Прејди на содржината

Тобајас Херис

Од Википедија — слободната енциклопедија
Тобајас Херис

Херис со Орландо Меџик
Херис со Орландо Меџик

Лични информации
Роден на 15 јули 1992(1992-07-15)(32 г.)
Роден во Ислип, Њујорк
Националност САД САД
Позиција крило, крилен центар
Информации за кариерата
Колеџ Тенеси (2010–2011)
Драфт 2011 / Рунда: 1 / Пик: 19
Избран од:
Шарлот Шарлот Бобкетс
Проф. кариера 2011-
Моментален клуб
Клуб Филаделфија Филаделфија 76ерс
Број 12
Сениорски клубови
Години: Клубови:
2011—2013
2013—2016
2016—2018
2018—2019
2019—
Милвоки Милвоки Бакс
Орландо Орландо Меџик
Детроит Детроит Пистонс
Л.А. Клиперс Л.А. Клиперс
Филаделфија Филаделфија 76ерс


Тобајас Херис (роден на 15 јули 1992 година) е американски кошаркар, крило на Филаделфија Севентисиксерс во НБА.

Херис одиграл една кошаркарска колеџ сезона со екипата на Тенеси, пред да биде драфтуван во летото 2011 од Шарлот Бобкетс, како 19-ти пик во првата рунда, а подоцна бил разменет со други играчи и завршил во Милвоки Бакс.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Тобајас е постар брат на Тајлер Херис и братучед на Ченинг Фрај, кои исто така се професионалнии кошаркари.[1][2]

Колеџ кариера

[уреди | уреди извор]

Херис играл кошарка на колеџ за Тенеси Волунтирс. Во неговата фрешмен (бруцошка) година, сезоната 2010-2011 тренер на Волунтирс бил Брус Перл. Тој играл на позицијата поинт форвард, нешто како микс помеѓу крило и плејмејкер, во нападот на Перл. Тој бил оценет како еден од најпостојаните и најразноврсните играчи на нацијата во неговата генерација. Херис бил рангиран како 5-ти помеѓу сите фрешмен играчи со просек од 15.3 бода и 7.3 скокови по натпревар. Тој бил избран и во Ол-Фрешмен тимот за таа сезона.

На 9 мај 2011 година, Херис објавил дека ќе се пријави за НБА Драфтот, откажувајќи се од последните три години на колеџ.[3]

Статистика на колеџ

[уреди | уреди извор]
Година Екипа ОН СН МПН ПШИ 3П% СФ% СкПН АсПН УТПН БлПН ППН
2010–2011 Тенеси 34 33 29.2 .460 .303 .753 7.3 1.3 .7 .9 15.3

Професионална кариера

[уреди | уреди извор]

Милвоки Бакс (2011-2013)

[уреди | уреди извор]

На 23 јуни 2011 година, Херис бил избран како 19-ти пик на НБА драфотот 2011 од Шарлот Бобкетс. Меѓутоа тој бил разменет во Милвоки Бакс вечерта на денот на драфтот.[4] На 10 декември 2011, тој го потпишал неговиот руки договор со Бакс.[5] Херис го направил своето деби во НБА на 7 јануари 2012 година против Лос Анџелес Клиперс, пред да биде најдобар стрелец на својот тим со 15 коша ден подоцна во натпреварот против Финикс Санс на 8 јануари. Тој се појави во 42 натпревари за време на неговата дебитантска сезона (во девет како стартер), забележувајќи во просек 5.0 бода, 2.4 скока и 0.5 асистенции за 11.4 минути по натпревар.

На 24 октомври 2012 година, Бакс ја искористиле својата опција за продолжување на руки договорот за трета година, со која Херис требало да остане во клубот и за сезоната 2013-2014.[6]

Орландо Меџик

[уреди | уреди извор]

На 21 февруари 2013 година, Херис бил разменет, заедно со Дорон Ламб и Бено Удрих во Орландо Меџик, во замена за Џеј Џеј Редик, Густаво Ајон и Иш Смит.[7] Времето на играње на Херис забележало значителен пораст во Орландо, а и неговите статистики го следеле истото. Херис за повеќе од трипати ги зголемил своите бодови во просек по натпревар, и за повеќе од четири пати го зголемил бројот на својте скокови, асистенции и блокади по натпревар.

