Битка кај Мека (1918)
Битка кај Мека | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Арапско востание | |||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
Арапска армија | Османлиско Царство | ||||||
Команданти и водачи | |||||||
Фејсал I Абдула I Али Хеџаз | Ахмед Тефик Паша Факри Паша |
||||||
Сила | |||||||
~5,000+ | 1,000[1] |
Отоманското Царство Првата светска војна |
---|
Битката кај Мека — битка која се одвила во периодот од јуни до јули 1916 година. На 10 јуни Хусеин бин Али, управителот на градот, започнал востание против османлискиот калифат како дел од Арапското востание.
Заднина
[уреди | уреди извор]Целта на Хусеин била да направи една арапска држава која ќе ги зафаќала териториите од Алеп до Аден, и за оваа цел ги подготвил своите четири синови правејќи сојуз со Британците.
Конфликт
[уреди | уреди извор]Во почетокот на јуни 1916 година поголемиот дел од османлиската војска била стационирана во градот Таиф на чело со Галиб Паша, гувернерот на Хиџас. Само околу 1,000 војници биле оставени да го бранат светиот град. Поголемиот дел од нив се наоѓале во касарната кога започнало официјално востанието. По овој напад, околу 5,000 востаници започнале напад кон трите тврдини кои се наоѓале околу Мека. Самиот турски командант не можел да направи разлика меѓу своите и противничките војници, па збунет му се јавил на Хусеин, кој пак го запознал со своите намери и му кажал дека е потребно да се предаде, но по одбивањето борбите продолжиле. Следниот ден била освоена територијата околу џамија Масџид ал-Харам заедно со османлиската владина канцеларија заедно со заменик гувернерот, кој им наредил на своите сили да се предадат но тие одбиле. Ситуацијата се променила кога Британците испратиле артилерија по кое тврдината била нападната и на 4 јули 1916 година заземена.
Последици
[уреди | уреди извор]Оваа битка го означил крајот на османлискиот калифат во земјата. Самиот управител бил соборен од власт од страна на Ибн Сауд и неговиот сон за основање на арапска држава од Јемен до Сирија останал нереализиран.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- History of the Arab Revolt (on King Hussein's website)
- Arab Revolt at PBS
- Fromkin, David (2010). A Peace to End All Peace: The Fall of the Ottoman Empire and the Creation of the Modern Middle East. Macmillan. ISBN 978-0-8050-8809-0.
- Lawrence, T. E. (1935). Seven Pillars of Wisdom. Doubleday, Doran, and Co.
- ↑ Spencer C. Tucker, Arab Revolt (1916-1918), The Encyclopedia of World War I, ABC-CLIO, 2005, ISBN 1-85109-420-2, page 117.