Сокол Митровски
Сокол Митровски | |
---|---|
Градоначалник на Општина Ѓорче Петров | |
На должноста 2005–2017 | |
Претходник | Васил Толевски[1] |
Наследник | Александар Наумоски |
Лични податоци | |
Роден(а) | 16 март 1948 Кучково |
Националност | Македонец |
Партија | ВМРО-ДПМНЕ |
Сопружник | Тодорка Митровска |
Установа | Воена академија во Белград |
Професија | Воено лице |
Вероисповед | Православен христијанин |
Сокол Митровски — градоначалник на Општина Ѓорче Петров од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во периодот од 2005 до 2017 година. Тој е исто така пензионирано воено лице.
Животопис
[уреди | уреди извор]Сокол Митровски е роден во скопското село Кучково на 16 март 1948 година. Потекнува од рударско семејство. По завршување на гимназијата „Кочо Рацин“ во Скопје, школувањето го продолжил на Воената академија во Белград, а потоа заминал на воен колеџ во Париз. Имал успешна воена, дипломатска и политичка кариера. Денес е генерал во пензија. Тој е еден од основачите на Факултетот за одбрана во Скопје, како и долгогодишен професор на Воената академија. Бил член на Кабинетот и аѓутант на поранешниот претседател Киро Глигоров и на починатиот претседател Борис Трајковски. Во својата богата кариера бил воен аташе во Париз и во Софија.[2]
Тој трипати има победено во трката за градоначалник на Општина Ѓорче Петров. Во 2005 победил како независен кандидат, додека на локалните избори 2009 бил кандидат на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.[3] На Локалните избори 2013 победил со тесна разлика пред противкандидатот Александар Наумовски, по прегласувањето во две избирачки мести.[4] Неговата победа беше оспорувана од опозициската СДСМ, а против него беше поднесена и тужба до Управниот суд за изборни нерегуларности.[5][6]
На 1 ноември 2017 година бил приведен за наводна злоупотреба на службената положба и овластувањата[7]
Тој е оженет и татко на две полнолетни деца, а дедо на четири внуци. Негово хоби е ловот.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Решение за избор Вршител на должноста Градоначалник на Општина Ѓорче Петров“. Град Скопје. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 21 мај 2013.
- ↑ „Сокол Митровски“. Утрински Весник. 16 октомври 2006. Архивирано од изворникот на 2015-11-22. Посетено на 21 мај 2013.
- ↑ „Сокол Митровски бара втор мандат да ги доврши проектите“. Утрински Весник. 14 јануари 2009. Посетено на 21 мај 2013.
- ↑ „Сокол Митровски доби нов мандат во Ѓорче Петров“. Дневник. 21 април 2013. Архивирано од изворникот на 2013-04-23. Посетено на 21 мај 2013.
- ↑ „Александар Наумовски ќе ги тужи Груевски, Ставрески и Сокол Митровски“. МКД.мк. 19 април 2013. Архивирано од изворникот на 2013-05-27. Посетено на 21 мај 2013.
- ↑ „СДСМ ќе го бојкотира третиот круг во Ѓорче Петров“. Прес 24. 19 април 2013. Посетено на 21 мај 2013.[мртва врска]
- ↑ „Уште неколку лица се приведени заедно со поранешниот градоначалник на Општина Ѓорче Петров, Сокол Митревски“. Архивирано од изворникот на 2017-11-04. Посетено на 2017-11-01.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Биографија Архивирано на 17 мај 2013 г.
- Новости за Сокол Митровски Архивирано на 17 мај 2013 г.
- Профил на страницата на Општина Ѓорче Петров Архивирано на 30 септември 2015 г.
- Интервју за весникот Вечер[мртва врска]