1208
< XII век | XIII век | XIV век > | |||||||
01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
Грегоријански календар | 1208 MCCVIII |
Ab urbe condita | 1961 |
Ерменски календар | 657 ԹՎ ՈԾԷ |
Асирски календар | 5958 |
Балиски календар | 1129–1130 |
Бенгалски календар | 615 |
Берберски календар | 2158 |
Будистички календар | 1752 |
Бурмански календар | 570 |
Византиски календар | 6716–6717 |
Кинески календар | 丁卯年 (огн. зајак) 3904 или 3844 — до — 戊辰年 (зем. змеј) 3905 или 3845 |
Коптски календар | 924–925 |
Етиопски календар | 1200–1201 |
Еврејски календар | 4968–4969 |
Хиндуистички календари | |
- Викрамска ера | 1264–1265 |
- Сачка ера | 1129–1130 |
- Кали-југа | 4308–4309 |
Холоценски календар | 11208 |
Игбоански календар | 208–209 |
Ирански календар | 586–587 |
Исламски календар | 604–605 |
Јапонски календар | Џоген (Камакура) 2 (承元2年) |
Јавански календар | 1116–1117 |
Јулијански календар | 1208 MCCVIII |
Корејски календар | 3541 |
Мингуо-календар | 704 пред Р. Кина 民前704年 |
Нанакшахи | −260 |
Тајландски сончев календар | 1750–1751 |
Тибетски календар | 阴火兔年 (женски оган-зајак) 1334 или 953 или 181 — до — 阳土龙年 (машка земја-змеј) 1335 или 954 или 182 |
1208 (MCCVIII) — престапна година според општоприфатениот календар. Тоа била 1208 година од новата ера, 208. од вториот милениум, 8. од XIII век и деветта од 1200-тите.
Други календари
[уреди | уреди извор]Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6716 и 6717 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 5958 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 4968 и 4969 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 1961.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1208 година се протега во 3844 и 3845, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 3904 и 3905 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1751. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 604 и 605 исламска година.
Настани
[уреди | уреди извор]По област
[уреди | уреди извор]Азија
[уреди | уреди извор]- 15 април - Голем пожар во Хангџоу, главниот град на династија Сунг. Пожарот беснеел 4 дена и ноќи, уништувајќи 58.097 куќи на површина од повеќе од 3 милји, при што загинале 59 лица и нерегистриран број на други луѓе, кои биле прегазени додека се обидувале да побегнат. Властите обезбедиле привремено сместување за 5.345 луѓе, во блиските будизам будистички и таоистички манастири.
Европа
[уреди | уреди извор]- 15 јануари - Убиен е Пјер де Кастелњо од страна на Ремон VI. Ремон се смета за одговорен и поради тоа бил екскомунициран од Папа Инокентиј III, што довело до Катарска крстоносна војна[1].
- 31 јануари - Битка кај Лена: Инфериорните шведски сили ги поразиле Данците, а кралот Сверкер II Шведски е сменет како крал на Шведска. Тој е наследен од неговиот соперник Ерик Х Шведски.
- 24 март - Папа Инокентиј III ја става Англија под пресуда, како казна за кралот Јован Безземниот кој го одбил неговиот избор за архиепископ на Кентербери.
- 21 јуни - Филип Швабски, Крал на Германија и соперник на царот на Светото Римско ЦарствоОтон IV, е убиен во Бамберг од германскиот гроф Отон Вителсбах, бидејќи Филип одбил да му ја даде својата ќерка за жена.
По тема
[уреди | уреди извор]Уметност и култура
[уреди | уреди извор]- Роберт на Керсон ја пишува „Summa“.
Родени
[уреди | уреди извор]- 2 февруари - Јаков I, крал на Арагон (п. 1276)
- Хемфри де Бохун (п. 1275)
- непозната дата - Маргарет Скулесдатер , кралица на Норвешка (п. 1270)
- веројатно - Симон V Монфорт (п. 1265)
Починале
[уреди | уреди извор]- 14 јануари - Пјер де Кастелњо, француски свештеник (атентат)
- 22 април - Филип Појту, принц-бискуп од Дурам
- 21 јуни - Филип Швабски, крал на Германија
- 9 ноември - Санча Кастилска, сопруга на Алфонсо II Арагонски (р. 1155)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Sumption, Jonathan (1978). The Albigensian Crusade. London, England: Faber. ISBN 0-571-11064-9.