Германски јазици
- Не е исто со германски јазик.
Германски јазици | |
---|---|
Народност: | Германски народи |
Географска распространетост: | првично северна, западна и централна Европа, денес и Америка и Океанија. |
Класификација: | индоевропски
|
Прајазик: | прагермански |
Гранки: |
источногермански јазици (мртви)
|
ISO 639-5: | gem |
Држави каде германски јазик е првјазик
Држави каде германски јазик е службен, но не е прв јазик |
Германски јазици — јазична група, дел од семејството на индоевропски јазици. Германските јазици се зборуваат од над 500 милиони луѓе. Германските јазици се зборуваат во Западна, Северна и Централна Европа, како и во Америка и Океанија.
Во групата на западногермански јазици спаѓаат трите најзборувани германски јазици: англиски со околу 360–400 милиони говорници;[1][nb 1] германски, со над 100 милиони говорници;[2] и холандски, со 24 милиони говорници. Други западногермански јазици се африканс, настанат од холандскиот кој го зборуваат Африканерите во Јужна Африка, со над 7.1 милиони говорници;[3] долногерманскиот, кој се смета за засебна група на нестандардизирани дијалекти, со околу 4.35–7.15 милиони говорници и околу 6.7–10 милиони луѓе кои можат да го разберат[4][5][6] (околу 2.2 милиони во Германија (2016)[5] и 2.15 милиони во Холандија (2003));[7][4] јидиш, зборуван од околу 13 милиони Евреи пред Втората светска војна во Европа,[8] а денес со околу 1.5 милиони говорници; шкотски, со 1.5 милиони говорници; лимбуршки со приближно 1.3 милиони говорници долж холандско–белгиско–германската граница; и фризискиот со околу 500,000 говорници во Холандија и Германија.
Најголеми северногермански јазици се шведскиот, данскиот и норвешкиот, кои се делумно меѓусебно разбирливи и заедно имаат околу 20 милиони говорници во нордиските земји и дополнително уште пет милиони говорници како втор јазик; во Средниот век овие јазици биле под силно влијание на среднодолногерманскиот јазик, кој спаѓа во групата на западногермански јазици, и според различни проценки околу 30–60% од нивниот вокабулар има долногерманско потекло. Други јазици во оваа група се фарскиот, исландскиот и елфдалскиот, кои се поконзервативни и без значајно влијание од долногерманскиот, имаат посложена граматика и ограничена меѓусебна разбирливост со другите северногермански јазици.[9]
Во групата на источногермански јазици спаѓаат готскиот, бургундскиот и вандалскиот јазик, од кои сите се изумрени. Последен изумрел кримско-готскиот јазик, кој бил зборуван до крајот на 18ти век во некои изолирани подрачја на Крим.[10]
Германски јазици
[уреди | уреди извор]- Источногермански јазици
- Западни германски јазици
- Северногермански јазици (Скандинавски јазици)
Симбол:
† - мртви јазици, вештачки зачувани во црквата или познати на науката по текстови.
Класификација
[уреди | уреди извор]Статус
[уреди | уреди извор]Англискиот е службен јазик во Белиз, Канада, Фолклендски Острови, Нов Зеланд, Јужна Африка, Филипини, Порторико, Гуам и поранешните колонии на Британија во Азија, Африка и Океанија. Де факто јазикот е службен во САД, Велика Британија и Австралија.
Германскиот е службен во Германија, Австрија, Швајцарија и Лихтенштајн. Иако Германија имала колонии, јазикот не станал доминантен во тие области, како што е примерот во Намибија. Германскиот има одреден степен на официјализирање во Луксембург, Белгија, Италија, Полска и Данска.
Третиот најголем германски јазик е холандскиот. Тој е службен во Холандија, Аруба, Белгија, Курасао, Свети Мартин и Суринам. Шведскиот е службен во Шведска и Финска. Останатите германски јазици се официјални само во своите матични држави.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ^1 There are conflicting opinions on the classification of Lombardic. It has also been classified as close to Old Saxon.
- ^2 Late Middle Ages refers to the post-Black Death period. Especially for the language situation in Norway this event was important.
- ^3 From Early Northern Middle English.[11] McClure gives Northumbrian Old English.[12] In the Oxford Companion to the English Language (p. 894) the 'sources' of Scots are described as "the Old English of the Kingdom of Bernicia" and "the Scandinavian-influenced English of immigrants from Northern and Midland England in the 12-13c [...]." The historical stages 'Early—Middle—Modern Scots' are used, for example, in the "Concise Scots Dictionary"[13] and "A Dictionary of the Older Scottish Tongue".[14]
- ^4 The speakers of Norn were assimilated to speak the Modern Scots varieties.
- ^5 The Gutnish language today is practically a dialect of Swedish.
- ^6 Mainland Old Norwegian existed along a dialect continuum between West and East Old Norse.
|
|
- ↑ „Världens 100 största språk 2010“ [The world's 100 largest languages in 2010]. Nationalencyklopedin (шведски). 2010. Архивирано од изворникот 6 October 2014. Посетено на 12 February 2014.
- ↑ SIL Ethnologue (2006). 95 million speakers of Standard German; 105 million including Middle and Upper German dialects; 120 million including Low German and Yiddish.
- ↑ „Afrikaans“. Архивирано од изворникот 3 December 2013. Посетено на 3 August 2016.
- ↑ 4,0 4,1 Taaltelling Nedersaksisch Архивирано на 5 октомври 2021 г., H. Bloemhoff. (2005). p88.
- ↑ 5,0 5,1 STATUS UND GEBRAUCH DES NIEDERDEUTSCHEN 2016 Архивирано на 16 јануари 2021 г., A. Adler, C. Ehlers, R. Goltz, A. Kleene, A. Plewnia (2016)
- ↑ Saxon, Low Архивирано на 2 јануари 2018 г. Ethnologue.
- ↑ The Other Languages of Europe: Demographic, Sociolinguistic, and Educational Perspectives by Guus Extra, Durk Gorter; Multilingual Matters, 2001 – 454; page 10.
- ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеyivo-yiddish
. - ↑ Holmberg, Anders and Christer Platzack (2005). "The Scandinavian languages". In The Comparative Syntax Handbook, eds Guglielmo Cinque and Richard S. Kayne. Oxford and New York: Oxford University Press. Excerpt at Durham University Архивирано на 3 декември 2007 г..
- ↑ „1 Cor. 13:1–12“. lrc.la.utexas.edu. Архивирано од изворникот 23 March 2021. Посетено на 3 August 2016.
- ↑ Aitken, A. J. and McArthur, T. Eds. (1979) Languages of Scotland. Edinburgh,Chambers. p. 87
- ↑ McClure (1991) in The Cambridge History of the English Language Vol. 5. p. 23.
- ↑ Robinson M. (ed.) (1985) the "Concise Scots Dictionary, Chambers, Edinburgh. p. xiii
- ↑ Dareau M., Pike l. and Watson, H (eds) (2002) "A Dictionary of the Older Scottish Tongue" Vol. XII, Oxford University Press. p. xxxiv Архивирано на 8 јануари 2008 г.
Грешка во наводот: Има ознаки <ref>
за група именувана како „nb“, но нема соодветна ознака <references group="nb"/>
.