Тера Телевизија
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
ТЕРА телевизија е една од првите приватни комерцијални ТВ станици во Република Македонија. Започна со емитување на сопствена програма на 7 април 1993 година. Првите неколку години како локална ТВ станица која го покриваше со својот сигнал градот Битола, а од 1996 година, со поставување на дополнителна предавателна мрежа, ја прошири својата видливост покривајќи го Пелагонискиот Регион (Битола, Прилеп, Крушево, Демир Хисар со околините).
ТЕРА Телевизија беше една од првите ТВ станици која ја започна сопствената кампања против пиратството, таа создаде автентичан ТВ израз кој бројни ТВ станици од Македонија подоцна почнаа да го применуваат. Резултатите на истражувањата на гледаност и рејтинзите долги години ја позиционираа во првите 10 ТВ станици во Република Македонија.
Ориентирана е кон продукција на информативна програма, забавни емисии, но и документарни проекти кои беа познати по нивната уметничка вредност и по третирањето на маргинализирани теми. Особено беше значењето на ангажманот во мултиетнички проекти кои од првиот миг ја афирмираа мултилигвалноста на различните етнички заедници.
Програмската ориентација на ТЕРА Телевизија произлегува од нејзиниот карактер на комерцијална ТВ станица со изразен информативен профил. На тој начин се дефинирани и програмските појаси. Приоритет при конципирањето на програмата има информативната програма. Во 2014 година ТЕРА Телевизија започна со работа на својот сигнал во Full HD.
Со новиот концепт на оваа ТВ станица цврсто одлучи детално да ја третира локалната проблематика, за вредноста на вкупното живеење што ја исклучуваат припадноста на дневно-актуелните политички опции. Со тоа опстојува на автономниот пристап да биде израз и одраз на развојните потреби на заедницата. За оваа нејзина мисија определувачка е интеракцијата со публиката. Телевизискиот третман на актуелните состојби во регионот освен во изданијата вести, се појавува и во магазинските, tаlk show програмите во која редовна е инволвираноста на граѓаните.
Овде мора да се потенцира децениската мисија на оваа ТВ станица во третирањето на етничките прашања и развивањето на меѓуетничките односи. Бројни се примерите на ТЕРА продукцијата во која се третираат заедничките вредности на обединувањето, а не на разидинувањето, како и соодветно однесување кон квалификацијата на одредени појави и настани.
Оваа ТВ станица е скоро изолиран пример со отсуство на коментаторот, како модел кој го потценува интелектуалниот потенцијал на гледачот, сервирајќи му веќе веќе готово мислење по одредена проблематика. ТЕРА телевизија беше и останува на страната на гледачите, а тие ја чувствуваат како своја телевизија.
Емисии
[уреди | уреди извор]- Директно
- Компас
- Блиски средби
- Пријатели
- Детски Парламент
- Град
- Ритамот на градот
- Нова
- Другата јас
- Металманиа
- Фолк метар
- Патуваме откриваме
- Спорт тип магазин
- Паљо талк-шоу
- На проба
- Волшебно сонце
- Ѕвезди
- Имај време за
- Кога ќе заѕвони - ЕУРЕКА
- Модерни пајтони
Надворешна врска
[уреди | уреди извор]
|