Тамуз
Изглед
За други значења на поимот, погл. Тамуз (појаснување).
← сиван тамуз (תמוז) ав → | ||||
---|---|---|---|---|
Во тамуз се случил идолопоклоничкиотгрев на Златното теле, по што Мојсеј ги искршил плочките со Десетте Божји заповеди. | ||||
Реден број: | 4 | |||
Денови: | 29 | |||
Годишно време: | лето | |||
Грегоријански: | јуни–јули |
Тамуз (хебрејски: תמוז) — десеттиот месец од граѓанскиот и четвртиот месец од верскиот еврејски календар. Ова е летен месец со 29 дена, кој се совпаѓа со јуни-јули од грегоријанскиот календар.
Името на месецот е прифатено од асирско-вавилонскиот календар, каде истиот е наречен по еден од поважните месопотамски богови — Тамуз, за кој се зборува во Езекил 8:14.[1]
Меѓу другото, тамуз е и месец во современиот асирски календар на асирските христијани.
Празници во тамуз
[уреди | уреди извор]17 тамуз: Седумнаесетти тамуз (Шива асар бетамуз) — жаловен пост во сеќавање на заземањето на Ерусалим од вавилонскиот цар Навуходоносор.[2]
На други јазици
[уреди | уреди извор]- Во Ирак и Левантот, „тамуз“ (ﻤﻮﺯ) се нарекуа месецот јули. На турски истиот се нарекува „темуз“ Temmuz, а на сириски гласи ܬܡܘܙ. Во Либан, Сирија и Палестинскиот територии, Израелско-либанската војна од 2006 г. се нарекува Харб тамуз (حرب تموز, „Јулска војна“) според арапскиот обичај да се именуваат војните со Израел по месеци од годината.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Езекил 8:14, Библија на македонски јазик: Стар завет, стр. 385 PDF
- ↑ Данон, Цадик (2008). „Пости: Постот Шива асар бетамуз“. Основни поими на јудаизмот. прев. Марија Алексиќ (II. изд.). Скопје: Еврејска заедница во Република Македонија. стр. 76. ISBN 9989-102-14-7.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Овој месец во еврејската историја (англиски)
|