Персиски поход
Персиски поход | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Блискоисточен фронт во Прва светска војна | |||||||
Командантот на XIII корпус Али Ихсан-бег и неговите луѓе во Хамадан |
|||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
Османлиско Царство | Руска Империја
Ерменски волонтери |
|
Отоманското Царство Првата светска војна |
---|
Персиската кампања или персиската инвазија претставува серија од конфликти во северниот дел на Персиски Азербејџан и Западна Персија помеѓу Британската Империја, Руската Империја и ерменски и асирски сили против Отоманското Царство. Конфликтот започнал во декември 1914 а завршил со мировниот договор од Мудрос на 30 октомври 1918.
Персија формално била неутрална во текот на Првата светска војна, но во реалноста персиските сили биле погодени од соперништвото меѓу сојузничките сили (Антанта) и Централните сили. Значајноста на Персија за западните земји и Русија се должела главно поради големите нафтени резерви и нејзината територија како стратешко место. Земјата била поделена на северна и јужна сфера на влијание според договорот од 1907 година меѓу Велика Британија и Руската Империја со кое бил ставен крај на т.н. Голема криза во Азија и ограничување на германското влијание во регионот.
Германија основала своја канцеларија во Истанбул за промовирање на своите идеи кон Британска Индија, Персија и Блискиот Исток. Германците се надевале дека доколу ја заземат Персија ќе се стекнат по потребните нафтени резерви, на Русија ќе се прекине пристапот до ресурсите на јаглеводороф околу Касписко Море и со овој чин ќе се нарушат односите меѓу Русија и Британија. Османлискиот министер Енвер Паша тврдел дека доколку бидат заземени неколку клучни градови патот кон Азербејџан ќе се отворил до Средна Азија и Индија. Тој настојувал да ја прошири соработката меѓу националните држави на Кавказ, посебно со Азербејџан. Но, во 1914 година пред војната, британската влада склучила договор со една персиска компанија за снабдување нафта за британската морнарица.
Во 1919 г. по руската револуција и нивното повлекување од персиска територија, Британија се обидела да воспостави протекторат во Иран, но не им успеало. Конечно, конституцијалистите и нивното движење во Гилан создале дестабилизација во која Каџарската влада паднала, а на власт се искачил Реза Шах Пахлеви и ја воспоставил династијата Пахлеви во 1925 г.