Прејди на содржината

Цар Самоил

Ова е избрана статија. Стиснете тука за повеќе информации.
Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Цар Самуил)
Самоил
Цар на Самоиловото Царство или Македонското Царство[1][2][3][4]
Портрет
На престол9971014 год.
ПретходникКомес Никола
НаследникГаврил Радомир
ДецаГаврил Радомир,
Теодора Косара,
Мирослава,
Катун,
Анастасија
ДинастијаКомитопули
ТаткоКомес Никола
МајкаРипсимија
Карта на Самоиловото Царство од 993 до 1018, печатена во неговиот Историски атлас од 1886, наречено Македонско Царство на Словените, на германскиот историчар Јохан Густав Дројзен.[5]
Самоиловиот натпис

Цар Самоил[6] или цар Самуил (9586 октомври 1014) — средновековен македонски владетел, кој на преминот од X кон XI век образувал пространо царство на територијата на Балканскиот Полуостров.

Државата што ја создал е позната како Самоилово Царство,[7][8] а еден дел од историчарите, за да направат јасна разлика помеѓу новата држава [9][10][11][12][13][14][15][16][17][18][19][20][21][22][23][24][25] која ја создал Самуил и царството на бугарскиот цар Симеон I (Прво Бугарско Царство), го нарекуваат Македонско словенско царство, Македонско царство [1][2][26][27][28][29][30][31][32] или Западно Бугарско Царство. Поголемиот дел од бугарските и еден дел од светските историчари го сметат за Бугарско Царство [33][34][35][36][37][38][39][40][41], според некои историчари Самоил бил владетел на Првото Бугарско Царство.

Македонските историчари го именуваат Самоил како македонски цар, истакнувајќи дека тој учествувал во бунтот на комитопулите 969 година, кога била отфрлена бугарската врховна власт во Западна и Југозападна Македонија и биле поставени темелите на македонската средновековна држава, која по него е именувана како Самуилово Царство, најголема ранофеудална државна творба на Балканот. Во негово време македонската средновековна држава го достигнала врвот во својот развиток.

Учествувал во востанието на комитопулите против византиската власт во 976 година. Во почетокот владеел заедно со своите браќа Давид, Мојсеј и Арон, а по загинувањето на Давид и Мојсеј владеел заедно со брат му Арон, но по ликвидирањето на Арона, станал единствен владетел во државата во 986 година.

Водел долга и исцрпувачка војна со византискиот цар Василиј. Учествувал во сите позначајни битки и походи против Византија и далеку ги проширил границите на државата. Ги обединил под своја власт речиси сите македонски територии (освен Солун), освоил голем дел од Балканскиот Полуостров (Тесалија, Епир, Албанија, Далмација, Босна, Србија и поголем дел од Бугарија).

Ги прифатил државно-правните традиции на Првото Бугарско Царство и според некои извори се прогласил за цар, со круна што му ја испратил римскиот папа.[7] Како формално-правен наследник на бугарските цареви, во изворите најчесто се именува како бугарски цар, а неговата држава како Бугарско Царство [26].

Починал во Преспа од срцев удар, потресен од морничавата глетка кога ги видел своите ослепени војници што му ги испратил Василиј. Бил оженет со византиската благородничка Агата од Драч, со која имал четири ќерки и синот Гаврил Радомир. Зачуван е неговиот натпис (992/3), во спомен на родителите и на братот Давид.

На 28 јуни 2011 година на централниот плоштад во Скопје бил поставен монументален мермерен споменик на Самоил.[42]

Потекло

Комитопули

Самоил и неговите браќа (Давид, Мојсеј и Арон) се познати како комитопули, односно млади кнезови, синови на кнезот Никола.

Според еден дел од историчарите, тие ја искористиле тешката ситуација во Бугарија во 969 година, создадена со нападите на киевскиот кнез Свјатослав, кренале востание, се осамостоиле во Југозападна Македонија и ги поставиле темелите на новата држава во Македонија. Во почетокот ја признавале византиската власт. Во 973 година испратиле пратеништво кај царот Отон I во Кведлинбург. По смртта на Јован Цимискиј кренале востание, ја отфрлиле византиската власт и почнале да владеат самостојно во 976 година.[43][44]

Според друг дел од историчарите востание во 969 година немало и комитопулите кренале само едно востание, тоа во 976 година против византиската власт.[33][40][41]

Тези за неговото потекло

Ликот на царот Самуил, реконструиран според неговиот череп (од саркофаг "Г") црква Свети Ахил, Мала Преспа (по Н. Муцопулос, Βασιλική).

За потеклото на четворицата браќа комитопули, вклучително и Самуил, во историската наука сѐ уште се водат полемики. Засега се доминантни четири хипотези. Првата се сведува дека комитопулите потекнувале од словенски род и тоа од племето Берзити.

Втората дека се од бугарски род, a оваа теза се заснова врз сведоштвото на Јован Скилица кои истакнува: Потоа пак, Бугарите, штом умре кралот, кренаа востание и за свои владетели избраа четворица, браќата Давид, Мојсеј, Арон и Самуил, синови на некој кнез, кој кај Бугарите бил многу моќен и затоа се наречени комитопули.

Ова укажува на тоа дека сите дотогашни подготовки на комитопулите вродиле со плод и дека Бугарите од стариот центар на Бугарија кренале востание против Византија и ги повикале своите владетели Самуил и неговите браќа.

Tретата хипотеза дека се од персиски род т.е. од оние персиски колонисти кои Византија ги населила во Македонија.

Четврта претпоставка е дека тие се од ерменско потекло [45]. Приврзаниците на последната хипотеза се потпираат на Стефан Таронски, наречен Асохикили Асолит. Тој истакнува дека Самуил и неговите браќа потекнуваат од ерменски род. Но бидејќи овие вести хронолошки се неточни прашањето за потеклото на комитопулите во науката останува отворено.

Семејно дрво








 
 
 
 
 
 
 
Комита Никола
 
 
 
Рипсимија од Ерменија
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Арон
 
Мојсеј
 
Давид
 
Цар Самоил
 
 
 
Агата
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Јован Владислав
 
Теодора Косара
 
Мирослав
 
Ирена
 
 
 
Гаврил Радомир
 
 
 
Унгарска
принцеза
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
неколку синови
и ќерки
 
 
 
Петар Делјан

Рани години

Бугарско-византиско-киевска војна

Основата на базиликата Свети Ахил
Остатоци на базиликата Свети Ахил

Во 60-тите години на X век дошло до заострување на бугарско-византиските односи. Византискиот цар Никифор II Фока, чувствувајќи се доволно моќен го нарушил бугарско-византискиот договор за мир од 927 година, според кој Византија била обврзана да ѝ плаќа данок секоја година на Бугарија.

Во 967 година Фока подготвил голема војска и ги нападнал пограничните бугарски територии. Византискиот владетел освоил повеќе тврдини, но морал да се повлече поради силниот отпор. Во изворите се истакнува дека Фока не сакајќи да му биде искасапена војската како добиток од Бугарите се вратил во Цариград.

Бидејќи Фока немал доволно сили сам да ја заврши војната решил да склучи сојуз со киевскиот кнез Свјатослав.[34] Овој кнез со 60.000 војници во 968 година ја минал реката Дунав и ги нападнал подунавските бугарски градови.

Лав Ѓакон истакнува дека поради нападот на Свјатослав бугарскиот цар Петар I добил епилептичен удар и по кратко време умрел на 30 јануари 969 година. По смртта на бугарскиот владетел навлегувањата на Свјатослав станале опасни и за самата Византија и затоа Фока го раскинал сојузот со киевскиот кнез и испратил пратеништво кај Бугарите за склучување на сојуз против Киевската држава. Бугарско-византиско-киевската војна која се водела во Подунавјето, влијаела врз бугарскиот двор да повлече дел од својата војска во Македонија.

Востание на комитопулите и создавање на нова словенска држава

Самоиловата држава
Островот во Малото Преспанското Езеро (наречен Свети Ахил) каде што некогаш се наоѓале тврдината и замокот на Цар Самуил.

