Прејди на содржината

NFPA 704

Од Википедија — слободната енциклопедија
NFPA 704
безбедносен квадрат
3
3
2
Безбедносни квадрати на шишиња со етил алкохол и ацетон.

NFPA 704: Стандардне систем за препознавање на опасностите кај материјали за итна помош (англиски: Standard System for the Identification of the Hazards of Materials for Emergency Response) — стандард на Националното здружение за противпожарна заштита на САД. Првично е усвоен како прилагоден како водич во 1960 г.[1] Подоцна е преработуван на повеќе наврати во денешниот облик на „безбедносен квадрат“ (Safety Square) или „огнена баклава“ (Fire Diamond) за брзо и леспо препознавање на ризиците што ги носи даден опасен материјал. Од ова дознаваме дали и каква посебна опрема треба да се користи, какви постапки да се следат, и мерките на претпазливост во првичните черкови на итната помош. Овој стандард е меѓународно прифатен и игра стушинска улога превозот на хемикалии.

Четирите поделоци имаат своја боја: горниот е црвениот (за запаливост), лево е синиот (степен на опасност по здравјето), десно е жолтиот (хемиска реактивност), а долу е белиот на кој има ознаки за посебни опасности. Трите поделоци се ставени на скала од 0 (безопасно) до 4 (голема опасност). Подолу се наведени упатаствата за секоја класа според последната преработка на одделите 5, 6, 7 и 8 од NFPA 704. Бројчените вредности во првиот столб се „степени на опасност“ со арапски бројки (0, 1, 2, 3, 4), за разлика од другите стандардни системи (на пр. NFPA 30 за запаливи и согориви течности) кои опасностите ги делат на класи и ги означуваат со римски бројки (I, II, III).[2]

Запаливост (црвено)
0 Материјали што не горат во нормални услови (на пр. јаглерод тетрахлорид, силициум диоксид, перфлуорохексан), вклучувајќи природно несогорливи материјали како бетон, камен и песок. Материјали што не горат на воздух ако не се изложени на температура над 820 °C (1.500 °F) подолго од 5 минути.
1 Материјали на кои им треба значително предзагревање, во сите амбиентни температурни услови, пред да се запалат и согорат (на пр. минерално масло, амонијак, етилен гликол). Вклучува некои ситно издвоени и промешани цврсти супстанции на кои не им треба греење за да се запалат. Точката на палење е барем 93,3 °C (200 °F).
2 Мора умерено да се загрее или да се изложи на релативно висока амбиентна температура пред да се запали (на пр. дизел-гориво, хартија, сулфур и повеќе ситно издвоени промешани цврсти супстанции на кои не им треба греење за да се запалат). Точката на палење е меѓу 37,8 и 93,3 °C (100 и 200 °F).
3 Течни и цврсти сусптанции (ситно издвоени промешани цврсти супстанции) кои може да се запалат во речиси сите амбиентни температурни услови (на пр. бензин, ацетон, етанол). Течностите имаат точка на палење под 22,8 °C (73 °F) и точка на вриење од барем 37,8 °C (100 °F), или пак точка на палење помеѓу 22,8 и 37,8 °C (73 и 100 °F).
4 Брзо или целосно испарува при нормален атмосферски притисок и температура, или пак лесно се расејува во воздухот и лесно гори (на пр. ацетилен, пропан, водороден гас, диборан). Вклучува пирофорни супстанции. [[Точка на палење}Точката на палење]] е под собна температура од 22,8 °C (73 °F).

Здравје (сино)
0 Не е опасно по здравјето, не треба мерки на претпазливост и не претставува опасност поголема од обичните согорливи материјали (на пр. дрво, шеќер, сол, пропилен гликол)
1 Изложеноста предизвикува раздразнување и само мали последични повреди (на пр. ацетон, натриум бромат, калиум хлорид)
2 Силна и постојана, но не хронична изложеност може да предизвика привремено онеспособување или можна последична повреда (на пр. диетил етер, амониум фосфат, јаглерод диоксид, хлороформ, диeтилтолуамид).
3 Кратка изложеност може да предизвика тешка привремена или умерена последична повреда (на пр. течен водород, сулфурна киселина, калциум хипохлорит, јаглерод моноксид, хексафлуоросилициумова киселина, цинк хлорид, натриум хидроксид)
4 Многу кратка изложеност може да предизвика смрт или тешка последична повреда (на пр. цијановодород, фозген, диборан, метил изоцијанат, флуороводородна киселина)

