Прејди на содржината

Гутниско наречје

Од Википедија — слободната енциклопедија
Преработка од 01:41, 19 ноември 2023; направена од InternetArchiveBot (разговор | придонеси) (Rescuing 1 sources and tagging 0 as dead.) #IABot (v2.0.9.5)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Гутниски
Gutamål/Gutniska
Застапен воШведска
ПодрачјеГотланд
Говорници~500?  
Јазично семејство
Претходни облици:
старогутниски
  • гутниски
Јазични кодови
ISO 639-3
Linguistnon-gut

Гутниското наречје (Gutamål/Gutniska) — мајчин јазик на населението на островот Готланд во денешна Шведска. Во средниот век бил говорен и пишан јазик, но денеска постои само како говор, во извесна мера измешан со шведски, дански и германски. Останува отворено прашање дали гутнискиот треба да се смета за наречје или за посебен јазик. Јазикот е наследник на старогутнискиот, кој бил наречје на стронордискиот.

Готланѓаните (Гути) и другите Швеѓани го владеат јазикот релативно слабо. Се говори на во јужните делови на островот и некои делови од помалиот соседен остров Форе. Постојат две варијанти: главен и форски говор. Форскиот се смета за поархаичен.

Особеност на гутнискиот се зачуваните старонордиски дифтонзи како ai (на пр. stain; швед. sten = камен) и oy (на пр. doy; швед. = „умира“). Има и трифтонг што не постои во ниеден друг нордиски јазик: iau (на пр. skiaute/skiauta; швед. skjuta = „стрела“).

Споредба со други германски назици

[уреди | уреди извор]
македонски англиски холандски норвешки
(книжевен)
норвешки
(новон.)
дански германски гутниски исландски шведски фарски јемтландски
око eye oog øye auge/auga øje Auge auge/auga auga öga eyga aaug
слуша hear horen høre høyre/høyra høre hören hoyre/hoyra heyra höra hoyra höör
спие sleep slapen sove sove/sova sove schlafen sive/siva sofa sova sova sava
зло evil euvel (kwaad) ond vond ond Übel aum vondur ond óndur ful
брод ship schip skip skip skib Schiff skip skip skepp skip skepp
пее sing zingen synge syngje/syngja synge/sjunge singen singe/singa syngja sjunga syngja sjoong
висок high hoog høy høg høj hoch haug hár hög høgur/háur höyg
десен right rechts høyre høgre højre rechts hygar hægri höger høgra höger
чамец boat boot båt båt båd Boot bat bátur båt bátur båut
преку over over over over/yver over über yvar yfir över yvir omma
стрела shoot schieten skyte skyte/skyta / skjote/skjota skyde schießen skiaute/skiauta skjóta skjuta skjóta skjuut

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]