Прејди на содржината

Хебрејска книжевност

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мардохеј и Естира

Хебрејската литература се состои од антички, средновековни и модерни ракописи на хебрејски јазик. Меѓу другите, најпознато дело од оваа литература е Хебрејската Библија (Танак).

Поголемиот дел од еврејската религиозна литература е напишана на хебрејски. Мишната е основната рабинска кодификација на закони доведени од Тората. Еврејските богослужби се собрани во книги на хебрејски највеќе од Амрам Гаон и Садија Гаон. Образложенија од Тора од Абрахан ибн Езра до Раши и слични такви дела се напишани на хебрејски. Такви се и кодификациите на еверјските закони, како на пример Шулчан Аруч.

Овие дела од хебрејската литература доста пати биле комбинирани или зголемувани со додавање на додатна литература на јазик кој им бил повеќе познат на Евреиите во тоа време. Гемарата била додена како арамејско-јазично образложенија на Мишна како состаен дел од Талмудот. Некои од традиционалните еврејски молитвеници се на Арамејски. Некои важни дела од средновековната филозофија, како Водич за вчудовидените, биле всушност напишани на арапски.

За време на златната ера на еврејската култура во Шпанија, некои познати рабини се преселиле во Маварска Шпанија бидејќи религиозното совладување се зголемувало насекаде во муслиманскиот свет. Нивните религиозни перспективи зависеле од дела на арапски јазик кои нивните колеги насекаде во Европа не можеле да ги читаат. Овие рабини и нивните помошници од Шпанија, Прованса и Италија превеле многу дела од еврејски, муслимански, грчки и римски филозофи и научници од арапски на хебрејски. Приливот од предметниот проблем направило да се прошири хербрејскиот вокабулар.

Во осумнаесеттиот век, хаскалско движење проработело за да се постигне рамноправност и слобода за европските Евреии со промовирање на еврејската култура како еднаква. Преводот на Мозес Менделсон на хербрејската библија на германски отворило интерес за Хербрејскиот јазик што довело до многу преводи и дела на Хербрејски и од Хербрејски.

Во доцниот осумнаесетти век, некои писатели подоцна добро познати за нивните дела на јидиш, како Шолем Алехем, започнале да пишуваат на хебрејски под влијание на хаскалското движење.

Како што ционизичката колонизација во Палестина се зголемувала, хебрејскиот јазик станал доста користен јазик на некои еврејски имигрантски заедници. Елизер Бен-Јехуда во основа работел на тоа да го адаптира хебрејскиот според потребите на модерниот свет, правејќи да хебрејски извори од сите периоди развиат јазик кој отишол зад верските и го приспособил да биде лесно разбирлив и јасен за модерното искуство.

Во 1922, Хебрејскиот станал службен јазик во Израел. Во 1966, Шмуел Јозев Агнон освоил Нобелова награда за литература за романи и раскази кои употребуваат исклучителна мешавина од библиски, Талмудски и модерен хебрејски јазик.

Денес илјадници на нови книги се печатат на хебрејски годишно, преводите се и од други јазици и од оригинални дела од израелски автори.

Поврзано

[уреди | уреди извор]