На 26 октомври 2013 година, Меџик ја искористиле својата тимска опција за задржување на Херис за четврта година, продолжувајќи му го договорот преку сезоната 2014-2015.[8]

На 24 јануари 2014 година Херис забележал 28 бода и највисоки во кариерата 20 скокови во победата со 114-105 над Лос Анџелес Лејкерс.[9] На 2 март 2014 година, тој постигнал највисоки во кариерата 31 бод во победата 92-81 над Филаделфија Севентисиксерс.[10]

На 6 февруари 2015 година, Херис поставил нов рекорд во својата НБА кариера постигнувајќи 34 бода во победата со 103-97 над Лос Анџелес Лејкерс.[11]

На 14 јули 2015 година, Херис повторно нов четиригодишен договор со Меџик вреден 64 милиони долари.[12][13]

Детроит Пистонс

[уреди | уреди извор]
Херис во дресот на Детроит Пистонс во октомври 2017

На 16 февруари 2016 година, Херис бил трејдуван во Детроит Пистонс во замена за Ерсан Илијасова и Брендон Џенингс.[14][15] Три дена подоцна тој го направил своето деби за Пистонс, постигнувајќи 21 бод од клупата во поразот со 98-86 од Вашингтон Визардс.[16][17] Пистонс го завршиле регуларниот дел од сезоната како осми во Источната конференција со скор од 44-38, и за првпат по 2009 година се пласирале во плејофот. Тоа било прво учество во НБА плејофот за Херис, кој стартувал во секој од четирите натпревари (со просек од 14.5 бода, 9.5 скокови и 3 асистенции) во серијата од првата рунда против Кливленд Кавалиерс, во која Пистонс биле исчистени со 4-0.

Следната сезона Херис ја започнал во почетната петорка на Пистонс, но кон крајот на декември го загубил местото од Џон Луер.[18] На 23 декември 2016 година, Херис за првпат во сезоната 2016-2017 започнал натпревар од клупата и подоцна успеал да постигна највисоки за него во сезоната 26 бода во поразот со 119-113 од Голден Стејт Вориорс.[19] Тој подоцна се вратил во почетната постава и на 11 март 2017 година, го поправил својот сезонски учинок достигнувајќи до 28 бода во победата од 112-92 над Њујорк Никс.[20]

Во сезоната 2017-2018, Херис повторно е стартер за Пистонс но сега во нова улога, на позицијата крилен центар, по заминувањето на Маркус Морис во Бостон Селтикс. На 25 октомври 2017 година, Херис го изедначил својот најдобар резултат во кариерата постигнувајќи 34 бода во победата со 122-101 над Минесота Тимбервулфс.[21] На 13 ноември 2017 година, тој бил избран за играч на неделата во Источната конференција за неделата од понеделник 6 ноември до недела 12 ноември.[22] На 26 декември 2017, Херис постигнал 21 бод во првата четвртина од својте 30 во победата на Пистонс над Индијана Пејсерс со 107-83.[23]

Лос Анџелес Клиперс

[уреди | уреди извор]

На 29 јануари 2018, Херис заедно со соиграчите Ејвери Бредли и Бобан Марјановиќ, како и еден иден пик во првата рунда и еден иден пик во втората рунда, бил трејдуван во Лос Анџелес Клиперс во замена за Блејк Грифин, Брајс Џонсон и Вили Рид.[24][25]

НБА статистика на кариерата

[уреди | уреди извор]

Општи податоци

[уреди | уреди извор]

Статистика од 24 декември 2017

Легенда
  ОН Одиграно натпревари   СН  Натпревари како стартер  МПН  Минути по натпревари
 ПШИ%  Процент на шут од игра  3П%  Процент на шут за три бода  СФ%  Процент на шут за слободни фрлања
 СкПН  Скокови по натпревар  AсПН  Асистенции по натпревар  УТПН  Украдени топки по натпревар
 БлПН  Блокади по натпревар  ППН  Поени по натпревар  Задебелено  Најдобро во кариерата

