Клубот е основан во 1889 година. Најголемиот период од своето постоење Брентфорд го поминал играјќи во понисиките лиги на англискиот фудбал. Својот најголем успех клубот го остварил во сезоната 1935-1936, кога го освоил петттото место во старата Прва дивизија, што е нивниот највисок лигашки пласман до денес. Покрај тоа Брентфорд, исто така, четири пати стигал до четвртфиналето на ФА купот и трипати бил финалист во Трофејот на фудбалската лига. Во сезоната 2020-2021, како победник на плејофот во Чемпионшип, Брентфорд изборил промоција во Премиер лигата за првпат во својата историја. Така, тие се вратиле во најсилната фудбалска лига на Англија после 74 години.
Прекарот на клубот се пчели. Од 1904 година, својте домашни натпревари Брентфорд ги игра на Брентфорд Комјунити Стедиум, кој има нешто повеќе од 17,000 седечки места. Најголеми ривалства клубот има со својте лондонски соседи Фулам и Квинс Парк Ренџерс. Традиционалната опрема во која играат се пругаст црвено-бел дрес и црни шорцеви.