<< октомври >>
Н П В С Ч П С
01 02 03 04 05
06 07 08 09 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31
2024

29 октомври — 302-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (303-и во престапна година). Остануваат 63 денови до крајот на годината.

Настани:

1923  Турција е прогласена за републикаНационален ден на Турција.
1944  Во селото Горно Врановци, велешко, излезе првиот број на весникот „Нова Македонија“ на македонски јазик, орган на Народноослободителниот фронт на Македонија. Вториот број излезе во ослободениот град Битола, а од третиот број излегува во Скопје. Излегувањето на овој весник е од исклучително значење за развојот на современото македонско новинарство.
1994  По повод вториот круг на гласање за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија, почна со работа Прес центарот.
2013  Пуштен во употреба железничкиот тунел „Мармарај“ преку потокот Босфор што ги поврзува Европа и Азија.

Родени:

1507  Фернандо Алварес де Толедо — шпански војсководец.
1815  Лудовит Штур — словачки војсководец.
1816  Фердинанд II — крал на Португалија од 1836-1855.
1875  Марија Единбургскакралица на Романија.
1879  Франц фон Папен — германски канцелар.
1890  Ханс-Валентин Хубе — германски генерал.
1897  Јозеф Гебелс — германски нацистички функционер и пропагандист.
1906  Фредрик Браун — американски писател.
1922  Александар Зиновјев — руски логичар и социолог.
1924  Збигњев Херберт — полски поет, есеист и драматург.
1926  Неџметин Ербакан — премиер на Турција од 1996 до 1997 година.
1929  Евгениј Примаков — руски политичар.
1930  Берни Еклстон — генерален директор на „Формула 1“.
1938  Елен Џонсон Серлиф — претседател на Либерија.
1943  Дон Симпсон — американски филмски продуцент.
1943  Душан Ивковиќ — српски и југословенски кошаркарски тренер.
1945  Гафур Џабир Ахмети — македонски писател, публицист и преведувач.
1946  Вахидин Мусемиќ — босански и југословенски фудбалер.
1946  Питер Грин — британски рок-музичар, член на групата „Флитвуд мек“.
1947  Ричард Драјфус — американски глумец.
1950  Абдула Ѓул — претседател на Турција.
1954  Петре Латиновски — градоначалник на Општина Бутел.
1960  Агим Чеку — премиер на Косово.
1964  Стеван Стојановиќ — српски и југословенски фудбалски голман.
1964  Зоран Ставревски — министер за финансии во Владата на Република Македонија.
1970  Едвин ван дер Сар — холандски фудбалски голман.
1970  Филип Коку — холандски фудбалер.
1971  Винона Рајдер — американска глумица.
1973  Робер Пирес — француски фудбалер.
1981  Аманда Берд — американска пливачка.
1984  Алваро Рафаел Гонсалес — уругвајски фудбалер.
1988  Дмитри Мусерски — руски одбојкар.

Починале:

1268  Конрадинкрал на Ерусалим.
1321  Стефан II Милутин — крал на Србија.
1395  Иван Шишман — бугарски цар.
1618  Волтер Роли — англиски шпион, писател и поет.
1783  Жан ле Рон Даламбер — француски математичар, физичар и филозоф.
1889  Николај Чернишевски — руски револуционер, филозоф и социјалист.
1908  Силвие Страхимир Крањчевиќ — хрватски поет.
1911  Џозеф Пулицер — американски новинар.
1914  Пејо Јаворов — поет, публицист и револуционер.
1924  Френсис Хоџсон Барнет — англиско-американска писателка.
1932  Жозеф Бабински — француски невролог.
1940  Димитрија Чуповски — македонски национален деец и интелектуалец.
1948  Весли Мичеламерикански економист.
1957  Луис Б. Мајер — соосновач на холивудското студио „Метро-Голдвин-Мајер“.
1971  Дјуан Алман - американски рок-гитарист.
1975  Ристо Крле — македонски писател и драматург.
1995  Киро Поповски — прв претседател на Социјалистичката партија на Македонија.
1997  Антон Шандор Ла Веј — основач на Црквата на Сатаната.
2004  Перо Коробар — македонски општествен деец.
2007  Фране Матошиќ — хрватски и југословенски фудбалер и тренер.

Празници:

  ТурцијаНационален ден.