Ферман
Изглед
Ферман – султански указ, наредба од повисока власт воопшто.[1]
Ферманите биле пишувани со посебен вид арапско писмо т.н. диванија, а на почетокот стоела султанова тура (монограм, грб на османлиските султани – вешто напишано име и титула на султанот со арапски букви.
Во македонскиот разговорен јазик со зборот „ферман“ често се нарекуваат и долгите и подробни документи, како и случаите на опширна речитост.[2]
Потекло на поимот
[уреди | уреди извор]Зборот потекнува од персискиот збор: farmân (فرمان). Значи „указ“, „декрет“ или „наредба“. Во турскиот јазик се користи и денес.
Ферманите во Османлиското Царство
[уреди | уреди извор]Во Османлиското Царство ферманите биле често користено административно средство. Со нив се давале дозволи за изградба на цркви и училишта, но и за решавање на спорови.[3]
Ферманот во македонското творештво
[уреди | уреди извор]Македонски народни песни:
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „ферман“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ Песни стихови, цели фермани; „Чукни во дрво“ од Леб и сол
- ↑ „На Локум фест се читаат султански фермани од пред 170 години“. Сакам да кажам. 21 јули 2019. Посетено на 4 ноември 2019.
- ↑ „Ферман дојде од Стамбола“. 20 септември 2008. Посетено на 4 ноември 2019.