13 февруари
Изглед
<< | февруари | >> | ||||
Н | П | В | С | Ч | П | С |
1 | 2 | 3 | ||||
4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 |
18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 |
25 | 26 | 27 | 28 | 29 | ||
2024 |
13 февруари — 44-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Остануваат 321 денови до крајот на годината (322 во престапна).
Настани:
1633 | Во Рим, Инквизицијата го уапсила италијанскиот астроном Галилео Галилеј, кој подоцна, под закана од смртна казна, бил принуден да се откаже од своето учење за хелиоцентричниот систем. |
1895 | Браќата Огист и Луј Лимиер, француски хемичари и индустијалци и конструктури на првата филмска камера, патентираа апарат за „примена на хронофотографски отпечатоци“, наречен кинематограф. |
1947 | Во Скопје е основано Друштвото на писателите на Македонија. Основачи биле: Блаже Конески (прв претседател), Димитар Митрев, Славко Јаневски, Ацо Шопов, Владо Малески, Ристо Крле, Васил Иљоски и Иван Точко. |
1961 | Советот за безбедност на Обединетите нации реши во Конго да се упатат мировните сили на Светската организација за да се спречи избувнување на граѓанската војна во таа африканска земја. |
2019 | Автобуска несреќа кај селото Ласкарци во која загинале 14 луѓе, а многумина биле повредени. |
Родени:
Починале:
1130 | Хонориј II — римски папа. |
1571 | Бенвенуто Челини — италијански вајар, златар и сликар. |
1787 | Руѓер Бошковиќ — физичар, математичар, астроном, филозоф и дипломат. |
1883 | Рихард Вагнер — германски композитор. |
1893 | Ѓорѓија Пулевски — македонски писател и преродбеник. |
1952 | Јован Поповиќ — српски и југословенски писател. |
1974 | Петар Лубарда — црногорски и југословенски сликар. |
1991 | Арно Брекер — најистакнатиот вајар во Третиот Рајх. |
1996 | Зија Бериша — македонски глумец. |
2003 | Кид Гавилан — кубански боксер. |
2016 | Слободан Сантрач — српски и југословенски фудбалер и тренер. |