Султан Ахмедова џамија
Султан Ахмедова џамија Sultanahmet Camii | |
---|---|
Султан Ахмедова џамија | |
Основни податоци | |
Место | Истанбул, Турција |
Координати | 41°00′19″N 28°58′36″E / 41.00528° СГШ; 28.97667° ИГД |
Припадност | ислам |
Епархија | Еминон |
Осветен | 1609 |
Архитектонски опис | |
Архитект(и) | Седефкар Мехмед Ага |
Архитектонски тип | џамија |
Завршен | 1616 |
Особености | |
Сместивост | 10.000[ |
Должина | 72 м |
Ширина | 64 м |
Висина на куполата (надв.) | 43 м |
Минариња | 6 |
Материјали | гранит, порцелан, плочки |
Џамијата „Султан Ахмед“ (турски: Sultanahmet Camii) — муслимански храм во Истанбул, Турција. Изградена од истакнатиот архитект Седефкар Мехмед-ага по наредба на султанот Ахмед I во периодот од 1609 до 1616 г. Поради своите бои — сина, зелена и бела, од плочка од порцелан, во Европа исто така е позната и како „Сина џамија“ (Mavi Camii).
Џамијата Султан Ахмед е првата џамија во Османлиското Царство, која има 6 минариња. Големината на молитвениот простор е 64 x 72 метри.
Историја
[уреди | уреди извор]По склучувањето на мирот во Житваторок и неповолните воени резултати со Персија, султанот Ахмед I решил да изгради голема џамија во Цариград сè со цел да може подобро да ги слуша заповедите на Алах. Оваа џамија била првата т.н. царска џамија која била изградена во Османлиското Царство. Со оглед на тоа што неговите претходници џамиите ги граделе со помош на воениот плен, султанот Ахмед морал да ги повлече средствата од државната каса, затоа што тој не победил во многу значајни војни и битки.
Џамијата била изградена на местото на царскиот дворец во Цариград, во близина на Света Софија (во тоа време главна џамија во Цариград). Големи делови од јужната страна од џамијата се темелат врз основите и сводовите на царскиот дворец во Цариград. Голем дел од сфендата (трибина распоредена како полукружен амфитеатар) на хиподромот биле отстранети за да се направи простор за новата џамија.
Изградбата на џамијата започнала во август 1609 година. Како главен архитект бил назначан Седефкар Мехмед-ага, ученик и асистент на познатиот архитект Мимар Синан. Организацијата на работата била опишана во детали во осум тома, кои денеска се наоѓаат во библиотеката на Топкапи-сарај. Објектот е официјално отворен во 1617 година (иако натписот на портата на џамијата вели дека е во 1616). Позната како Сината џамија, Султан Ахмедовата џамија е една од најимпресивните споменици во светот.
Џамијата била прикажана на банкнотите од 500 турски лири, кои биле во оптек од 1953 до 1976 година.[1]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Дизајнот на Султан Ахмедовата џамија претставува кулминација на двата века постоење на Османлиското Царство. Таа вклучува некои византиски елементи од соседните Света Софија со традиционална исламска архитектура и се смета дека е последната голема џамија од класичниот период. Архитектот повеќе ги имал спроведено идеите на Мимар Синан, но сепак освен големината на џамијата, величественост и раскош, во внатрешноста на објектот недостасува креативна мисла.
Надворешност
[уреди | уреди извор]Фасадата на пространството пред дворот била изградена на ист начин и стил како и фасада на Сулејмановата џамија, освен додадените минариња и куполи. Дворот се наоѓа околу самата џамија, и е окружен со аркада (ревак). Во центарот на дворот се наоѓа шестстрана фонтана, која изгледа мала во однос на димензиите на дворот. Нејзината полукупола има сталактитска структура.
На западниот влез во горниот дел на портата се наоѓа тежок метален синџир, и преку овој влез можел да минува само султанот на коњ. Ланецот бил ставен на таа позиција при што морало султанот да ја наведне главата пред да влезе во џамијата. Целта на овој ланец била симболична односно преку неа се обезбедувала божјата близина на султанот.