Во историската наука сè уште не е јасно дали во 969 година комитопулите кренале востание. Еден дел од историчарите (Стјепан Антољак, Бранко Панов [7]) сметат дека имало востание против бугарската власт. Друг дел (Оболенски [41], Јонатан Шепард [33], Ѓорѓија Острогорски [40] и поголемиот дел од бугарските историчари) се на спротивното мислење. Причина за несогласувањето е еден извадок од хрониката на Јован Скилица којшто различните историчари различно го толкуваат(види Острогорски [40] и Антољак [7]).

Според Антољак и Панов, по повлекувањето на бугарската војска во поранешната склавинија Берзитија дошло до востание [46]. На чело на ова востание застанале синовите на кнезот Никола, комитопулите (младите кнезови) Давид, Мојсеј, Арон и Самуил.

Востанието било кренато во 969 година и била отстранета бугарската власт од Југозападна Македонија[7] со што била создадена нова словенска држава која во науката е позната како Македонско словенско царство, Самуилово Царство [7] или Западнобугарско Царство со престолнина во Преспа.

Византија, плашејќи се да не се прошири востанието и во нејзините владенија во Македонија, одлучила да ги ослободи синовите на покојниот бугарски цар Петар - Борис и Роман и ги испратила да го заземат празниот бугарски престол во Преслав, а според Јован Скилица и да ги спречат комитопулите во понатамошното напредување. На чело на бугарскиот престол застанал Борис II, а неговиот брат Роман не можел да биде прогласен за цар бидејќи бил кастриран.[7]

Уништување на Првото Бугарско Царство

Додека се поставувале темелите на новата држава во Југозападна Македонија, бугарско-византиско-киевската војна во Подунавјето продолжила. Во меѓувреме Никифор Фока бил убиен, а за нов византиски цар бил крунисан Јован Цимискиј кој успеал за кратко време да ја отстрани киевската опасност од Балканот. Во 971 година Свјатослав морал да се повлече, а потоа Јован Цимискиј се пресметал и со бугарскиот цар Борис II. Во оваа војна победила Византија и во 971 година било ликвидирано Првото Бугарско Царство и Бугарија бил претворена во византиска провинција. Царот Борис II и неговиот брат Роман биле одведени во Цариград како заложници, а таму била испратена и бугарската царска круна.[47].

Византија во истата 971 година ја наметнала својата власт и над Србија кој станал византиска провинција. Новата словенска држава во Југозападна Македонија како независна продолжила да егзистира до 971 година. Според Стјепан Антолјак, ерменското потекло на византискиот цар Јован Цимискиј и четворицата браќа - комитопули, влијаело за сето време на нивното владеење тој да ги остави на мира.[7] Тоа значи дека новата словенска држава во 971 година ја признала врховната власт на Византија, но комитопулите си ја задржале управата во свои раце.

Јован Цимискиј во 973 година ѝ дозволил на македонско-словенската држава да испрати свои претставници на дворот на германскиот цар Отон I во Кведлинбург и заедно со останатите европски владетели да му ги честитаат Велигденските празници. Според Антолјак во Кведлинбург со богати подароци заминал Самуил со еден од своите браќа [7].

Според тој дел од историчарите, коишто сметат дека немало востание во 969 година, по византиската победа над Бугарија во 971 година и формалното покорување на Бугарското Царство, западниот дел од државата останал неокупиран и слабо засегнат од војната во исток. Тоа овозможило отфрлањето на централно наложената византиска власт и обновувањето на Бугарското Царство во 976 година, кога во Византија по смртта на Јован Цимискиј започнала граѓанска војна.[33][34][40][41]

Востание на комитопулите против Византија (976 година)

Во 976 година византискиот цар Јован Цимискиј умрел, а комитопулите кренале востание да ја отстранат наложената врховна византиска власт. Со ова востание Македонско словенската држава повторно станала независна,[7] а комитопулите успеале да присоединат и голем број на бугарски области, затоа што населението на овие области се кренало против Византија и се ставиле под власт на комитопулите. Во текот на овие настани бугарскиот цар Борис II и неговиот брат Роман успеале тајно да избегаат од Цариград,[7] но на границата Борис бил убиен, а брат му Роман, кој успеал да се провлече, бил поставен од комитопулите за управник на градот Скопје.[7]

Прогласување на Самуил за монарх

Во текот на 976 година за неполни шест месеци умреле двајца од браќата на Самуил.[7] Според Јован Скилица Давид бил убиен кај месноста Убави дабови од страна на Власи, а Мојсеј загинал во битка со Византијците под sидините на градот Сер. Потоа, Арон бил убиен затоа што сакал да ја приграби власта за себе со помош на Византијците. Самуил покрај Арон ги ликвидирал и сите членови на неговото семејство со исклучок на Јован Владислав кој бил спасен од Гаврил Радомир. На тој начин Самуил станал единствен владетел на целата држава.[7]

Освојувања

Борби во Северна Грција

Реконструкција на Самоиловата тврдина, треба да се истакне дека денешната тврдина во Охрид, не е оригиналната градба на Самуил туку станува збор за тврдина од османлискиот период, градба подигната врз темелите на старата Самоилова тврдина
Битката кај Трајановата порта
Самуил ја уништува византиската војска кај Солун (996) и го убива Григориј Таронит

Самуил откако станал монарх [48] започнал офанзивна војна против Византија. Според византиските извори тој ги искористил внатрешните немири во империјата за да го нападне целиот запад, односно византиските владенија сè до Пелопонез. Првите походи на Самуил биле насочени кон Северна Грција каде успеал да освои неколку тврдини по што го опседнал градот Лариса и по неколкуте обиди за негово заземање градот во 985 година бил без крв освоен, а многу луѓе биле одведени во ропство меѓу кои и убавата Ирина во која се вљубил синот на Самуил — Гаврил Радомир. Радомир ја избркал својата жена која била бремена, инаку унгарска принцеза и се оженил за Ирина.[49] Самуил од Лариса ги однел и моштите на Свети Ахил и ги пренел во Преспа.

Битка кај Трајановата порта

Со падот на Лариса бил отворен патот на Самоиловата војска кон останатиот дел на Северна Грција и тоа го принудило византискиот цар Василиј II на противдејствија. Откако подготвил силна војска, Василиј II го опседнал градот Сердика, а покрај царската војска се движела и војската под команда на Лав Мелесин кој имал задача да ја штити царевата заднина од напади.

Според Лав Ѓакон опсадата на Сердика траела 20 дена, а во меѓувреме во околината на овој град со своја војска дошол и Самоил, меѓутоа според Јован Зонара, Самоил не се осмелил да влезе во судир со Византијците и затоа својата војска ја распоредил по врвовите на околните планини.

Со доаѓањето на Самоил во летото 986 година Василиј II ја прекинал опсадата и се повлекол кон Пловдив. Самуил сметал дека повлекувањето на византискиот цар е поради страв и затоа се решил да го нападне. На 17 август 986 година дошло до Битката кај Трајановата порта во која Византијците биле катастрофално поразени. Византиската војска била заобиколена во тесните и непристапни места и била нападната од сите страни, при што голем број византиски војници биле убиени или заробени.[50] Според Скилица Василиј II одвај успеал да се спаси, повлекувајќи се кон Филопол (Пловдив). Лав Ѓакон кој учествувал во битката истакнува дека сета византиска коњаница била уништена. Јован Геометар пак од своја страна во една своја песна соопштува дека во битката:

стрелите на Мизите (Самоиловите б.н) ги надминаа копјата на Абзоните...[51]


Овој напад војниците предводени од Самоил, неговиот син и внук, го проследиле со борбени извици и силни викотници, со што внеле уште поголема забуна во редовите на Византијците. Византиската армија ја зафатила огромна паника и во тој хаос се заробени царските знамиња, царската благајна, целокупниот воен материјал, заедно со царскиот шатор.[52].

