Регионите обоени со темносина боја ги претставуваат регионите каде се сконцентрирани говорниците на африканс
Африканс (изворно: Afrikaans) е индоевропски јазик, настанат од холандскиот јазик и класифициран како долнофранконско германски јазик. Јазикот воглавно се зборува во ЈАР и Намибија но има говорници и во Боцвана, Ангола, Свазиленд, Зимбабве, Лесото, Замбија, Аргентина и Нов Зеланд. Миграцијата на работната сила можеби има околу 100.000 говорници на африканс во Обединетото Кралство.
Јазикот е мнозинство во една третина од западна ЈАР но исто така мнозински јазик во јужна Намибија. Јазикот настанал во 17 век од холандски јазик и бил познат и како африкански холандски јазик. Бил сметан за дијалект сè до 19 век кога почнал да се признава како посебен јазик и постигнал еднаков статус со холандски јазик и англиски јазик во рамките на ЈАР. Африканс и холандски јазик се многу слични речиси идентични.