓу првите топ универзитети во Германија, покажувајки особено добар резултат во областа на уметноста и хуманистичките науки проследено со општествените науки на меѓународно ниво. На пример во 2009 година QS World University Rankings(светското универзитетско рангирање) со рангирање на предметот уметност и хуманистички науки го смести Универзитетот на 1-то место во Германија, на 6-то место во Европа и на 27-то место во светот. Во 2001 година оваа организација го рангираше Слободниот Универзитет на 66-тото место на меѓународно ниво. Значајни конкурентски универзитети во однос на рангирањата, особено во областа на уметноста и хуманистичките науки како и општествените науки се и Универзитетот во Минхен, Универзитетот во Хајделберг и Хумболт Универзитетот.

Добитници на Готфрид Вилхелм Лајбниц наградата

Германската заедница за истражување (DFG Deutsche Forschungsgemeinschaft) уште од 1985 година, секоја година доделува Готфрид Вилхелм Лајбниц награди за извонредните германски научници. Највисоката награда што се доделува изнесува 2,5 милиони евра, и треба да се искористи во рок од 7 години. Досега на Слободниот Универзитет во Берлин се доделени 15 награди:

  • • д-р Волкер Ердман, биохемија (1988)
  • • д-р Волфрам Зенгер, кристалографија (1988)
  • • д-р Рандолф Менцел, неврологија (1991)
  • • д-р Ирмела Хиџија - Киршнерајт, јапонски студии (1992)
  • • д-р Јирген Коцка, Историја (1992)
  • • д-р Јохан Мулцер, Органска хемија (1994)
  • • д-р Петар Шефер, еврејски студии (1994)
  • • д-р Емо Велцл, компјутерски науки (1995)
  • • д-р Оно Онкен, Геологија (1998)
  • • д-р Регине Хенге - Аронис, микробиологија (1998)
  • • д-р Јоаким Купер, романски студии (2001)
  • • д-р Герхард Хуискен, Математика (2003)
  • • д-р инг. Руперт Клајн, Математика (2003)
  • • д-р Габриеле Брандштетер, драматика (2004)
  • • д-р Гибург Радке, старогрчки (2006)

Значајни Луѓе

  • • Јоханес Агноли, политички научник (професор)
  • • Елмар Алтфатер, политички научник (професор)
  • • Арнулф Баринг, историчар, политички научник (професор)
  • • Ернст Бенда, министер за внатрешни работи на Германија (1968-1969); Претседателот на Сојузниот уставен суд на Германија (1971-1983) (економист)
  • • Петар Бири, филозоф и писател (професор)
  • • Реинхолд Бринкман, музиколог (економист)
  • • Дитер Класенс, социолог и антрополог (професор)
  • • Кристофер Кларк, историчар (економист)
  • • Гордон А. Крег, историчар и писател (професор)
  • • Херта Дојблер - Гмелин, министерот за правда на Германија (1998-2002) (професор)
  • • Еберхард Дипген, градоначалник на (Западен) Берлин (1984-1989, 1991-2001) (економист)
  • • Руди Дучке, портпарол на германското студентско движење во 1960-тите (економист)
  • • Ханс Ајхел, германскиот министер за финансии (1999-2005) (економист)
  • • Гудрун Енслин, терорист (економист)
  • • Герхард Ертл, физичар и добитник на Нобеловата награда за хемија (2007) (професор)
  • • Гинтер Фалтин, економист (професор)
  • • Пол Фојерабенд, филозоф (професор)
  • • Андреа Фишер, сојузниот министер за здравство (1998-2001) (економист)
  • • Ернст Френкел, политички научник (професор)
  • • Џонатан Френцен, романописец (економист)
  • • Рајнхард Фурер, научник и астронаут (економист / професор)
  • • Едвин Гентцлер, американски германист и научник (економист)
  • • Клаус Хенш, претседателот на Европскиот парламент (1994-1997) (економист / научен асистент)
  • • Роман Херцог, претседател на Германија (1994-1999) (професор)
  • • Марк Јамполе, Фулбрајтов стипендист, американски поет и основач и претседател на Jampole комуникации. (Економист)
  • • Ирмела Хиџија - Киршнерајт, јапонологистка и добитничка на Готфрид Вилхелм Лајбниц награда (1992) (професор)
  • • Јирген Коцка, историчар (професор)
  • • Ренате Кинаст, министер за заштита на потрошувачите, храна и земјоделство (2001-2005) (економист)
  • • Јута Лимбах, претседател на Сојузниот Уставен суд на Германија (1994-2002), претседател на Гете-Институтот (2002-2008) (економист / професор)
  • • Херберт Маркузе, социолог (професор)
  • • Фридрих Мајнеке, историчар (професор)
  • • Валтер Момпер, градоначалник на (Западен Берлин) (1989-1991) (економист)
  • • Херта Милер, романописецка и добитничка на Нобеловата награда за литература (2009) (професор)
  • • Ернст Нолти, историчар (професор)
  • • Ханс-Јирген Папие, Сојузниот Уставен суд на Германија (2002-2010) (економист)
  • • Гинтер Рексрот, министер за економија на Германија (1993-1998) (економист)
  • • Томас Ризе, политички научник (професор)
  • • Раул Рохас, компјутерски научник (професор)
  • • Ернст Руска, физичар и добитник на Нобеловата награда за физика (1986) (професор)
  • • Ото Шили, Сојузното министерство за внатрешни работи (1998-2005) (економист)
  • • Гезине Шван, политички научник и кандидат за германските претседателски избори (2004) (професор)
  • • Рајнхард Зелтен, економист и добитник на Нобеловата награда за економски науки (1994) (професор)
  • • Василиос Скурис, претседател на Судот на правдата на Европската заедница (од 2003) (економист)
  • • Петер Сцонди, книжевен научник (професор)
  • • Клаус Воверајт, градоначалник на Берлин (од 2001) (економист)
  • • Жорж Тамер, научник по исламски студии (професор и економист)
  • • Џејкоб Таубес, социолог за вероисповед, филозоф и научник на јудаизмот (професор)

Извори

http://en.wikipedia.org/wiki/Free_University_of_Berlin