Поход во Далмација

Охрабрен од оваа победа Самуил уште истата 986 година презел поход кон Далмација. За овој поход податоци има во летописот на Поп Дукљанин кој истакнува дека Самуил најпрво ги нападнал владенијата на дукљанскиот кнез Јован Владимир, кој не сакајќи да му биде уништена воjската се повлекол кон планината Облик.[53].

Меѓутоа Самуил успеал да го зароби Владимир и го испратил на својот двор во Преспа. По заробувањето на дукљанскиот кнез Самуиловите војници го опседнале градот Улцињ, но не успеале да го освојат. Според летописот на Поп Дукљанин, Самуил бил огорчен поради тоа па почнал да ја пустоши Далмација, при што особено настрадале градовите Котор и Дубровник.

Самуил потоа стасал до Задар, но не успеал да го заземе и се упатил кон Босна и Рашка. Овие области успеал да ги освои и ги приклучил кон својата држава и потоа се вратил во Македонија. Во својата престолнина, Самуил дознал дека неговата ќерка Косара се вљубила во Јован Владимир и затоа Самуил донел одлука да се одржи свадба, а Јован Владимир бил вратен во Дукља да управува со неа и со Требиње како вазал на Самуил.

Напад на Солун

Додека Самуил војувал во северозападниот дел на Балканот, Василиј II се пресметувал со своите внатрешни противници и откако успеал да ги совлада во 991 година презел поход против Самуил. Тој од Цариград заминал за Солун со цел да ја засили одбраната на овој град.

Во периодот помеѓу 991 и 995 година војната помеѓу двајцата владетели се водела со наизменичен успех, но во 995 година Василиј II бил принуден да се повлече од Балканот и да замине на исток во војна против Арапите. Заминувањето на византискиот цар го искористил Самуил и со голема војска се упатил кон Солун.

Одбраната на градот ја раководел Григориј Таронит и располагал со голема војска. Кога Самуил со своите војници се доближил до Солун, Таронит го испратил својот син Ашот да ја испита големината на Самуиловата војска, но паднал во заседа и бил заробен, а неговиот татко се упатил да го ослободи но и тој бил опколен по што бил убиен. Кога Василиј II разбрал за смртта на Григориј Таронит му наредил на прославениот војсководач и командант на западните војски Никифор Уран [54] да замине во поход против словенскиот цар.

Битка кај реката Сперхеј

Додека Уран бил на пат кон Солун, Самуил се повлекол од солунско и се спуштил кон Тесалија. Неговата војска ја минала Тесалската теснина и успеала преку Беотија и Атика да се спушти сè до Пелопонез пустошејќи и ограбувајќи. Меѓутоа во 996 година Никифор веднаш се упатил кон Пелопонез и успеал да ги стигне кај реката Сперхеј каде Самуил логорувал со својата војска. Поради силните дождови, се чинело дека не е можен никаков судир меѓу двете војски. Но, сепак, Уран ја преминал ноќе реката на погоден премин и ја нападнал војската на Самуил на спиење и голем дел од војската била уништена. Поради факторот изненадување, војската на Самуил не успеала да се брани. И самиот Самуил и неговиот син Гаврил Радомир биле тешко ранети и успеале да избегаат затоа што се скриле меѓу труповите. Наредната ноќ, тајно пребегале преку Етолските Планини се упатиле кон Пинд, а од таму за Македонија и стигнале во Преспа. Уран ги ограбил и ги оставил незакопани војниците на Самуил, а заробените Византијци ги ослободил и со голем плен се вратил во Солун.[55]

Легализирање на својата власт

Крунисување

Преспанската тврдина

Во Преспа Самуил решил да се круниса за цар и тоа со помошта и поддршката на римскиот папа [56]. Во научната литература сѐ уште не е точно утврдена годината на прогласувањето на Самуил за цар и на неговата држава за царство. Еден од историчарите истакнуваат дека тоа се случило најверојатно во последните години на X век.

Според некои официјалното крунисување на Самуил за цар било извршено во црквата св. Ахил во Мала Преспа и тоа во присуство на римските претставници кои по склучената спогодба меѓу него и папата Григориј V во Преспа ја донеле царската круна [56]. Со тоа градот Преспа станал царско седиште на Самуиловото Царство [56]. Самуил успеал да ја оствари својата цел како што истакнува Поп Дукљанин во својот летопис. За сметка на Византија создал големо кралство т.е. кралство на Словените. Според некој научници градот Преспа станал и црковно седиште на Самуиловото Царство. Со папска дозвола Самуил својата црква ја издигнал во ранг на архиепископија [56].

Со крунисувањето на Самуил за цар неговата држава добила меѓународно признавање. Од расположливите податоци не може да се утврди видот на круната кој ја добил Самуил од Папата. Најверојатно е дека папата го удостоил Самуил со титулата рекс што значи дека добил кралска круна, на латински наречена corona. Треба да се истакне дека Римската црква со царска титула единствено ги удостоила франечките владетели почнувајќи од Карло Велики и германските владетели од Отон I.

Самуил иако формално-правно се стекнал со кралска титула, тоа не му сметало да се нарекува цар или поточно бугарски цар. Некој од западните автори избегнувале да ја употребуваат царската титула за Самуил, а таков пример е Лупус Протоспатариус кој во своите анали го нарекува Самуил (Samuel rex), сепак Самуил бил признат за цар и таа титула била прифатена од византиските, арапските и другите автори [57].

Полемики

Има само два извора кои опишуваат како Самуил станал цар. Првиот е Јахја, современик на овие настани, кој изнесува дека Самуил по поразот што му го нанесе Никифор Уран, отпрвин барал од Василиј II милост, ветувајќи му послушност. И токму кога владетелот сакал да се согласи со тоа, се случи да умре бугарскиот цар, кој се наоѓаше во царскиот затвор во Цариград. Кога Самуил чу за неговата смрт, самиот се прогласи за цар. Втор, но подоцнежен извор е Поп Дукљанин, кој вели:

Во тоа време, се крена некој Самуил, кој наредил да го нарекуваат цар, и започна многу војни со Грците и ги исфрли од цела Бугарија, така што во негово време Грците не се осмелуваа ни да се приближат[58]


Јасно е дека круната на Самуил не му ја дал младиот Василиј II, со кого бил во непријателство. Исто така е јасно и дека бугарската круна била во Цариград заедно по 971 година, па до неа Самоил не можел никако да дојде. Затоа е очигледно дека патот до круната му бил отворен единствено преку Рим, каде што седиште имал папата, што се потврдува со подоцнежната преписка меѓу бугарскиот цар Калојан (11971207) и папата Инокентиј III (11981216) [59].

Дека Самуил навистина имал круна (се споменува круна составена од зрна бисери), сведочат неколку наоди, меѓу кои и извештајот од шпанскиот Евреин Ибрахим Ибн Јакуб.[60]. Но, и покрај сите претпоставки, денес не се знае со сигурност каде е крунисан, кој присуствувал на овој важен чин и каква обврска примил Самуил при крунисувањето [61]. Титулата на цар Самоил како бугарски цар, крунисувањето и воопшто, припадноста на Самоил и неговото царство е контроверзна денес и претставува предмет на спор меѓу историчарите.

Војна со Византија

Предавство на Ашот

За време на својот престој во Преспа, Самуил својата ќерка Мирослава ја омажил за Ашот, синот на убиениот солунски управител Григориј Таронит. Веднаш потоа Ашот како царски зет бил испратен да управува во Драч и во потчинетост да ја држи сета драчка област. Но набргу Самуил бил предаден. Имено Ашот во договор со својата жена Мирослава го предале градот Драч на Византијците. За тоа предавство византискиот цар го удостоил Ашот со титулата магистер а неговата жена со дворската титула зости (дворска дама). На тој начин градот Драч повторно се нашол во рамките на Византија.