Нестабилност–реактивност (жолто)
0 Обично стабилно, дури и при изложеност на оган, и не реагира со вода (на пр. хелиум, N2, јаглерод диоксид)
1 Обично стабилно, но може да стане нестабилно при зголемена температура и притисок (на пр. пропен, амониум ацетат, јаглеродна киселина)
2 Претрпува бурна хемиска промена при зголемена температура и притисок, бурно реагира со вода, или може да образува експлозивни мешавини со вода (на пр. бел фосфор, калиум, натриум)
3 Способно за детонација или експлозивно разградување, но бара силен извор на поттик; мора да се загрева во затворени услови пред да почне, реагира експлозивно со вода или се детонира ако претрпи силен удар (на пр. амониум нитрат, цезиум, водород пероксид)
4 Лесно се детонира со експлозивно разградување при нормална температура и притисок (на пр. нитроглицерин, хлор диоксид, азот тријодид, манган хептоксид, ТНТ, пикринска киселина)

Посебна напомена (бело)
Белото поле „посебна напомена“ може да содржи неколку симболи. Стандардот NFPA 704 ги пропишува следниве.
OX Оксиданс, им овозможува на хемикалиите да горат без пристап до кислород (на пр. калиум перхлорат, амониум нитрат, водород пероксид).
W Реагира со вода на необичен или опасен начин (на пр. цезиум, натриум, диборан, сулфурна киселина).
SA Прост задушувачки гас (поточно хелиум, азот, неон, аргон, криптон, ксенон). Симболот „SA“ се користи и кај системи за извлекување на испаренија од течен јаглерод диоксид и онаму каде се користат големи количества на сув мраз во затворен простор.[2]
Нестандардни симболи (бело)
Овие кодови за опасност не се дел од стандардот NFPA 704, но наоѓаат повремена неофицијална употреба. Нивната употреба може да биде дозволена, задолжителна или недозволена од надлежниот орган (на пр. противпожарната служба).
COR Корозивно; силна киселина или база (на пр. сулфурна киселина, калиум хидроксид)
ACID Кисело или алкално
ALK
BIO Биолошка опасност (на пр. вирус на грип или беснило)
POI Отровно (на пр. стрихнин, алфа-амантин)
RA Радиоактивно (на пр. плутониум, кобалт-60, јаглерод-14)
RAD
CRY Криогено (на пр. течен азот)
CRYO

Историја

[уреди | уреди извор]

За разработката на NFPA 704 е заслужна противпожарната служба на градот Шарлот по пожарот во тамошната хемиската фабрика во 1959 г. кој им нанел тешки повреди на многу пожарникари.[3][4] Кога дошле на местото на несреќата, пожарникарите нашле запалено буре во кое мислеле дека се чувал керозин. Кога се обиделе да го задушат пожарот, бурето експлодирало бидејќи во керозинот иало метален натриум. Тринаесет пожарникари се здобиле со повреди, од кои неколку критични, а еден ги изгубил обете уши и поголем дел од лицето.

Во тоа време таквите буриња немале ознака за материјалиете што се чуваат во нив, поради што пожарникарите немале претстава дека треба да постапуваат поинаку. Во тој случај, натриумот рагирал со водата и испуштил водороден гас и големо количество топлина, кои имаат потенцијал да екслплодираат.

Противпожарната служба на Шарлот вовела обука за постапување со пожари со опасни материјали, обезбедиле соодвета заштитна облекаи ја дополниле инспекцијата за спречување пожар. Началникот Џ. Ф. Морис ја осмилил табличката со облик на баклава, со која се означувало дека зградата содржи опасни материјали, заклуччно со нивната запаливост, реактивност и здравствени последици. [5]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Dornette, W. H. L.; Woodworth, Miles E. (1969). „Proposed Amendments on Revisions to the Recommended System for the Identification of The Fire Hazards of Materials / NFPA No. 704M — 1969“ (PDF). National Fire Protection Association. Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-03-03. Посетено на 4 март 2016.
  2. 2,0 2,1 „NFPA 704: Standard System for the Identification of the Hazards of Materials for Emergency Response“. 2017.
  3. „Fact Friday 153 - Charlotte's Haz-Mat History“. 704 Shop. Посетено на 22 февруари 2022.
  4. „July marks 62 years since Charlotte Fire invented Haz-Mat safety measure“. Queen City News. 28 јуни 2021. Архивирано од изворникот на 2022-05-08. Посетено на 22 февруари 2022.
  5. „History of the Charlotte Fire Department“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2023-04-07. Посетено на 2023-06-29.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]