Телтов
Телтов | ||
Главниот плоштад и црквата Св. Андреј | ||
Управа | ||
Земја | Германија | |
---|---|---|
Покраина | Бранденбург | |
Округ | Потсдам-Мителмарк | |
Градски единици | 2 | |
Градоначалник | Томас Шмит (СДП) | |
Основни податоци | ||
Површина | 21,54 км2 | |
Надм. височина | 39 м | |
Население | 27.697 (31 декември 2022)[1] | |
- Густина | 1.286 жит/км2 | |
Други информации | ||
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) | |
Рег. табл. | PM | |
Пошт. бр. | 14513 | |
Повик. бр. | 03328 | |
Портал | www.teltow.de | |
Местоположба на градот Телтов во рамките на округот Потсдам-Мителмарк | ||
Координати | 52°24′8″N 13°16′14″E / 52.40222° СГШ; 13.27056° ИГД |
Телтов (германски: Teltow) — град во округот Потсдам-Мителмарк, во сојузната покраина Бранденбург, Германија.
Географија
[уреди | уреди извор]Телтов е дел од метрополитенската област Берлин/Бранденбург. Оддалечен е од Берлин 17 километри, додека растојанието до Потсдам е 15 километри.
Каналот Телтов ја поврзува реката Хафел близу градот Потсдам со реката Даме близу Кепеник во источните предградија на Берлин. Оди кон север на Телтов, создавајќи граница помеѓу Бранденбург и Берлин.
Главната железничка станица Телтов-Штат е дел од линија С25 на берлинската С-Железница. Железничката станица Телтов е околу 2 километри на југоисток и е опслужуван од регионалните линии 3, 4 и 5.
Историја
[уреди | уреди извор]Населбата била првпат спомената во декрет од 1265 издаден од маркгрофот Отон Трети. Го добил своето име од истоимената висорамнина. Телтов бил порано познат по својата репка (Teltower Rübchen, која била особено популарна во XVIII и XIX век. Главната знаменитост во градот е протестантската црква Св. Андреј од 12 век, повторно изградена во 1812 според плановите од Карл Фридрих Шинкел. Била насликана од Лионел Фајнингер во неговата слика Телтов II од 1918.
Телтов се граничел со поранешниот Западен Берлин и поради тоа во периодот 1961-1990 била одделена од Берлинскиот ѕид.
Денешниов град била основана во 1994 со спојување на Телтов и поранешното село Рулсдорф. Забележал силен пораст на населението од падот на Берлинскиот ѕид и повторното обединување на Германија.
Меѓународни односи
[уреди | уреди извор]Телтов е збратимен со:
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Население на Бранденбург по општини и општински заедници] на 31 декември 2022 г.“ (PDF). Статистичка служба за Берлин и Бранденбург. јуни 2023. (германски)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Телтов“ на Ризницата ? |
|