Борби со Василиј (1001 — 1004 година)

Самоилов натпис

Веднаш по прогласувањето на Самуил за цар, византискиот владетел Василиј II уште додека бил на истокот им наредил на патрициј Теодорокан и протоспатариј Никифор Ксифијас да ги нападнат Самуиловите владенија на територијата помеѓу Дунав и Стара Планина односно голем и мал Преслав и Плиска и по успешниот поход византиската војска се вратила во Цариград. Откако Василиј II склучил примирје со египетскиот калиф Ал-Хакимон, се посветил на борбите против Самоил. Во 1001 година Василиј II со голема војска се насочил кон Солун. По патот за Солун го зазел селото Вероја (Бер) кое било предадено од тамошниот управник Добромир и кои за таквото дело ја добил титулата антијат. Тогаш Василиј II се обидел да го придобие на своја страна и управникот на Сервија, но не успеал по што таа била опседната и освоена. По падот на овој град Василиј II од него иселил голем број на луѓе а заробениот Николица го однел во Цариград кој подоцна успеал да избега и да се врати кај Самуил. Потоа Сервија била опколена од Самуиловите војници, но Василиј II успеал да ги натера да се повлечат и зазеде неколку тврдини во околината на градот. При овие борби Николица повторно бил заробен и однесен во Цариград, а Василиј II го освоил и Воден по што се вратил во Солун.

Во летото 1002 година ненадејно се појавил со својата војска на брегот на реката Дунав, и тоа пред градот Видин. Самоил не дошол да му помогне на градот, и конечно после осум месеци во 1003 година, Видин паднал во рацете на Византијците [62].

По освојувањето на овој воено-стратешки центар, Василиј II се насочил кон северозападна Македонија. Јован Скилица соопштува дека за време на овој поход во овој дел на Македонија било нападнато и Скопје. Во одбраната на овој град учествувал лично Самуил со својата војска. Тој сметал дека Василиј нема да може да ја мине реката Вардар, па затоа се улогорил на другата страна од реката. Но со помош на сплавови Византијците ја минале реката и го изненадиле Самуил. Не очекувајќи го тоа Самуил избегал и го оставил својот логор и царскиот шатор.[63] Така во 1004 година Византијците го освоиле градот. Всушност, Василиј II го освоил Скопје по пат на предавство, а градот бил предаден од Роман Симеон, син на покојниот бугарски цар Петар, на кого уште во 976 година Самуил му ја доверил управата. За овој чин Роман од страна на Василиј II бил удостоен со титулата Патрициј и Препозит и бил испратен како стратег во Абидос.[64]

По заземањето на Скопје, Василиј II тргнал кон Перник (блиску до Софија) кој бил бранет од управникот Кракра. Но откако видел дека не може да го освои, се откажал од Перник, па заминал кон Пловдив, и оттаму во Цариград. Така завршил овој четиригодишен поход на Василиј против Самуил[65]. Војната меѓу двајцата владетели се разгорела и се проширила на територијата на Македонија како и на други Самуилови владенија. Византискиот цар сѐ уште не успеал да ја уништи главнината на Самуиловото Царство, а самиот Самуил кроел планови како да му нанесе катастрофален пораз на Василиј II.

Беласичка битка (29 јули 1014 година)

Реконструкција на Самуиловото лице
Хрониката на Скилица

До 1014 година, Василиј II секоја година навлегувал во териториите на Самоиловото Царство и напаѓал. Откако Самуил ги проучил сите начини за судир со византискиот цар и откако дознал по кои патишта главно се движела византиската војска, одлучил во 1014 година да влезе во директен судир со Василиј II. За таа цел, Самуил презел напор за преградување на кој водел од Цариград преку Струма кон нејзината притока Струмица. Овој пат бил познат како царски пат.

На најтесното место каде се доближуваат Беласица и Огражден [66], Самуил изградил дема (преграда) и на неа поставил добро извежбани луѓе, а во стрмните долини распоредил добро извежбани стрелци.

Според Јован Скилица, Василиј II имал обичај секоја година да навлегува во центарот на Македонија, па затоа Самуил се одлучил да му го прегради приодот на византискиот владетел низ теснината Кимба Лонга што во превод значи долго поле и е од влашко потекло и Клидис што значи клуч. По теснината е наречена и сета клисура по течението на реката Струмица односно Клучка Клисура и овој израз е од грчко потекло. Кога во летото 1014 година Василиј II ја минал реката Струма и се упатил кон градот Струмица наишол на демата. Тогаш војниците на Самуил почнале да стрелаат и од демата и од стрмнините, нанесувајќи и на византиската војска голема загуба.

Според Скилица, византискиот цар сакал да се повлече, но бил разубеден од Никифор Ксифија кој му предложил план за освојување на демата. Според планот, Никифор Ксифија требало со својата војска да ја заобиколи планината Беласица и да се спушти од другата страна и зад грб да ги нападне бранителите на демата и овој план бил одобрен од византискиот цар. Самоиловите војници не очекувајќи напад, се исплашиле и почнале да бегаат. Притоа многу војници загинале, а уште повеќе биле заробени.

Ова го искористил Василиј II кој успеал да ја сруши демата и на 29 јули 1014 година дошло до голема битка меѓу двајцата владетели. Таа се одвивала во самото подножје на планината Беласица на просторот меѓу Клучката Клисура и денешните села Борисово и Мокриево. Во оваа битка учествувал и самиот Самуил. Притоа тој решил да стави сè на коцка, и го испратил Несторица, еден од највлијателните големци од тоа време, со војска кон Солун, со цел да отворат два фронта и да ја поделат војската на Византијците.

Но, тука веќе подготвен чекал војсководецот на Василиј, Вотанијат, кој ја разбил војската на Несторица, Самоиловиот војсководец [67]. Вотанијат всушност, гонејќи ги Самуиловите војници, стигнал до клисурата Клидион, ја преминал Беласица и ги изненадил утврдените војници на Самоил од зад грб [68][69][70]. Самоиловите војници биле целосно поразени, а самиот Самуил одвај ја избегнал опасноста да биде заробен, благодарение на синот Радомир, кој храбро ги одбивал нападите, го качил татка си на коњ и го одвел во тврдината во Прилеп [71].

По битката Василиј II се упатил кон тврдината Мацукион која се наоѓала во подножјето на планината Беласица и откако ја разурнал заминал кон другата тврдина Термица која се наоѓала во близината на денешната бања Банско, но не успеал да ја освои и затоа се упатил кон Струмица.

Според Јован Скилица, додека траела опсадата на Струмица византискиот владетел го испратил словенскиот дукс Теофилакт Вотанијат со еден дел од војската да му обезбеди пат кој водел низ Дојран за Кукуш и Солун. На овој пат Гаврил Радомир имал поставено повеќе заседи. Кога Теофилакт Вотанијат одел по овој пат бил пуштен да помине, но кога се враќал назад бил нападнат и целата византиска војска била уништена. Михајло Деволски истакнува дека Гаврил Радомир лично го убил Теофилакт Вотанијат. Кога византискиот владетел разбрал за смртта на својот војсководач решил да се одмазди.

Василиј II уште пред да ги крене опсадите на Струмица, Мосинопол и Мелник наредил сите Самуилови војници да се ослепат, а на секој стоти да му се извади по едно око и така тие осакатени да ги одведат останатите ослепени војници кај Самуил во Прилеп. Ова се случило во село Водоча по што и само село го добило своето име.[72][73][74][75]

Смрт

Смртта на Самоил, ватикански ракопис од XIV век.[76]
Саркофазите на Самоил, Гаврил Радомир и Иван Владислав

По малку повеќе од два месеци, на 6 октомври 1014 година, Самуил умрел од срцев удар [77][78]. Во историската наука нема согласност каде точно умрел Самуил. Според веста на Јован Скилица еден дел од историчарите се на мислење дека тоа се случило во Прилеп, но некој од научниците се сомневаат во тоа. Треба да се истакне дека Јован Скилица воопшто не соопштува каде Самуил починал. Имено тој соопштува за бегството на Самуил по битката во Прилеп, а потоа раскажува за ослепувањето на Самуиловите војници и истакнува:

... и нареди (Василиј) секој група од сто ослепени да ја води еден кој има едно око и ги испрати кај Самуил. А тој, гледајќи ги како доаѓаат во таков број и не можејќи храбро да ја поднесе таа несреќа, му се заврте во главата и падна во несвест на земјата. Присутните со вода и со мириси му ја повртија свеста и тој малку закрепна. Откако се поврати побара да се напие ладна вода. Кога ја испи доби срцев напад и по два дена умрел[79]


Скилица детално ја опишува смртта на Самуил, но не наведува каде починал, а настаните ги изложува како тие да се случувале последователно и брзо еден по друг и поради тоа се добива впечаток дека Самуил починал во Прилеп. Меѓутоа се заборава дека помеѓу двете случувања: бегството на Самуил во Прилеп и неговата смрт поминале повеќе од два месеци. Затоа дел од историчарите се сомневаат дека тој останал во Прилеп и дека всушност тој починал во Преспа како што наведува Михаил Аталијат [80].

