Прејди на содржината

Чимислав

Од Википедија — слободната енциклопедија
Чимислав
Czimislav
На престолок. 839 - 840
ПретходникТунгло
НаследникЧестибор
Роден(а)Чимислав
Починал(а)840
Кенгисбург

Чимислав (латински: Cimusclus) — лужичкосрпски кнез (Коледиќи),[1] наследник на кнезот Милидух, кој загинал во битка со Франките во 806 година или наследник на Тунгло споменат во 826 година.[2] [3] Се смета за архонт на династијата Пјесов. Исто така водел бунт против Лудвиг Побожниот во 839 година.[4] Загинал во битка со Саксонците во 840 година во близина на Кенигсбург. Подоцна, Саксонците одзеле дел од неговата земја и ги принудиле Лужичките Срби да им плаќаат данок.[5] Чимислав бил еден од најсилните Срби во тоа време, поседувал 12 града.[5] После тоа, избрале нов кнез кој склучил мир со Франкија.[6][7][8]

  1. Böttiger, Karl Wilhelm (1830). Geschichte des Kurstaates und Königreiches Sachsen ... F. Perthes. стр. 21.
  2. Nový R. Die Anfänge des böhmischen Staates. — Universita Karlova, 1968. — Bd. 26. — S. 158.
  3. Słowiańszczyzna połabska między niemcami a Polską, 1981, p. 18
  4. Анали франачког краљевства
  5. 5,0 5,1 Rastko.org, Лужички Срби у средњем веку
  6. Kazimierz Wachowski, Słowiańszczyzna zachodnia, Poznań 2000, s. 74.
  7. Józef Widajewicz, Serbowie nadłabscy, Kraków 1948, s. 21.
  8. Henryk Łowmiański, Początki Polski. Z dziejów Słowian w I tysiącleciu n.e., tom V, Warszawa 1973, s. 240.