Водоча
- За други значења видете Водоча (појаснување)
Водоча | |
Поглед на селото | |
Координати 41°26′57″N 22°35′17″E / 41.44917° СГШ; 22.58806° ИГД | |
Општина | Струмица |
Население | 227 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 27016 |
Надм. вис. | 314 м |
Слава | Петровден |
Водоча на општинската карта Атарот на Водоча во рамките на општината | |
Водоча — село во Општина Струмица, во околината на градот Струмица.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото Водоча се наоѓа во Струмичкото Поле, на реката Водочница во југоисточниот дел на Република Македонија. Оваа историски значајна населба се наоѓа речиси во средишниот дел на територијата на Општина Струмица, односно недалеку северозападно од градот Струмица на оддалеченост од 5 километри, поради што тоа припаѓа во рурбалната зона на централното место Струмица[2]. Со градот Струмица селото е директно поврзано со обновен асфалтиран пат преку селото Баница, кој пак од Водоча продолжува понатаму кон Вељуса. Водоча е рамничарско село расположено на надморска височина од 314 метри[2]. Сместено е во подножјето на планината Еленица, веднаш на отворот на самиот излез на реката Водочница од клисурестата долина во плодното Струмичко поле. Површината на атарот на селото Водоча изнесува 9,3 км2 или 942 ха, на кои обработливото земјиште зазема површина од 276,4 ха, на шумите отпаѓаат 599,4 ха, а на пасиштата само 21,7 ха[2]. Во близина на селото Водоча се наоѓа истоименото вештачко езеро.
Селото се граничи со Вељуса, Баница, Попчево, Белотино, Ангелци.
Историја
[уреди | уреди извор]Во почетокот на 9 век, за време на византискиот цар Никифор I во Струмичко било населено христијанско население од градот Тибериопол кој се наоѓал во областа Витинија во Мала Азија. Според В. Златарски овие малоазиски колонисти подигнале нова населба, на просторот меѓу денешните села Баница и Водоча, на која и го дале името Тибериопол, а во спомен на својата дотогашна постојбина[3]. Познатиот Водочки манастир, чијашто манастирска црква посветена на Свети Леонтиј имала пет фази на изградба од IV па сè до втората половина на XIV век, е значаен по тоа што во раниот Среден век (X-XI век) бил седиште на Струмичката епископија, која што пак првпат била спомената во 1018 година во една повелба на познатиот византиски цар Василиј II[2]. Според подоцнежни записи за селото Водоча се знае од турските пописни дефтери од XVI век, односно од 1570 година кога тоа било чисто христијанско македонско село во кое се наоѓал манастирот Лахрина при што тоа припаѓало во рамки на Струмичката нахија во Ќустендилскиот санџак[4]. Во ова време во селото, запишано како Водица живееле 84 македонски христијански семејства како и 15 неженети кои произведувале 60 товари пченица, 46 товари мешано жито, уров, свила, градинарски култури, кромид, краставици, праз, тиква, грозје и вино, овошје посебно цреши, како и ореви и бадем, сено, тревам се чувале и свињи и пчели[4]. Самите жители, разни храмови, војводи, паши и спаихии во Водоча имале вкупно 19 воденици[4]. Забележително големиот број на воденици, што се должел најверојатно на силната вода од истоимената река која тука излегува од клисурестата долина во полето. За сето ова во XIV век во селото Водоча се остварувало приход и се плаќало годишен данок во износ од 13 928 акчиња[4].
Потекло и значење на името
[уреди | уреди извор]Една месна легенда раскажува дека ослепувањето на војниците станало западно од Струмица, кај селото Водоча чиешто име, наводно, произлегло од двата збора: „вади очи“. Сепак, научните толкувања кои се повикуваат и на пишаните историски извори каде се среќава името Водица, сметаат дека името на селото Водоча е изведено од апелативот вода со додавката -оча[5]. Природните одлики на теренот со големо присуство на вода од истомената река во месноста, како и историските потврди за ослепувањето во познатата Беласичка битка во овој крај, даваат основа за поткрпена и на двете претпоставки за настанокот и значењето на името на Водоча.
Стопанство
[уреди | уреди извор]Претежно занимање на населението е земјоделство. Обработливото земјиште во селото зафаќа површина од 273 ха[6]. Покрај одгледувањето и производството на градинарски култури и ран зеленчук, селото Водоча е едно од најголемите производители на тутун меѓу струмичките села.
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[7]
Во 1961 година селото Водоча броело 249 жители, но во 1994 година бројот се зголемил на 326 жители, македонско население[2].
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 318 жители, од кои 316 Македонци и 2 Срби.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 227 жители, од кои 216 Македонци, 1 Албанец и 10 лица без податоци.[9]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 120 | 112 | 170 | 183 | 249 | 255 | 323 | 339 | 326 | 318 | 227 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]
Родови
[уреди | уреди извор]Селото Водоча е населено со Македонци од православна христијанска вероисповед. Врз основа на долгите историски традиции за што сведочи повеќе од илјадагодишното постоење на Водочкиот манастирСите македонски родови од селото се староседелски односно старински, кои уште одамна живееле во ридскиот предел западно и јужно од Струмица при што нема доселеници од други подалечни краишта, односно можно е да постоеле преместувања во блиските соседни села Вељуса, Седларци, Попчево, Рич. Родови или семејства коишто живеат во Попчево се: Ќечеви, Стојанови, Маџункови, Ширкови, Илиеви, Ристови, Милеви, Трајкови, Доневи, Котеви, Вучкови.
Општествени установи
[уреди | уреди извор]- Подрачно Основно училиште Сандо Масев
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Избирачко место
[уреди | уреди извор]Во селото постои избирачкото место бр. 1764 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на Месна Заедница.[14]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 262 гласачи.[15]
На Македонски парламентарни избори во 2020 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 260 гласачи.[16]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Манастир Св.Леонтиј - седиште на Митрополитот Струмички Владиката Наум[17]
- ХМС Водоча
- Кулите, археолошко наоѓалиште.
- Селиште, археолошко наоѓалиште.
- Тиверија, археолошко наоѓалиште.
Редовни настани
[уреди | уреди извор]Личности
[уреди | уреди извор]Култура и спорт
[уреди | уреди извор]Иселеништво
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 56. ISBN 9989-862-00-1.
- ↑ М. Пандевски и Г. Стоев-Трнката, Струмица и Струмичко низ историјата, Струмица, 1969
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 Соколоски, Методија (1982). Турски документи за историјата на македонскиот народ. V. Скопје: Архив на Македонија. стр. 80–82.
- ↑ Митева, Димка (1989). Топонимијата на Струмичко. Скопје: Инситут за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 31.
- ↑ „Населено место - Струмица“. www.strumica.gov.mk. Посетено на 2013-05-04.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 29 декември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 29 декември 2019.
- ↑ „Парламентарни избори 2020“. Архивирано од изворникот на 2021-03-05. Посетено на 3 ноември 2020. line feed character во
|title=
во положба 21 (help) - ↑ „Општина Струмица. Населени места. Водоча“. Архивирано од изворникот на 2007-09-27. Посетено на 2010-05-10.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Водоча“ на Ризницата ? |
|