Регуларен дел од сезоната

[уреди | уреди извор]
Година Екипа ОН СН МПН ПШИ 3П% СФ% СкПН АсПН УТПН БлПН ППН
2011-2012 САД Милвоки 42 9 11.4 .467 .261 .815 2.4 .5 .3 .2 5.0
2012-2013 САД Милвоки 28 14 11.6 .461 .333 .885 2.0 .5 .3 .3 4.9
2012-2013 САД Орландо 27 20 36.1 .453 .310 .721 8.5 2.1 .9 1.4 17.3
2013-2014 САД Орландо 61 36 30.3 .464 .254 .807 7.0 1.3 .7 .4 14.6
2014-2015 САД Орландо 68 63 34.8 .466 .364 .788 6.3 1.8 1.0 .5 17.1
2015-2016 САД Орландо 49 49 32.9 .464 .311 .784 7.0 2.0 1.0 .6 13.7
2015-2016 САД Детроит 27 25 33.4 .477 .375 .911 6.2 2.6 .7 .4 16.6
2016-2017 САД Детроит 82 48 31.3 .481 .347 .841 5.1 1.7 .7 .5 16.1
Кариера 384 264 28.8 .469 .332 .809 5.6 1.6 .7 .5 13.8
Година Екипа ОН СН МПН ПШИ 3П% СФ% СкПН АсПН УТПН БлПН ППН
2016 САД Детроит 4 4 39.0 .457 .333 .923 9.5 3.0 .8 .8 14.5
Кариера 4 4 39.0 .457 .333 .923 9.5 3.0 .8 .8 14.5
  1. Sinor, Wesley (May 15, 2015). „Auburn basketball lands Big East transfer Tyler Harris“. AL.com. Посетено на May 15, 2015.
  2. Mayo, David (April 15, 2016). „Cousins Tobias Harris of Pistons, Channing Frye of Cavs square off in playoffs“. MLive.com. Посетено на December 23, 2016.
  3. „HARRIS, HOPSON DECLARE FOR NBA DRAFT“. UTSports.com. May 9, 2011. Архивирано од изворникот на 2016-05-24. Посетено на May 9, 2011.
  4. Madden, Frank (June 24, 2011). „NBA Draft 2011: Big trade, Tobias Harris and Jon Leuer highlight Milwaukee Bucks' busy draft day“. BrewHoop.com. Посетено на June 24, 2011.
  5. Garner, Charles F. (December 10, 2011). „Bucks match offer for Mbah a Moute“. JSOnline.com. Посетено на December 10, 2011.
  6. „Bucks Exercise Contract Options on Harris, Sanders and Udoh“. NBA.com. Turner Sports Interactive, Inc. October 24, 2012. Посетено на March 30, 2013.
  7. „Magic Acquire Harris, Lamb and Udrih From Milwaukee; Warrick from Charlotte“. NBA.com. Turner Sports Interactive, Inc. February 21, 2013. Посетено на March 30, 2013.
  8. „Magic Exercise Contract Options on Harkless, Harris, Nicholson and Vucevic“. NBA.com. Turner Sports Interactive, Inc. October 26, 2013. Посетено на December 21, 2014.
  9. Scanlon, Dick (January 24, 2014). „Notebook: Magic 114, Lakers 105“. NBA.com. Turner Sports Interactive, Inc. Посетено на January 24, 2014.
  10. Scanlon, Dick (March 2, 2014). „Notebook: Magic 92, 76ers 81“. NBA.com. Turner Sports Interactive, Inc. Посетено на March 2, 2014.
  11. „Harris scores 34, Magic down Lakers 103-97 in overtime“. ESPN.com. February 6, 2015. Посетено на October 25, 2017.
  12. Denton, John (July 14, 2015). „Harris Thrilled to Be Back With Magic“. NBA.com. Turner Sports Interactive, Inc. Посетено на July 15, 2015.
  13. Broussard, Chris (July 3, 2015). „Tobias Harris agrees to four-year, $64 million deal with Magic“. ESPN.com. Посетено на July 15, 2015.
  14. „Detroit Pistons Acquire Forward Tobias Harris“. NBA.com. Turner Sports Interactive, Inc. February 16, 2016. Посетено на February 16, 2016.
  15. Lowe, Zach (February 16, 2016). „Tobias Harris is worth Detroit's time“. ESPN.com. Посетено на March 22, 2017.
  16. Quillen, Ian (February 19, 2016). „Wall scores 22 points to help Wizards beat Pistons 98-86“. NBA.com. Turner Sports Interactive, Inc. Посетено на February 19, 2016.
  17. Langlois, Keith (February 19, 2016). „Harris' sparkling debut can't save Pistons in post-break loss at Washington“. NBA.com. Turner Sports Interactive, Inc. Посетено на February 19, 2016.
  18. Leuer-for-Harris swap has helped Detroit Pistons - so far
  19. „Durant scores 32 in 31 minutes, Warriors top Pistons 119-113“. ESPN.com. December 23, 2016. Посетено на December 24, 2016.
  20. Langlois, Keith (March 11, 2017). „Pistons get back to .500 as Harris leads 20-point win over Knicks“. NBA.com. Посетено на July 20, 2017.
  21. „Harris scores 34, Pistons rout Timberwolves 122-101“. ESPN.com. October 25, 2017. Посетено на October 25, 2017.
  22. „Detroit Pistons Forward Tobias Harris Named Eastern Conference Player of the Week“. NBA.com. November 13, 2017. Посетено на November 14, 2017.
  23. „Smith scores 30 as Pistons crush Pacers“. ESPN.com. December 26, 2017. Посетено на December 26, 2017.
  24. „Press Release: L.A. Clippers Acquire Harris, Bradley, Marjanović, First & Second-Round Picks“. NBA.com. January 29, 2018. Посетено на January 30, 2018.
  25. „Detroit Pistons acquire Blake Griffin, Willie Reed, Brice Johnson from LA Clippers“. NBA.com. January 30, 2018. Посетено на January 30, 2018.
  26. 26,0 26,1 26,2 26,3 26,4 „Најдобро во НБА кариерата“. basketball.realgm.com. Посетено на 21 декември 2017.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]