Прејди на содржината

Фенрир (месечина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Фенрир
Откривање[1]
Откритие вотелескоп „Субару“, опсерваторија „Џемини“
Ознаки
Наречена по
митскиот волк Фенрир
S/2004 S 16[1][2]
Орбитални особености[3]
22.454.000 км
Занесување0,1363
1260,35 д (3,45 г)
146,614°
Наклон164,955°
330,95°
120,264°
Месечина наСатурн
Физички особености
Албедо0,04 (претпоставено)[1]
25,0[4]

Фенрир (старонордиски: Fenrir) или Сатурн XLI (привремена ознака S/2004 S 16) — месечина на планетата Сатурн. Откриена е од Скот Шепард, Дејвид Џуит, Џен Клина и Брајан Марсден на 4 мај 2005 г. од набљудувања направени помеѓу 13 декември 2004 и 5 март 2005 г. Има привидна величина of 25,[4] што ја прави една од најслабите по сјајност во Сончевиот Систем, и откриена е со најголемите телескопи на светот.[1] Месечината е толку темна[5] што не успеало да ја забележи дури ни вселенското летало „Касини“ кога кружело околу Сатурн (и таму не достигнува привидна величина поголема од 17). Наречена е по џиновскиот волк Фенрир од нордиската митологија, татко на Хати и Скол, син на Локи, кому е судено да ги раскине своите окови за Рагнарок.

Месечината има пречник од 4 км[4] и кружи околу Сонцето на просечно растојание од 22.454 Мм за период од 1.260 дена со наклон од 163° кон еклиптиката (143° кон Сатурновиот екватор) и занос од 0,136. Орбитата ѝ е повратна: кружи околу Сатурн во насока обратна од сопственото вртење, што укажува на тое дека оваа неправилна месечина била зафатена од Сатурн.[6]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Daniel W. E. Green (4 мај 2005). „IAUC 8523: NEW Sats OF SATURN“. International Astronomical Union.
  2. Daniel W. E. Green (5 април 2007). „IAUC 8826: Sats OF JUPITER, SATURN“. International Astronomical Union.
  3. Jacobson, R.A. (2007) SAT270, SAT271 (3 април 2009). „Planetary Satellite Mean Orbital Parameters“. JPL/NASA. Посетено на 30 јули 2009.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  4. 4,0 4,1 4,2 Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име sheppard.
  5. Fenrir: Tilmann Denk
  6. David C. Jewitt. „Twelve New Moons for Saturn - 2005 May 03“. University of Hawaii (Institute for Astronomy). Архивирано од изворникот на 18 септември 2009. Посетено на 30 јули 2009.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]