Циганчиња (птици)
Циганчиња | |
---|---|
Циганче (Phoenicurus ochruros) | |
Научна класификација [ у ] | |
Класа: | Птици |
Ред: | Врапчевидни |
Семејство: | Муварчиња |
Род: | Циганчиња T. Forster, 1817 |
Циганчиња или црвеноопашки[1] (науч. Phoenicurus) — род врапчевидни птици од семејството на муварчињата (Muscicapidae), native to Европа, Азија и Африка. По изглед се групираат со уште три сродни рода, кои исто така имаат црвенкасти опашки. Ова се мали инсектојади, каде мажјаците се обоени во разни комбинации на црвена, сина, бела и црна, додека пак женките се светлокафеави со црвена опашка.[2] Во 2010 г. кон родот се додадени птиците од родовите Rhyacornis (1 вид) и Chaimarrornis (2 вида) поради укинување на тие родови како неточни согласно новоутврдената молекуларна филогенија.[3][4]
Во Македонија како домородни се присутни циганчето и лисестото циганче[5], а како новодојдено е забележано и белокрилото циганче[1], кое вообичаено живее само во Азија.
Родот е воведен од англискиот природонаучник Томас Форстер во 1817 г.[6][7]
Видови
[уреди | уреди извор]Во родот спаѓаат следниве видови:[4]
- Пржевалскиево циганче (Phoenicurus alaschanicus)
- Црвеногрбо циганче (Phoenicurus erythronotus)
- Седоглаво циганче (Phoenicurus coeruleocephala)
- Циганче (Phoenicurus ochruros) наречено и „планинска црвеноопашка“ МК
- Лисесто циганче (Phoenicurus phoenicurus) наречено и само „црвеноопашка“ МК
- Полско циганче (Phoenicurus hodgsoni)
- Белогушесто циганче (Phoenicurus schisticeps)
- Огледално циганче (Phoenicurus auroreus)
- Белочелно циганче (Phoenicurus moussieri)
- Белокрило циганче (Phoenicurus erythrogastrus) МК
- Синочелно циганче (Phoenicurus frontalis)
- Речно циганче (Phoenicurus fuliginosus) (порано во родот Rhyacornis)
- Двобојно циганче (Phoenicurus bicolor) (порано во родот Rhyacornis)
- Белоглаво циганче (Phoenicurus leucocephalus) (порано во монотипниот род Chaimarrornis)
Фосилни видови
[уреди | уреди извор]- Phoenicurus erikai (плиоцен, наод од Чарнота, Унгарија).[8]
- Phoenicurus baranensis (плиоцен, наод од Беременд, Унгарија).[8]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Студија за ревалоризација на заштитеното подрачје Маврово (PDF).
- ↑ Hoyo, J. del, et al., eds. (2005). Handbook of the Birds of the World, vol. 10. Barcelona: Lynx Edicions. стр. 768–773. ISBN 84-87334-72-5.CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)
- ↑ Sangster, G.; Alström, P.; Forsmark, E.; Olsson, U. (2010). „Multi-locus phylogenetic analysis of Old World chats and flycatchers reveals extensive paraphyly at family, subfamily and genus level (Aves: Muscicapidae)“. Molecular Phylogenetics and Evolution. 57 (1): 380–392. doi:10.1016/j.ympev.2010.07.008. PMID 20656044.
- ↑ 4,0 4,1 Gill, Frank; Donsker, David (уред.). „Chats, Old World flycatchers“. World Bird List Version 6.2. International Ornithologists' Union. Посетено на 20 May 2016.
- ↑ Velevski, Metodija; Vasić, Voislav (2017). „Annotated check-list of the birds of the Republic of Macedonia“. Acta Musei Macedonici Scientiarum Naturalium. 20 (1): 53–76. ISSN 2545-4587. Архивирано од изворникот на 2018-09-30. Посетено на 2018-10-06.
- ↑ Forster, Thomas (1817). A Synoptical Catalogue of British Birds. London: Nichols, Son, and Bentley. стр. 53.
- ↑ Mayr, Ernst; Paynter, Raymond A. Jr, уред. (1960). Check-list of Birds of the World. Volume 10. Cambridge, Massachusetts: Museum of Comparative Zoology. стр. 74.
- ↑ 8,0 8,1 Kessler, E. (2013). „Neogene songbirds (Aves, Passeriformes) from Hungary“. Hantkeniana. 8: 37–149.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Циганчиња“ на Ризницата ? |
- Циганчиња на Викивидовите ?
- „Циганчиња“ — Енциклопедија на живиот свет
|