Самуил како законски наследник го поставил својот син Гаврил Радомир, дотогашен свој совладар, како и најмладиот свој незаконски син со непознато име [81] Самоиловото Царство останало независно уште 4 години по смртта на својот водач.

Во 1969 година грчкиот археолог професор Николаос Муцопулос правел ископувања во базиликата Свети Ахил на истоимениот остров во Мала Преспа и на десниот нејзин наос отворил четири богати гроба, кои биле ограбени уште во средниот век. И покрај отсуството на натписи Муцопулос претпоставува дека тоа се гробовите на Самуил, неговиот син Гаврил Радомир, Јован Владислав и зет му Јован Владимир. Антрополошките истражување на коските за кои се смета дека се на Самоил, покажуваат дека мажот бил висок околу 1,60 метри и починал на околу 70 години.

Внатрешни прилики за време на Самуил

Според Стјепан Антолјак и Бранко Панов „во Самуиловата држава први и најбројни биле Македонците (македонски Словени), Словените во Грција (и на Пелопонез), потоа Бугарите, а по нив Србите, Хрватите, Ромеите, па Арбанасите (Албанци) и Власите, а потоа Романите, Турците Вардариоти и Ерменците.“[82] Според други автори, во Самоиловата држава живеле Бугари, Власи, Албанци, Ерменци и Грци.[33] Стјепан Антолјак и Бранко Панов тврдат дека нема ниту еден изворен податок дека Македонците самите себеси се нарекувале Бугари или Македонци, и дека „речиси сите византиски писатели целата територија на Самуиловото (како и на Симеоновото) Царство ја нарекуваат „Бугарија“, во чиј склоп била и Македонија, а нејзините жители „Бугари.“ “[83]. На чело на ваквиот конгломерат на народи,[84] стоел царот и автократ Самуил, „раб божји“, како што се нарекувал самиот себеси. Службен јазик бил словенскиот, за што сведочат спомениците што самиот Самуил ги подигнал.

Јадрото на неговата држава било сосема поинакво. Тој востановил и врховна црковна институција на својата млада империја, во сосема друг центар, со седиште прво во Преспа, а потоа во Охрид. Но папската курија не се согласила Самуиловата држава да добие патријарх, туку архиепископ, а бидејќи Охридската архиепископија се косела со интересите на Византија, Василиј II не сакал да ја потврди.[85] Во одделни истакнати манастири постоеле и препишувачки училишта, каде писарите-монаси препишувале на стариот словенски црковен јазик.

Научни погледи

Детаљ од Самоиловата тврдина во Охрид

Околу прашањето за потеклото и карактерот на Самуиловото Царство во историската наука постоелe и сѐ уште постојат на голем број на дискусии и несогласувања. Преовладувале неколку теории. Едната теза којa е застапувана од страна на бугарските научници е прифатена во голема мера и од светската историографија. Според оваа теорија во 972 година по падот на Бугарското Царство по локален револт тоа се создало наново, во денешна Македонија и според оваа хипотеза, западниот дел успеал да опстои и тој станал јадрото на новото Бугарското Царство.

Тезата дека Самуил е владетел на Првото Бугарско Царство е отфрлена од дел од научниците, кои што сметат дека Византија го уништува Првото Бугарско Царство во 971 година [86], а тезата дека Роман бил крунисан за бугaрски цар е отфрлена бидејќи бил скопен и според средновековната традиција не можел да носи царско звање.[87][88].

Една од постарите хипотези е Дриновљевата теорија за Западнобугарско Царство на Шишманови од 963 година но оваа теорија одамна е отфрлена како неточна. Откако оваа теорија била отфрлена во историската наука се спротивставиле две гледишта за Самуиловото Царство.

Другата гледна точка која се спротивставила на бугарските научници, а најјасно и најдетално била изложена од страна на Д. Анастасијевиќ, Хипотеза за Западното Бугарско Царство претставена во Гласник на скопското научно друштво 3 (1928) (L'hipotèse de la Bulgarie Occidentale Recueil Uspenskij I, 1930, 20 sg.). Според ова гледиште никогаш во историјата не постоела поделба на Западно и Источнобугарско Царство, а Јован Цимискиј го освоил целото Бугарско Царство и дури потоа во 976 година со востанието на Комитопулите против византиската власт и било создадено ново царство во Македонија. За карактерот на Самуиловото Царство, Острогорски истакнува:

Идеолошки, Самуиловото Царство (во германското издание, Острогорски го користи терминот Македонско Царство б.н [2])било поврзано за старото Бугарско Царство, затоа и самите негови творци (Самуил и неговите наследници б.н) и Византија го нарекувале бугарско. Бидејќи традициите за царство и патријаршија, освен во Византија, постоеле уште само во Бугарија (се мисли само за Балканот б.н). Самуил ги прифатил тие традиции и го презел наследството на Симеоновото и Петровото царство (Првото Бугарско Царство б.н), кое паднало под ударите на Византијците. Всушност неговото царство (на Самуил б.н) значајно се разликувало од Симеоновото и Петровото царство. И по составот и по карактерот тоа било ново царство. Неговиот центар се преместил спрема југозапад и Македонија го сочинувала неговото јадро. Ако главната цел на Самуил би бил воспоставување на стaрото Бугарско Царство, тој секако би се свртел кон бугарските земји и на прво место би се стремел да ги ослободи. Меѓутоа интересот на Самуил кон старите бугарски земји бил впечатливо мал. Во текот на сите негови борби во областите источно од Сердика играле изненадувачки скромна улога, така што изворите скоро и не ги спомнуваат. Експанзијата на Самуиловото Царство било пред сè свртено кон југ[88]


Дел од современите историчари, Самоиловото Царство го именуваат како Бугарско Царство.[89][90][91][92][93][94][95] Истиот став го прифатиле и дел од модерните српски историчари од САНУ.[96][97]. Меѓутоа, западната историографија не е доволно запознаена со средновековната балканска историја [2], поголемиот дел од нивните трудовите се однесуваат на Византиско Царство и треба да се има предвид дека се користени исклучиво византиски извори во кои населението со словенски корени на Балканот се именува како Бугари.

Детаљ од тврдината кај Клуч

Во руската историографија, доминира тезата дека Самуил и неговото царство се бугарски, меѓутоа основите на овие тврдења се од субјективна причина. Имено, првата источнословенска или древноисточнословенска држава — Киевска Русија (која настанала на териториите на Украина, а опфаќала и територии од денешна Русија) ја оценуваат како почеток на руската државност и дел од историјата на рускиот народ, а самата држава се именува како древноруска, а не како древнословенска[98]. Овие ставови на руските историчари се во спротивност со ставовите на украинските историчари кои истакнуваат дека: „Киевска Русија е прва форма на украинската државност.“ [99]. Оттука ставовите на руските историчари се јасни, ако се признае посебноста на Самуил и неговото царство, руската историографија ќе треба да ги ревидира сопствените ставови.