Внатрешност
[уреди | уреди извор]Долните делови на внатрешните ѕидини и столбови во џамијата, се украсени со повеќе од 20.000 рачно изработени керамички плочки направени во Изник (древна Никеја). Додека пониските нивоа на плочки се во традиционален дизајн, во една од горните галерии се претставени различни видови на цвеќе, овошје и чемпрес. Повеќе од 20.000 плочки биле направени под надзор на грнчарот Касика Хасан, Мустафа и Мерсин Ефенди од Аванос (Кападокија).
Горните нивоа во внатрешноста се со доминантна сина боја, но со слаб квалитет. Најважниот елемент во внатрешноста на џамијата е михработ кој е направен од резбан мермер и сталактит. Соседните ѕидови се обложени во керамички плочки. Веднаш до него се наоѓа минберот, односно местото во џамијата од каде имамот проповеда молитва. Внатрешноста на џамијата е направена на начин којшто дозволува сите верници да го гледаат имамот при проповедањето.
Кралски киоск се наоѓа во југоисточниот агол. Тој се состои од една платформа, ложа и две мали соби за одмор кои се поврзани со царската ложа. Многуте светилки во внатрешноста на џамијата некогаш биле покриени со злато и скапоцени камења [2]. Некогаш овде имало голем број на стаклени кристални чаши, а некои од нив денеска се наоѓаат низ музеите во Истанбул[3].
Минариња
[уреди | уреди извор]Султан Ахмедовата џамија е една од двете џамии во Турција која има шест минариња. Другата е џамијата Шабанџи Меркез во Адана. Кога бројот на минариња бил обелоденет, султанот бил критикуван дека е многу самоуверен и дрзок, бидејќи во тоа време, ист број на минариња во тоа време имала само џамијата Масџид ал-Харам во Мека. Овој проблем бил надминат кога во џамијата во Мека било изградено уште едно, седмо минаре. Четири минариња се наоѓаат во аглите на џамија. Секое минаре има шерефе.
Посетата на папата
[уреди | уреди извор]Папата Бенедикт XVI при својата посета на Турција, на 30 ноември 2006 година ја посетил Султан Ахмедовата џамија. Тоа означува само втора посета на еден папа во муслиманско светилиште. Тој со затворени очи, заедно со Мустафа Кагричи и Емрулах Хатипоглу се свртиле кон Мека искажувајќи молитва[4].
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Ислам во Турција
- Список на џамии
- Исламска архитектура
- Османлиска архитектура
- Аја Софија
- Селимова џамија
- Сулејманова џамија
Медиуми
[уреди | уреди извор]Галерија
[уреди | уреди извор]-
Џамијата во 1895 година
-
Џамијата ноќе
-
фонтаната пред џамијата
-
Поглед од Султан Ахмедскиот плоштад, во близина на Аја Софија
-
Залез над Босфорот, лево е Сината џамија а право е Света Софија
-
Внатрешниот двор со една од главните порти
-
Верници
-
Ентериер на џамијата
-
Поглед на џамијата од дворот
-
-
Белешки
[уреди | уреди извор]- ↑ Central Bank of the Republic of Turkey Архивирано на 15 јуни 2009 г.. Banknote Museum: 5. Emission Group - Five Hundred Turkish Lira - I. Series Архивирано на 4 февруари 2009 г., II. Series Архивирано на 4 февруари 2009 г., III. Series Архивирано на 4 февруари 2009 г. & IV. Series Архивирано на 4 февруари 2009 г.. – Посетено на 20 април 2009.
- ↑ Naima M., Annals of the Turkish Empire from 1591 to 1659 of the Christian Era; Frazer, London, 1832
- ↑ Tournefort, J.P., Marquis de, Relation d'un voyage du Levant, Amsterdam, 1718
- ↑ Pope makes Turkish mosque visit
Наводи
[уреди | уреди извор]- Goodwin G., "A History of Ottoman Architecture"; Thames & Hudson Ltd., London, reprinted 2003; ISBN 0-500-27429-0
- Turner, J. (ed.) - Grove Dictionary of Art - Oxford University Press, USA; New edition (2 јануари, 1996); ISBN 0-19-517068-7
- Sheila S. Blair, Jonathan M. Bloom - "The Art and Architecture of Islam, 1250-1800", Yale University Press, 1994; ISBN 0-300-05888-8
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Султан Ахмедова џамија“ на Ризницата ? |
|