Третјаковска галерија
Основан | 1856 |
---|---|
Место | Москва, Русија |
Тип | ликовен музеј |
Мреж. место | tretyakov.ru |
Државна Третјаковска галерија (рус. Государственная Третьяковская Галерея, ГТГ) — ликовен музеј во Москва, Русија, е најзначајната ризница на руска фина уметност во светот.
Историјата галеријата започнува во 1856 кога московскиот трговец Павел Михајлович Третјаков (1832-98) набавил дела од руски уметници во неговото време со цел за создавање на збирка, која подоцна би прераснала во музеј на национална уметност [1]. Во 1892, Третјаков ѝ ја подарил неговата веќе прочуена збирка на руската нација.
Фасадата на објектот е дело на сликарот Виктор Васнецов во необичен стил на руските сказни. Изграден е во периодот 1902-04 јужно од Московскиот кремљ. За време на XX век, галеријата се проширила во неколку соседни згради, меѓу кои и црквата Св. Никола во Толмачи (XVII век).
Збирката содржи повеќе од 130.000 поставки, од „Владимирската Богородица“ и „Троица“ од Андреј Рубљов, па сѐ до монументалната Композиција VII од Василиј Кандински и Црн квадрат од Казимир Малевич. Во 1977 галеријата држела голем дел од збирката збирката на Георгиј Костаки.
Галерија на современа уметност
[уреди | уреди извор]Во 1985, Третјаковската галерија административно се спола со галерија на современа уметност, сместена во голема современа зграда долж Градинскиот прстен, веднаш јужно од Кримскиот мост . На теренот на оваа гранка на музејот се наоѓа збирка на соцреалистичка склуптури, во која спаѓаат и маркантни дела како легендарната статуа на „Железниот Феликс“ (Феликс Ѓержински) од Евгениј Вучетич (која била преместена од Лубјанскиот плоштад во 1991), статуата „Ковај!“ со работник како кова меч, и споменикот „Млада Русија“. Близу се наоѓа и 86-метарската статуа на Петар Велики од Зураб Церетели, една од највисоките статуи на светот.
-
Споменикот „Ковај!“
-
Споменикот „Млада Русија“
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „www.tretyakovgallery.ru“. Архивирано од изворникот на 2011-08-12. Посетено на 2010-10-07.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Третјаковската галерија (англиски) (руски)
- Ремек-дела на Третјаковската галерија (англиски)
- Икони од збирката на Третјаковската галерија (англиски)
- Посета на Третјаковската галерија Архивирано на 20 септември 2007 г. - корисни информации како часови на работа и контакти (англиски)
|