Српската историографија редовно, Самоиловото Царство го именува како Царство на македонските Словени и го проучува заедно со останатите средновековни земји: Рашкa, Зетa, Травунија, Захумљe, Паганиja, Босна, Дубровник и Српското деспотство во денешна Војводина. Во постарата српска литература има тенденција да се имплицира суштински српски карактер на Македонците преку изучувањето на Самоиловата држава [100]. Во поновата српска историографија доминира ставот дека Самоиловата држава настанала како резултат од востанието кренато од Комитопулите, синовите на кнезот Никола, кое било прво, во низата од три словенски востанија против Византија во X и XI век [101].

Александр Петрович Каждан истакнува дека суштината на спорот околу прашањето дали Самуил создал Македонско, Западнобугарско или Бугарско Царство нема врска со историјата, бидејќи таквиот спор претставува проектирање на модерните етнички заедници во минатото[102].

Тези на историографијата во Република Бугарија

Бугарските историчари му даваат бугарски карактер на Самуил и на неговото царство.[33] Некои бугарски историчари истакнуваат дека Самуил е Бугарин по род и дека по смртта на бугарскиот цар Борис II за цар е прогласен Роман, неговиот брат, а во период од околу 6 години Самуил бил главен војсководец и дури по смртта на законскиот владетел се прогласил за бугарски цар [103][104][36][105][106][107][108][109][110][111][112][113], и дека е 23 владетел на Првото Бугарско Царство [114][36][115]. Дека Самуил е бугарски цар тие се повикуваат на голем број средновековни документи во кои Самуил се нарекува бугарски владетел и бугарски цар [116][117][118][119][120] .

Дополнително на тоа се истакнува дека како Македонец се нарекува византискиот цар Василиј II и дека тој потекнувал од византиската тема Македонија, која се наоѓала во денешната област Тракија и дека по уништувањето на Самуиловата држава Василиј се нарекол Бугароубиец [121][122][123] .

Покрај овие тврдења се истакнува дека бугарскиот патријарх Дамјан бега во Охрид и дека овој град станува седиште на бугарската патријаршија со што се тврди дека Охрид е бугарска престолнина, а не македонска [124]. Уредувањето на Самуиловата држава ги имала истите традиции како и Бугарското Царство [125][126] и дека денешната област Македонија по 1018 година е именувана од страна на Василиј II за посебна административна единица или тема под името Бугарија.

Во бугарската историографија посебно се истакнува битолскиот натпис на Иван Владислав во кој себеси се именува како бугарски цар од бугарски род, а неговиот син го носи името Пресијан II како името на бугарскиот хан. Во „Речник на македонската историја“, кој е единствениот референтен документ од овој тип во официјалната список на историски речници во Европа, доминираат бугарските погледи[89]

