Список на проколнати места
Изглед
Ова е список на проколнати места или места за кои е кажано дека се опседнати од духови или други натприродни суштества. Ваквите приказни спаѓаат делумно во историјата и делумно во легендите и фолклорот.
Австралија
[уреди | уреди извор]- Алкимос е американски воен брод од Втората светска војна, кој доживеал бродолом, што се случил кај брегот од Западна Австралија во 1964 година. Остатоците од бродот сè уште пловат по водите, и се мета на бројни мистериозни приказни.[1][2]
- Душевна болница „Арадејл“ е градба на рид во Арарат, Викторија, каде во еден момент биле вработени повеќе од 500 луѓе. Изгледал како град во самиот град и во моментот кога бил затворен (1993 година) имал 63 згради.[3]
- Бичвортска лудница во Бичворт, Викторија е место за кое е објавено дека неколку духови на умрени ги вознемирувале станарите.[4]
- Бордер Ин хотел (Фланаганс) во Бахус Марч, Викторија - За овој хотел од 1850-те години е објавено дека се чувствува присуство на духови, предметите сами се движат, пијаното свири само, а луѓето го чувствуваат допирот од невидливите духови.[5]
Англија
[уреди | уреди извор]- Блу Бел Хил во Кент, поточно патот A229. Ова е местото каде што фантомска женска личност стопира. Колите застануваат да ја качат, а нејзе потоа ја снемува.[1] Архивирано на 5 март 2007 г..
- Чилингемски замок, сместен во Нортамбрија, Англија. Страда од духови повеќе од 800 години. Бројни духови се видени овде и се смета за најопседнато место во цела Англија.
- Во Дорсет се појавува дух со секира, кој јава на коњ. Од очевидците е опишан како воин од камено време.[8]
- Замокот Виндзор — домот на британското кралско семејство. Бројни духови се видени овде, вклучувајќи го и духот на кралицата Елизабета I, и нејзината мајка, Ана Болејн, која е видена како трча низ ходниците врескајќи. Меѓу очевидците е и кралот Џорџ VI, потоа Вилијам Гладстон и Ендрју, Војводата од Јорк.[9][10]
Јапонија
[уреди | уреди извор]- Аокигахара, шума во подножјето на планината Фуџи, е позната локација каде се извршени многу самоубиства. Можеби затоа оваа шума се смета за полна со духови.[11]
Канада
[уреди | уреди извор]- За владината куќа во Реџина, Саскачеван се зборува дека ја напаѓаат духови на деца, слуги, дури и еден бивш готвач. Се слуша смеење на деца и чекори, мебелот сам се поместува, а во огледалата се појавуваат страшни ликови.[12]
- Николас Стрит Гаол во Отава, Онтарио, се вели дека е опседнат од духот на човек кој погрешно е обвинет за убиство и погубен. Зградата денес е младински хотел, но најгорниот спрат е оставен каков што бил пред сто години.[13]
Кина
[уреди | уреди извор]- Автопат Туен Мун, Хонгконг - Во текот на повеќе години, стотици луѓе изјавиле дека овој автопат е опседнат од духови Уште од 1978 година, многу животи згаснале овде поради сообраќајни незгоди. Високата смртност на овој автопат се обвинува за појавата на духови кои наеднаш излегуваат пред возачите на сред пат, со што предизвикуваат нагло вртење настрана со цел да бидат избегнати. Најчесто духовите се појавуваат ноќе.[14]
Македонија
[уреди | уреди извор]САД
[уреди | уреди извор]- Гробиштата во Истон, Конектикат, кои датираат од 1600-те години, се најпосетуваните гробишта во цела држава од страна на духови. Неколкумина очевидци успеале да фотографират некои од духовите, меѓу кои се појавува и една „Бела дама“, за која се вели дека е снимена и на видеокамера. „Белата дама“ често се појавува на патот кој е излез од гробиштата.[15][16][17]
- Слипи Холоу, Њујорк и околните шуми во долината на реката Хадсон се дома на повеќе духови, вклучувајќи ја и легендарната „Дама во бело“ и „Јавачот без глава“. Жителите на тоа место со векови раскажуваат дека „Јавачот без глава“ се појавува во мрачна и облачна ноќ.[18]
Хималаи
[уреди | уреди извор]- Монт Еверест - Дух на алпинист се појавува пред очевидците, меѓу кои двајца во 1975 година изјавиле дека го делеле скривалиштето со духот за време на нивното искачување. Некои веруваат дека ова е духот на алпинистот Ендрју Ирвин, кој исчезнал заедно со Џорџ Малори во 1924 година.[19]
Шкотска
[уреди | уреди извор]- Единбуршки замок - има многу духови, меѓу кои и еден тапанџија кој се појавува само кога замокот е во опасност од напад, како и еден гајдаџија кој исчезнал во тунелите меѓу замокот и Хај Стрит.[20]
Шпанија
[уреди | уреди извор]- Леркаро палата - кој се наоѓа во градот Сан Кристобал де ла Лагуна, тоа е духот се појавува Каталина Леркаро, кој според легендата, изврши самоубиство со скокање во јама на неговата палата се принудени да се омажи за човек што не го сакал.[21]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Jack Wong Sue and Barry Sue. Ghost of the Alkimos. (Revised edition: Perth, 2005)
- ↑ LovePerth (15 September 2012). „Alkimos“. Посетено на 2012-09-15.[мртва врска]
- ↑ Ghost Research International
- ↑ Beechworth Ghost Tours Information Архивирано на 10 декември 2008 г. Accessed 6/9/08
- ↑ Ghost Research International
- ↑ „Walks of London - 50 Berkeley Square The Most Haunted House In London“. Архивирано од изворникот на 2014-01-22. Посетено на 2007-12-19.
- ↑ Underwood, Peter (1992). The A-Z of British Ghosts. London: Chancellor Press. ISBN 1-85152-194-1.
- ↑ „Well-Known Ghosts 2“. Архивирано од изворникот на 2008-12-03. Посетено на 2008-11-15.
- ↑ „Castles with Ghosts“. Архивирано од изворникот на 2008-10-23. Посетено на 2008-11-15.
- ↑ Windsor Castle Ghosts
- ↑ Iwasaka, Michiko and Toelken, Barre. Ghosts and the Japanese: Cultural Experiences in Japanese Death Legends, Utah State University Press, 1994. ISBN 0-87421-179-4
- ↑ „Old Government House is a little haunt on the Prairies“. Посетено на 24 September 2008.
- ↑ „When jails can be fun to stay in“. Daily Excelsior. Архивирано од изворникот на 2008-12-10. Посетено на 28 January 2007.
- ↑ „Do You Believe that Ghosts are Real?“. nowpublic news. Архивирано од изворникот на 2008-11-04. Посетено на 28 January 2007.
- ↑ Ed and Lorraine Warren with Robert David Chase Graveyard. St. Martin's Press, 1992
- ↑ Joseph A. Citro Weird New England. Sterling Publishing Co., 2005
- ↑ Cheri Revai Haunted Connecticut. Stackpole Books, 2006
- ↑ http://en.wikipedia.org/wiki/Headless_Horseman
- ↑ International Haunted Places
- ↑ „Haunted Castles“. Архивирано од изворникот на 2008-12-10. Посетено на 2008-11-15.
- ↑ El fantasma de Catalina Lercaro. Curiosidades y leyendas de la historia lagunera.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Eastern America Paranormal Society (EAPS) Архивирано на 7 март 2016 г.
- Haunted Locations Архивирано на 17 декември 2008 г.
- Haunted Places
- UK Haunted Locations
- Weird U.S.
- Mysterious Britain & Ireland