Brother Industries
Матично име | ブラザー工業株式会社 |
---|---|
Вид | Јавно |
TYO: 6448 | |
ISIN | JP3830000000 |
Дејност | печатач, Машина |
Основано | 1908 | (како Yasui Sewing Machine Co.)
Основач | Kanekichi Yasui |
Седиште | Нагоја, Јапонија |
Клучни личности | Јошихиро Јасуи (Претседавач) Тошиказу Коике (Претседател) |
Производи | печатачи повеќефункционални печатачи десктоп компјутери машини за шиење машински алатки печатачи на етикети машини за пишување факс машини |
Вработени | 31,314 (консолидиран) 3,779 (неконсолидиран) |
Мреж. место | brother.com |
Brother Industries (јапонски: ブラザー工業株式会社) — јапонска мултинационална компанија за електроника и електрична опрема со седиште во Нагоја, Јапонија. Неговите производи вклучуваат печатачи, повеќефункционални печатачи, десктоп компјутери, индустриски машини за шиење, машински алатки, печатачи на етикети, машини за пишување, факс машини и друга компјутерска електроника[1][2]. Brother Industries ги дистрибуира своите производи и под свое име и под ОЕМ договори со други компании.
Историја
[уреди | уреди извор]Историјата на Brother Industries започнала во 1908 година, кога Yasui Sewing Machine била основана во Нагоја, Јапонија. Во 1955 година била основана Brother International Corporation во САД како нивна прва филијала во странство. Во 1958 година во Даблин била формирана Европска регионална трговска компанија. Името на компанијата било променето во Brother Industries, Ltd. во 1962 година. Компанијата влегла на пазарот на печатачи за време на неговата долгогодишна соработка со Centronics.
Во 1968 година компанијата го преместила своето седиште во Велика Британија, Манчестер, по купувањето на Jones Sewing Machine Company, британска марка на машини за шиење.
Во декември 2011 година, Brother Industries ги диверзифицирал своите понуди со купување на Nefsis, иноватор на мрежен софтвер.
Во ноември 2012 година, Brother Industries најавил дека ја произвел последната машина за пишување направена во Велика Британија во фабриката во Северен Велс. Велејќи дека во својата фабрика во Рексем произвела 5,9 милиони машини од нејзиното отворање во 1985 година, фирмата ја донирала последна машина во Лондонскиот музеј за наука[3].
Од март 2013 година, годишниот промет на Brother Industries изнесувал 5,84 милијарди американски долари[4].
Машини за шиење и везење
[уреди | уреди извор]Во 2010 година, шивачките поделби на Brother Industries низ Европа биле консолидирани во една поголема компанија наречена „Brother Sewing Machines Europe GmbH“. Со промет поголем од 80 милиони евра, таа е четврта по големина компанија на Brother Industries Ltd.
Производството на машини за шиење на Brother Industries се одвива во Џухај, Кина, додека компјутеризираните машини за шиење и везачки машини во Тајван. Нова фабрика за производство на машини за шиење била отворена во 2012 година во Виетнам[5].
Во септември 2012 година, Brother Industries ја произвел својата 50-милионска домашна машина за шиење[6].
Во мај 2017 година, компанијата ја произведела својата 60-милионска домашна машина за шиење
Спонзорство и реклама
[уреди | уреди извор]Компанијата го спонзорирала Фудбалскиот клуб Манчестер Сити од 1987 до 1999 година, како еден од најдолгите непрекинати спонзорски договори на некој англиски фудбалски клуб.
Својата прва интегрирана европска рекламна кампања компанијата ја започнала во есента 2010 година за нивниот асортиман на печатачи во A3 формат.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Brother Corporate Data“. Посетено на 4 October 2012.
- ↑ Soumithri, Mamidipudi (March 11, 2015). „Japan's Brother Industries to buy UK's Domino Printing for $1.55 billion“. Reuters. Посетено на November 16, 2017.
- ↑ „UK's 'Last Typewriter' produced“. BBC News. 2012-11-20. Посетено на 23 November 2012.
- ↑ „Corporate Data | Corporate Information | Brother“. www.brother.com (англиски). Посетено на 2018-02-02.
- ↑ „Brother establishes a new factory of home sewing machine in Vietnam“ (PDF). Brother. Посетено на 2013-04-21.[мртва врска]
- ↑ „September 25, 2012 Accumulated production of home sewing machines has reached 50 million units“. Brother.com. 2012-09-25. Посетено на 2013-04-21.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Brother Industries“ на Ризницата ? |
- Драјвери за сите Brother уреди Архивирано на 30 јануари 2018 г.
- Мрежно место
- Brother 141
- Мрежно место за машини за шиење на Brother во Европа Архивирано на 18 јуни 2010 г.
- Мрежно место за машини за шиење на Brother во САД