Цар Самоил како мотив во уметноста

Поврзано

Наводи

  1. 1,0 1,1 Gegen das maechtige makedonische Reich scheint er ' die Unterstuetzung der Herscher anderer Balkanlaender gesucht ... zu haben
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Georgije Ostrogorski: Geschichte des Byzantinischen Staates, C.H.Beck, München, 1963
  3. Византийский временник, Volumes 2-3
  4. Between Bulgaria and this independent Macedonian Empire there is no connection at all. They are two distinct States as regards population and origin, capital towns, and tendencies. The population of Bulgaria is a mixture of Turanian Bulgars and Slavs, and that of Macedonia is as purely Southern Slav as that of Serbia, Croatia, and the Slovene lands. MACEDONIA BY T. R. GEORGEVITCH LONDON : GEORGE ALLEN & UNWIN LTD. NEW YORK: THE MACMILLAN COMPANY, First published in 1918
  5. AncientHistoryWorks, Droysen's Historical Atlas 1886
  6. Енциклопедија на МАНУ, стр. 1296
  7. 7,00 7,01 7,02 7,03 7,04 7,05 7,06 7,07 7,08 7,09 7,10 7,11 7,12 7,13 Стјепан Антолјак: „Средновековна Македонија“, том 1, Мисла, Скопје, 1985.
  8. Ушче од времето на паг'аiн'ето на Самуилоото Царство, Македонците не iеднаш праиiа силни востааiн'а против Византиiа, многу по силни од бугарцкото во време на браiк'а Асановци, но не можаа да се ослободат, зашчо каi ниф сет друзи географцките прилики каi бугарите друзи. — Крсте Петков Мисирков, Состауала, состауат и можит ли Македониiа да состауат от себе оддел’на етнографцка и политична iединица?
  9. Введение в славянскую филологию
  10. История болгарского государства и права
  11. История Болгарии: Болгария времен Первого и Второго царств (679-1393)
  12. Мы от рода русского--: рождение русской дипломатии
  13. Информационная война и дипломатия
  14. Временникъ Демидовскаго юридическаго лицея, Issue 49
  15. Очерк культурной исторіи южних славян, Volume 1
  16. История болгарского государства и права
  17. Sovremennai͡a ukrainskai͡a ėntsiklopediia: Du-Is
  18. Внешняя политика Древней Руси
  19. Византина хроника
  20. История Болгарии: Болгария времен Первого и Второго царств (679-1393)
  21. Славяне в древности
  22. Болгарско-русские и русско-болгарские языковые связи
  23. Истрия стран Центральной и Восточной Европы с древнейших времен до конца ХХ в.
  24. Россия
  25. История южных и западных славян
  26. 26,0 26,1 In Wirklichkeit unterschied sich aber sein ' makedonisches Reich wesentlich vom ehemaligen Reich der Bulgaren.
  27. Pavle Popović -Serbian Macedonia (1916)[мртва врска]
  28. Владимир Чоровиќ, "Историја српског народа", глава VI Држава мачедонских Словена“ Архивирано на 14 декември 2007 г., издание на страницата www.rastko.org.yu, Белград, 2001. (српски)
  29. Бранко Панов, "Македонија низ историјата", "Менора", Скопjе, 1999, стр. 15.
  30. "Историја на македонскиот народ", том 1, Македонија од праисториско време до паѓањето под турска власт, Институт за историја, Скопје, 2000, стр. 357.
  31. Коста Аџиевски, „Пелагонија во средниот век“, Скопје, 1994.
  32. Александар Атанасовски, Македонија и Македонците во делото на Никифор Григора - византиски историограф од XIV век. -Годишен зборник на Филозофски факултет - Скопје, Кн. 27 (53), Скопје, 2000. Истото е објавено во: Славянскиј Сборник. Вѕпуск 6. Саратовскога университета 2003.
  33. 33,0 33,1 33,2 33,3 33,4 33,5 The New Cambridge Medieval History. 23,24 (англиски). 3. Cambridge University Press. 1999. ISBN 9780521364478.
  34. 34,0 34,1 34,2 Diehl, Charles (1924). Histoire de l'Empire Byzantin (PDF) (француски). Paris: August Picard.
  35. Crampton, Richard (2005). A Concise History of Bulgaria, 2nd ed (англиски). Cambridge: Cambridge University Press. ISBN 978-0521616379.
  36. 36,0 36,1 36,2 Runciman, Steven (1930). A History of the First Bulgarian Empire (англиски). London: G. Bell & Sons Ltd.
  37. Иречек, Константин (1978). История на българите (бугарски). Софија: Наука и изкуство.
  38. Златарски, Васил (1927). История на българската държава през средните векове (бугарски). 1. Софија.
  39. Хипотеза о Западној Бугарској, Glasnik Skopskog nauchnog drushtva, b. III, Skopie, 1928
  40. 40,0 40,1 40,2 40,3 40,4 George Ostrogorsky (1984). History of the Byzantine State (англиски). Blackwell. ISBN 0631127828.
  41. 41,0 41,1 41,2 41,3 Dimitri Obolensky (1971). The Byzantine Commonwealth. 4 (англиски). Weidenfeld and Nicholson. SBN 0297003437 Проверете ја вредноста |sbn=: length (help).
  42. „Поставен споменикот на Цар Самоил“. А1. 28 јуни 2011. Посетено на 2011-07-31.
  43. С. Антолјак, Самуиловата држава, Скопје, 1969
  44. С. Пириватриÿ, Самуилова држава, Београд, 1997
  45. Б. Прокиќ, Постанак једне словенске царевине... Глас... LXXVI, 245
  46. Во историската наука сè уште не е јасно дали во 969 година комитопулите кренале востание, „Историја на Византија“, Народна Књига Алфа, 1998, Adontz, Samuel l’ Arménien 5 sg. и Runciman, Bulgarian Empire 218.
  47. На капијама града y суерет су му изашли највиши достојанственици цркве и Царства, певајући химне y славу цара, и пружили му круну и схиптар од злата и драгог камен>а. На позлаћеним кочијама y четворопрегу y којима ce иначе вози цар, била je икова Богородице коју je он лично донео из Бугароке, a испод ње лежале су одоре и дијадеме бугарских царева. Док je поворка улазила y град, иза кочија јахао je цар на белцу, окићен свим царским обележјима, a иза њега je пешлце ишао бугарски цар, Борис II, којег je ЦЈ«ИИСК заробио y Преславу. У цркви Св. Софије византијски цар положио je сјајну круну Бугарске на високи олтар, нао зна-мење првог ратног плена и захвалности. Онда je, пред сакупљеном гомилом y главном броду цркве, наредио бугарском цару да скине своја владарска обележ;ја и доделио му византијску дворску титулу магистра. Само током једне године (971) Јован Цимиск постигао je војни тријумф којем нема премца y средњовековним - аналима Балкана. Уклонио je руеку опасност која je угрож:авала опстанак Византије y Евроли, поново утврдио северну границу на Дунаву и повратио теритарију коју су Аспарухови Бугари одузели од Византије још пре три века. За време овог суровог рата Бугари су беспомоћно гледали две највеће војне силе источне Европе како ce боре око шихове земље. Димитри Оболенски ВИЗАНТИЈСКИ КОМОНВЕЛТ, ПРОСВЕТА - БЕОГРАД 1996
  48. Не станува збор за Самуил како цар туку за Самуил како еднинствен владетел во државата, за едновластие за разлика од зедничкото владение на Комитопулите (Млади кнезови) кое е познато како тетрархија
  49. Михаил Деволски (XI–XII век.) Епископ на Деволската епархија во рамките на Охридската архиепискоипја и хроничар. Во 1118 година извршил 66 дополнувања кон Хрониката на Јоан Скилица од втората половина на XI век и овие дополнувања се однесувале за Самуиловото Царство и тогашните состојби во Охридската архиепископија
  50. Leonis Diaconis Historae, JP. Migne P G 117, 905
  51. Јоан Геометар исто пишува дека „Истаротго заграби венецот на Рим“, очигледно се мисли на царската круна. Инаку Геометар самиот го опеал овој пораз во песната под наслов „Пораз на Ромеите во бугарската клисура“. Joannis Geometrae, ut ferunt, carmia varia argumenti sacri vel historici, J.P. Migne, PG 106, Paris 1863, 934.
  52. Грчки извори, том VI, стр. 277
  53. Дел од научниците сметаат дека станува збор за денешната планина Тарабош
  54. Византиски извори, том III, 248.
  55. Грчки извори, том VI, стр. 278-279.
  56. 56,0 56,1 56,2 56,3 Бранко Панов во Историјата на македонскиот народ“, 2000 година.
  57. Историјата на македонскиот народ, 2000 година, во поглавјето за античка и средновековна Македонија, Бранко Панов
  58. Ф. Шишиќ, Летопис... стр. 330.
  59. Стјепан Антолјак: „Средновековна Македонија“ том 1, Мисла, Скопје, 1985, стр. 435
  60. М. Кос, О натпису цара Самуила, Гласник Скопског научног друштва V, 212.
  61. Стјепан Антолјак: „Средновековна Македонија“ том 1, издание на Мисла, Скопје, 1985, стр. 443
  62. Стјепан Антолјак: „Средновековна Македонија“ том 1, Мисла, Скопје, 1985, стр. 446-451.
  63. Грчки извори, VI, 282; Cedr. II, 188, c. 456.
  64. Византиски извори, III, 249; Les Historiens et Chroniques... Paris 1583, 932.
  65. Стјепан Антолјак: „Средновековна Македонија“ том 1, Мисла, Скопје, 1985, стр. 454.
  66. Според мислењето на Ј. Иванов, Кимба Лонга е влашки топоним и се наоѓала во Струмичко подрачје, а Клидион би било селото Клуч, што лежело меѓу Беласица и Огражден.
  67. Грчки извори, VI, 285.
  68. Vindob. hist. 74 (13-14).
  69. Византиски извори, III, 106.
  70. Грчки извори, VI, 284.
  71. Michaelis Glykas, Corpus, t. 16, 578.
  72. Кекевман пишува дека Василиј заробил 14 илјади војници, Скилица, Зонара, Ефрем и Гликас споменуваат бројка од 15 илјади војници.
  73. Ephraimi Chronologi Caesares, J.P. Migne, PG 148, 118.
  74. Стјепан Антолјак: „Средновековна Македонија“ том 1, Мисла, Скопје, 1985, стр. 470-471.
  75. Интересно е дека Д. Грубер, сепак донесува дека овие војници дошле во Преспа пред Самоил, каде избегал Самоил по поразот.
  76. Ватикански ракопис од XIV век
  77. Стјепан Антолјак: „Средновековна Македонија“ том 1, издание на Мисла, Скопје, 1985, стр. 472.
  78. Ефрем таа глетка и смртта на Самуил ја опишува во стихови. Ephraimi, J.P. Migne, PG 148, 118, 119.
  79. Цитирано од Коста Аџиевски, Пелагонија во средниот век, Скопје, 1994.
  80. Коста Аџиевски, Пелагонија во средниот век, Скопје, 1994
  81. Грчки извори, VI, 292.
  82. Стјепан Антолјак: „Средновековна Македонија“ том 1, Мисла, Скопје, 1985, стр. 500.
  83. Стјепан Антолјак: „Средновековна Македонија“ том 1, Мисла, Скопје, 1985, стр. 491.
  84. П. Среќковиќ пишува дека Самоил водел словенска политика, па затоа се преселил во срцето на словенската земја - во Македонија. П. Среќковиќ, Историја српскога народа I, Београд 1884, стр. 251, 252, 274.
  85. Стјепан Антолјак: „Средновековна Македонија“ том 1, Мисла, Скопје, 1985, стр. 507-513.
  86. Ханс Лотар Штепан, МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗОЛ
  87. Runciman, Bulgarian Empire, 221
  88. 88,0 88,1 Георгије Острогорски, Историја на Византија, Народна Књига Алфа, 1998.
  89. 89,0 89,1 „Нова Македонија број 22112, 20 октомври 2010 г. И ние придонесовме да си создадете држава“. Архивирано од изворникот на 2010-10-25. Посетено на 2012-11-16.
  90. The New Cambridge Medieval History: c. 900-c. 1024, Timothy Reuter, Rosamond McKitterick, Cambridge University Press, 2000, ISBN 0-521-36447-7, p. 600
  91. The legend of Basil the Bulgar-slayer, Paul Stephenson, Cambridge University Press, 2003, ISBN 0-521-81530-4, pp. 29-30.
  92. Southeastern Europe in the Middle Ages, 500-1250, Cambridge medieval textbooks, Florin Curta, Cambridge University Press, 2006, ISBN 0-521-81539-8, p. 246.
  93. Basil II and the governance of Empire (976-1025), Oxford studies in Byzantiu, Catherine Holmes, Oxford University Press, 2005, ISBN 0-19-927968-3, pp. 56-57.
  94. Македония - проблемы истории и културы, редактор д-р ист. наук Р.П. Гришина, Институт славяноведения, Российская Академия Наук, Москва, 1999, Завоевание Болгарии Византией (конец Х-начало XI в.) в Русском Хронографе - Л. В. Горина (Московский государственный университет).
  95. Веков связующая нить: вопросы истории и поэтики славянских литератур и культур, И. И Калиганов, Институт славяноведения (Российская академия наук), Государственная академия славянской культуры, Институт славяноведения РАН, 2006, стр. 208.
  96. Istorijski časopis 2002, br. 49, str. 9-25, izvorni naučni članak, Pohod bugarskog cara Samuila na Dalmaciju. Živković Tibor D. SANU - Istorijski institut, Beograd.
  97. Срђан Пириватрић, "Самуилова држава. Обим и карактер", Византолошки институт, Српске академије науке и уметности, посебна издања књига 21, Београд, 1997, стр. 183.
  98. Русия води началото си от Киевска Рус, която е първото държавно образувание на територията на денешна Русия.
  99. Довідник для підготовки до зовнішнього незалежного оцінювання з історії України. 2010.
  100. Историја Срба, Владимира Ћоровића
  101. Самуилово Царство
  102. Alexander Kazhdan (editor), „The Oxford Dictionary of Byzantium“ , Oxford, 1991.[мртва врска]
  103. The Oxford Dictionary of Byzantium. Vol 1. Oxford University Press, 1991. (page 1838)
  104. ''Ulf Brunnbauer, DREVNA NACIONALNOST I VJEKOVNA BORBA ZA DRŽAVNOST: HISTORIOGRAFSKI MITOVI U REPUBLICI MAKEDONIJI (BJRM) Архивирано на 19 ноември 2011 г., Zbornik radova "Historijski mitovi na Balkanu", Sarajevo, 2003: Postojeća nauka smatra Samuilovu državu bugarskom, što je pretpostavka koja ima oslonca u primarnih izvorima: bizantijski autori zovu je 'Bugarska' a njen živalj 'Bugari'. Samuil je sebe smatrao vladarom 'Bugara', a ne 'Makedonaca'. Bizantijski car Vasilije II, koji je zadao strašan poraz Samuilovim snagama 1014. godine, zaslužio je epitaf 'bugarski koljač'. (бошњачки)
  105. Срђан Пириватрић, "Самуилова држава. Обим и карактер", Београд, 1997, стр. 133-144. (српски)
  106. Г. Г. Литаврин, "Формирование и развитие болгарского раннефеодального государства (Конец VII - начало XI в.), "Раннефеодальные государства на Балканах VII-XII вв.", Академия наук СССР, Институт Славяноведения и Балканистики, Москва, 1985, стр. 178-183. (руски)
  107. Оболенски[мртва врска], "Византийската общност. Източна Европа 500-1453", Университетско издателство "Св. Климент Охридски", София, 2001, стр 177-180.(бугарски)
  108. Федор И. Успенский, "История Византийской империи", том 2, "Мысль", Москва, 1997, стр. 415-429. (руски)
  109. Барбара Йелавич, "История на Балканите XVIII-XIX в.", София, 2003, том 1, стр. 32. (бугарски)
  110. . В. Горина, Московский государственный университет, ЗАВОЕВАНИЕ БОЛГАРИИ ВИЗАНТИЕЙ (КОНЕЦ Х-НАЧАЛО XI в.) В РУССКОМ ХРОНОГРАФЕ, "МАКЕДОНИЯ - ПРОБЛЕМЫ ИСТОРИИ И КУЛЬТУРЫ", Институт славяноведения, Российская Академия Наук, Москва, 1999. (руски)
  111. И. И. Калиганов, Институт славяноведения РАН, РАЗМЫШЛЕНИЯ О МАКЕДОНСКОМ "СРЕЗЕ" ПАЛЕОБОЛГАРИСТИКИ, "МАКЕДОНИЯ - ПРОБЛЕМЫ ИСТОРИИ И КУЛЬТУРЫ", Институт славяноведения, Российская Академия Наук, Москва, 1999. (руски)
  112. Д-р Милан Савиђ, "ИСТОРИЈА БУГАРСКОГА НАРОДА ДО ПРОПАСТЕ ДРЖАВЕ МУ", у Новом Саду, издање "Српске народне задружне штампарије", 1878
  113. Мишел Каплан, "Византија", Клио 2008, Београд (Главни уредник, Зоран Хамовиђ) стр. 34
  114. ЕНЦИКЛОПЕДИЯ ИСТОРИЯ НА СВЕТА, Издателство "Фют", София, 2002. Издадено със сългасие на Kingfisher Publication Plc.
  115. Fine, Jr., John V.A. (1987). The Late Medieval Balkans: A Critical Survey from the Late Twelfth Century to the Ottoman Conquest. Ann Arbor: University of Michigan Press. ISBN 978-0-472-10079-8.
  116. "Историски синопсис" од Јован Скилица, види: Ioannis Scylitzae Synopsis Historiarum (ed. Hans Thurn, CFHB, 1973; ISBN (978)3110022858).
  117. Jaхија Антиохиски Византиско-Арапски хроники, види: The Byzantine-Arab Chronicle (938-1034) of Yahya b. Sa’id Al-Antaki (Yahya of Antioch).
  118. Летопис Попа Дукљанина, види: Ferluga, Jadran. Die Chronic des Priesters von Diokleia als Quelle fur die byzantinische Geschichte, Byzantina 10 (1980), 429-460
  119. Всеопшта историја на Степанос Таронци, види: Stepanos, Tarōnetsi (Stepanos Asoghik Taronetsi, 10th-11th c.) Tiezerakan patmutyun, Erevan, 2000, Pp. 455 (303 - 304).
  120. Древнерусские хронографы, (вторая половина XIV-XVI в.) види: Турилов А.А. К вопросу о болгарских источниках Русского хронографа, Летописи и хроники: Сб. статей. М., 1984.
  121. Стојан Ристески - „Создавањето на современиот македонски литературен јазик“, Скопје 1988, НИО Студентски збор, стр. 52, 485
  122. Georgije Ostrogorski - „History of the Byzantine State“, Rutgers University Press, стр. 310
  123. ''Paul Stephenson. The Legend of Basil the Bulgar-Slayer, Cambridge 2003, стр. 1, Rather it is a survey, from the time of his death to the present, of Basil's reputation as the „Bulgar-Slayer“, which challenges the notion that his reign was the culmination of a „golden age“.
  124. Иван Снегаровъ. "История на Охридската Архиепископия" Том 1. От основаването до завладяването на Балканския полуостров от Турците, стр. 55-62
  125. Гюзелев, В., „Кавханите и ичиргу боилите в българското канство-царство (VII-XI в.)“, Пловдив, 2007, ISBN 978-954-91983-1-7, с. 79-80; Андреев, Й., Лазаров, Ив., Павлов, Пл., „Кой кой е в Средновековна България“, София, 1994, ISBN 954-01-0476-9, с. 99-100
  126. Moravcsik, G. Byzantinoturcica II. Sprachreste der Türkvölker in den byzantinischen Quellen. Leiden 1983, ISBN 978-90-04-07132-2, с. 156
  127. Јован Котевски, Пеплосија. Мисла, Скопје, 1966, стр. 71-72.
  128. Анте Поповски, Дрво што крвави. Скопје: Детска радост, Наша книга, Македонска книга, Култура, Мисла, 1991, стр. 181-185.

Литература

  • Васил Н. Златарски, История на Първото българско царство. II...
  • Историја на македонскиот народ“, проф. д-р Бранко Панов и проф. д-р Светозар Наумовски, Просветно Дело Скопје 1996
  • Блаже Ристовски: Makedonija i makedonskata nacija, Skopje, (1995)
  • Шарл Дил — ИСТОРИЈА ВИЗАНТИЈСКОГ ЦАРСТВА
  • Коста Аџиевски, Пелагонија во средниот век, Скопје, 1994
  • Александар Атанасовски, Македонија и Македонците во делото на Никифор Григора — византиски историограф од XIV век. — Годишен зборник на Филозофски факултет — Скопје, Кн. 27 (53) Скопје 2000. Истото е објавено во: Славянскиј Сборник. Вѕпуск 6. Саратовскога университета 2003.
  • Георгије Острогорски, Историја на Византија, Народна Књига Алфа, 1998.

Надворешни врски

Галерија


Статијата „Цар Самоил“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии).