Прејди на содржината

Летни олимписки игри 2008

Ова е избрана статија. Стиснете тука за повеќе информации.
Од Википедија — слободната енциклопедија


Игри на XXIX олимпијада
Игри на XXIX олимпијада
同一个世界同一个梦想
(Еден свет, Еден сон)

Амблемот „разиграниот Пекинг“,
прикажува кинеско писмо
со симболот „Џинг“
(京, од името на градот домаќин)
во форма на фигура која игра.

Град домаќин Пекинг, Кина
Број на држави 205
Број на спортисти 11.028
Број на спортови 28
Број на натпревари 302
Отворање 8 август 2008
Затворање 24 август 2008
Стадион Национален стадион - Пекинг
北京國家體育場 (трад.)
北京国家体育场 (упрост.)

Летните олимписки игри 2008, официјално познати како Игри на XXIX олимпијада се одржаа со почеток на 8 август 2008, до 24 август 2008, со церомонијата на свечено отворање којашто започна во 08:08:08 попладне (кинеско централно време) (12:08:08 UTC) на Националниот стадион во Пекинг, Народна Република Кина. Некои настани се одржаа надвор од Пекинг, меѓу кои се фудбалското натпреварување (во Чинхуангдао, Шангај, Шенјанг и Тиенџин), јавачкато натпреварување (во Хонгконг) и натпреварувањето во едрење (во Чингдао). Со ова, по третпат едни Олимписки игри се одржаа под јурисдикцијата на два различни олимписки комитета (Хонгконг и Кина се натпреваруваат одделно).

Организацијата на Олимписките игри беше доделена на градот Пекинг, Народна Република Кина по гласањето на Меѓународниот олимписки комитет на 13 јули 2001. Официјалното лого на игрите, со наслов „Разиграниот Пекинг“, прикажува стилизиран кинески калиграфски симбол, „џинг“(, со значење главен град), што претставува референца на градот домаќин. Маскотите на Пекинг 2008 се пет „Фува“ (кинески:福娃, Fúwá); буквален превод „кукли за добра среќа“), секоја обоена во една од боите на Олимписките прстени. Олимпискиот слоган, Еден свет, Еден сон, го повикува светот да се обедини во олимпискиот дух. Атлетите ќе се натпреваруваат во 302 натпреварувања во 28 спортови, само еден натпревар повеќе од распоредот на игрите од Атина 2004. Неколку нови национални олимписки комитети се препознаени од МОК.

Кинеската влада ги промовираше игрите за да го истакне кинеското пробивање на светската сцена.[1][2] Постоеја големи грижи од евентуалното бојкотирање на Олимпијадата од страна на поголемите нации во протест на кинеските акции во Тибет.[3][4][5] Порано во 2007, поранешниот претседател на MOK, Хуан Антонио Самаранч, изјавил дека верува во игрите на 2008 Пекинг, кои можат да бидат, по негово мислење, „најдобри во олимписката историја.“ [6]

Резултати од гласањето за избор на град-домаќин на Летните олимписки игри - 2008
Град Земја Прв круг Втор круг
Пекинг Кина Н.Р.Кина 44 56
Торонто Канада Канада 20 22
Париз Франција Франција 15 18
Истанбул Турција Турција 17 9
Осака Јапонија Јапонија 6

Пекинг беше избран за град-домаќин на 13 јули 2001 на 112-тата сесија на МОК во Москва, победувајќи ги Торонто, Париз, Истанбул и Осака. Пред одржувањето на сесијата, 5 града (Бангкок, Каиро, Хавана, Куала Лумпур и Севиља) кои беа кандидати беа елиминирани уште во 2000. По првиот круг од гласањето, Пекинг имаше големо водство пред останатите 4 кандидати. Осака доби само 6 гласови и беше елиминиран. Во вториот круг, Пекинг доби апсолутно мнозинство по што ги победи конкурентските градови без потребата од понатамошни кругови на гласање.[7]

По изборот, вицепремиерот на Кина Ли Ланчинг изјави „Победата на Олимпискиот избор за 2008 е пример за меѓународното признавање на кинеската социјална стабилност, економскиот развој и здравјето на кинеските луѓе“. Претходно, Пекинг беше кандидат за град-домаќин на Летните олимписки игри - 2000. Тогаш, во првите 3 круга Пекинг беше во водство, но во клучниот четврти и последен круг загуби од Сиднеј на изборот одржан во 1993.

Подготовки

[уреди | уреди извор]

Спортски собиралишта

[уреди | уреди извор]

До 27 мај 2007 изградбата на сите триесет и едно спортско борилиште за игрите во Пекинг беше започната.[8] Кинеската влада инвестираше во реновирањето и изградбата на 6 борилишта надвор од Пекинг како и на педесет и еден тренинг-центар. Најголеми архитектонски дела ќе бидат Националниот стадион, Националната затворен стадион, Националниот собирен центар, Олимписката младост и Културниот и спортски центар Вукесонг. Речиси 85% од буџетот за изградбата на шесте најголеми спортски зданија ($2.1 милијарда, 17.8 милијарди јуани) беа издвоени од корпорациски избори и тендери. Инвестиците беа очекувани од корпорациите по барањето за сопствеништво на правата по Летните олимписки игри - 2008. Некои од спортските борилишта ќе и бидат на располагање на Државната генерална спортска агенција којашто ќе ги користи како простор за одвивање на најзначајните идни национални тимски настани.

Некои настани ќе се прослават надвор од Пекинг, како натпреварите во фудбал (во Чинхуангдао, Шангај, Шенгјанг и Тиенџин), натпреварите во едрење (во Чингдао) и коњичките натпревари (во Хонгконг, поради „сомнението од очни болести на коњите и големите потешкотии за создавање на зона без таквите болести“).[9] Ова ќе биде по третпат во историјата на Олимписките игри, натпреварите да се одржат во две држави. (Кина и Хонгконг настапуваат одвоено на Олимписките игри).

Национален стадион - Пекинг

[уреди | уреди извор]
Националниот стадион во Пекинг.

Главно место на Летните олимписки игри - 2008 зазема Националниот стадион во Пекинг, наречен „Птичје гнездо“ поради неговата надворешна структура.[10] Изградбата на зданието започна на 24 декември 2003. Олимпискиот стадион Гуангдунг беше планиран и изграден за игрите, но сепак одлуката да се изгради нов стадион во Пекинг беше донесена.[11] Владата избрала архитекти од секаде на натпревар за дизајнери. Швајцарската архитектонска фирма Херцог и де Мојрон (Herzog & de Meuron) соработувала со кинеската Група за истражување и дизајн и победила на натпреварот. Стадионот ќе има решетки во форма на скелет кои формираат вдлабнатина, а капацитетот на стадионот изнесува 80.000 столчиња. Архитектите дизајнот на стадионот го опишале како птичје гнездо со огромен окуларен отвор со кров на повлекување. И покрај тоа, во 2004, идејата за кров на повлекување беше отстранета од економски и безбедносни причини. На Националниот стадион во Пекинг ќе се одржат церемониите на отворање и затворање на игрите, атлетските натпрревари и фудбалските финалиња. Дизајнерот на стадионот Аи Веивеи наскоро ја откажа поддршката за организација на кинеските Олимписки игри, велејќи дека „повеќе не сака ништо да соработува со нив“.[12][13]

Ова е карта на Олимписките борилишта во Пекинг. Неколку брзи патишта го заобиколуваат центарот на градот и овозможуваат брз и навремен превоз до и помеќу спортските борилишта.

Во подготовките во пресрет на големиот метеж, Пекиншката метро организација одлучи двојно да го зголеми капацитетот на линиите. Претходниот систем беше составен од 4 линии и 64 станици. Додатните 7 линии коишто беа додадени и повеќето од 80 нови станици вклучуваат и превоз директно од Пекиншкиот главен меѓународен аеродром. На аеродромот, 11 возови без екипаж со капацитет од по 83 луѓе ќе ги превезуваат луѓето до последната станица.[14] Голем број од нив се пуштени во употреба од 30 јуни 2008, два месеци пред почетокот на игрите. Во јануари 2007, Пекиншкиот оргазиционен комитет изјави дека возилата во подземната железница ќе бидат опремени со видео монитори на кои ќе може да се следат најновите вести и настани за време на игрите. Како додаток на ова, мобилните телефони ќе даваат посебни сигнали со што луѓето ќе можат да ги употребуваат своите комуникациски средства на станиците за метро и во подземната железница.[15]

Во основа, Пекинг е одреден да намени триесет и осум официјални јавни транзитни правци коишто ќе бидат поврзани со спортските борилишта. За време на игрите ќе бидат управувани 2.500 големи автобуси и 4.500 минибуси од 8.000 луѓе коишто ќе ги превезуваат луѓето до соодветното место на настанот. Пред игрите, јавниот транспорт ќе биде оптимизиран со тоа што 110 линии кои донекаде се поклопуваат ќе бидат намалени.[16]

Пекинг ќе имплементира рационализација на патните простори врз основа на големиот број поштенски пратки за време на игрите со намера значително да се унапреди авиотранспортот во градот.[17] Под сообраќакниот план на јавноста направен на 20 јуни 2008, рационализацијата ќе биде наметната 2 месеца, од 20 јули до 20 септември вклучувајќи го и периодот за одржување на Параолимписките игри од 6 до 17 септември.[18] Рестрикциите ќе бидат спроведувани во некои денови зависно од чудниот или сличен број на поштенски пратки. Оваа мера се очекува да опфати 45% од 3,3 милионите автомобили по улиците. Во прилог на ова, 300.000 тешкотоварни возила добија забрана од 1 јули, а планот се спроведува и на многу други возила коишто пристигнуваат надвор од Пекинг. Густата јавна транспортна мрежа се очекува да ги оправда овие потреби, проценувајќи дека по улиците на Пекинг ќе се превезуваат дополнителни 4 милиони патници.[19][20]

Маркетинг

[уреди | уреди извор]

Лого, слоган и маскоти

[уреди | уреди извор]
„Разиграниот Пекинг“, лого впишано во цветна градина.

Логото за Летните олимписки игри - 2008 е со наслов „Разиграниот Пекинг“(舞动的北京). Логото е комбинација од традиционалната кинеска црвена душа и приказ на кинеската калиграфска буква jing(, „национален главен град“) со атлетски елемент. Отворените раце на калиграфскиот збор ја симболизираат поканата на Кина до целиот свет да дојде ида ја сподели кинеската култура. Претседателот на МОК Жак Рог беше многу среќен поради логото, велејќи „Вашето ново лого веднаш ја пренесува импресивната убавина и сила на Кина којашто е воочлива во вашето наследство и во вашите луќе“.[21]

Слоганот за Летните олимписки игри - 2008 е „Еден свет, Еден сон“(упр. 同一个世界 同一个梦想; трад. 同一個世界 同一個夢想; пинјин: Tóng Yíge Shìjiè Tóng Yíge Mèngxiǎng.)[22] Слоганот го повикува целиот свет да му се придружи на Олимпискиот дух во изградбата на подобра иднина за човештвото. Слоганот беше избран во конкуренција на 210.000 испратени од целиот свет.[23]

Маскоти на игрите се 5 Фува („кукла за добра среќа“). Фува се сосотои од 5 члена коишто се споени: риба, џиновска панда, оган, тибетска антилопа и ластовичка. Тие приближно соодветствуваат со петте елементи: вода, метал, оган, дрво и земја. Секоја Фува си има посебна боја, како боите на Олимписките кругови коишто ги симболизираат петте континенти. Петте Фува се викаат Беибеи, Жингжинг, Хуанхуан, Јингјинг и Нини. Кога за првпат имињата беа кажани заедно се доби фразата (Běijīng huānyíng nĭ) што значи „Пекинг ве пречекува“.[24]

Влезници

[уреди | уреди извор]

Во април 2007, повеќе од 7 милиони [25] влезници за спортските настани и церемонии беа продадени. Околу 75% од влезниците беа продадени откако Пекиншкиот организационен комитет одлучи да одреди пониски цени за домашниот народ, со цел да ги охрабри Кинезите да присуствуваат на игрите. Влезниците наменети за продажба во странство се достапни во националните олимписки комитети.[26] Во јуни 2007, веќе беа продадени 2,2 милиони влезници.[27]

Трговија со сувенири

[уреди | уреди извор]

Од почетокот на 2007, продавниците со Олимписки сувенири започнаа да работат насекади во Кина. Повеќе од 800 официјални продавници беа отворени кон крајот на јули 2007. Од август 2007, Олимписката трговија стана достапна онлајн, со повеќе од 5000 производи достапни преку официјалното мрежно место во кои спаѓаат облека, маскотите, приврзоци и незаборавни стапчиња за јадење.[28] Во ноември 2007, прекуокеанската електронска трговија беше овозможена насекаде во светот, освен во Кина, Јапонија, Обединето кралство, Канада и САД.[29] Кинеската централна банка исто така издаде нови 10 банкноти јуани без сликата на Мао Це Тунг.[30]

Официјалната тема за пренесувањето на Олимпискиот факел беше „Запали ја страста, Сподели го сот“ [31] со препев на англиски јазик од 106 учеснички на Мис на светот 2007. [32] Официјалната песна на прославата на одбројувањето на една година од Олимписките игри носеше наслов „Подготвени сме“[33] напишана од Џеки Чен[34] „Běijīng huānyíng nĭ“ („Пекинг ве пречекува“) беше насловот на песната на прославата на одбројувањето на последните 100 дена од Олимписките игри.[35] „Јас сум ѕвезда“ и „Насмеаниот Пекинг“ беа избрани за песни на Пекиншкиот волонтерски олимписки комитет .[36]

Церемонија на отворање

[уреди | уреди извор]

Церемонијата на свечено отворање на Олимписките игри се одржа на Националниот стадион во Пекинг на 8 август 2008 и ќе започне во 08:08:08 попладне по (кинеско централно време) (12:08:08 UTC).

Спортови

[уреди | уреди извор]
Овој пиктограм ја означува атлетиката.

Програмата за Летните олимписки игри - 2008 во Пекинг е слична со онаа на Летни олимписки игри - 2004 во Атина. На игрите, споретистите ќе се натпреваруваат на 302 натпревари (165 машки, 127 женски и 10 мешани натпревари) во 28 спортови. На игрите ќе се одржи само еден натпревар повеќе од игрите 4 години пред тоа одржани во Атина.

Сè на сè се одржale 9 нови натпревари, вклучувајќи два во новата BMX дисциплина во велосипедизам. Атлетичарките за првпат ќе трчаат во трката на 3000m со пречки. Во прилог на тоа, натпреварите во маратонско пливање за мажи и за жени на растојание подолго од 10 км ќе бидат префрлени во пливачка дисциплина. Тимските натпревари во пинг-понг (за мажи и за жени) ќе бидат префрлени во дисциплината во игра на двојки. Во мечување екипните натпревари во флорет и сабја за жени ќе бидат префрлени машкиот тимски натпревар во флорет и во женскиот екипен натпревар во меч.[b][37][38]
За повеќе за мечувањето на оваа олимпијада, видете Мечување на Летните олимписки игри 2008.

Пекиншкиот организационен комитет изработи пиктограми за 35 Олимписки дисциплини. Оваа збирка на спортски икони е наречена убавината на одликите на душата поради тоа што сите наликуваат на кинеските ракописи на душата.[39]

Наведените спортвои се спортовите во коишто ќе се одржат натпреварите на игрите. Бројот на натпртевари во секој спорт е даде во заграда.

Список на спортови предвидени во Олимписката програма за Летните олимписки игри - 2008

Распоред на натпревари

[уреди | уреди извор]

На следниот расопоред на натпревари за Летните олимписки игри 2008, секое бело квадратче означува натпреварување во одреден спорт на одреден ден во фаза на квалификации. Секое жолто квадратче означува финално натпреварување во одреден спорт и на одреден ден. Бројот запишан во овие квадратчиња го означува бројот на финални натпревари во тој спорт и на тој ден.[40]

 ●  Церемонија на отворање  ●  Квалификациони натпревари  ●  Финални натпревари  ●  Церемонија на затворање
Август 6. 7. 8. 9. 10. 11. 12. 13. 14. 15. 16. 17. 18. 19. 20. 21. 22. 23. 24. Медали
Церемонии
Веслање 7 7 14
Бадминтон 1 2 2 5
Кошарка 1 1 2
Безбол 1 1
Бокс 5 6 11
Борење 2 2 3 2 2 2 2 3 18
Велосипедизам 1 1 2 1 3 1 2 3 2 1 1 18
Ватерполо 1 1 2
Одбојка 1 1 1 1 4
Ракомет 1 1 2
Гимнастика Спортска гимнастика 1 1 1 1 4 3 3 14
Ритмичка гимнастика 1 1 2
Скокови на трамболина 1 1 2
Кајакарство 2 2 6 6 16
Џудо 2 2 2 2 2 2 2 14
Коњички спортови 2 1 1 1 1 6
Атлетика 2 4 6 6 5 3 6 7 7 1 47
Пинг-понг 1 1 1 1 4
Едрење 2 1 2 2 2 2 11
Пливање 4 4 4 4 4 4 4 4 1 1 34
Скокови во вода 1 1 1 1 1 1 1 1 8
Синхронизирано пливање 1 1 2
Современ петобој 1 1 2
Софтбол 1 1
Стреличарство 2 2 2 2 1 2 1 2 1 15
Стрелаштво 1 1 1 1 4
Тенис 2 2 4
Триатлон 1 1 2
Теквондо 2 2 2 2 8
Подигање тегови 1 2 2 2 2 2 1 1 1 1 15
Мечување 1 1 1 1 2 1 1 1 1 10
Фудбал 1 1 2
Хокеј на трева 1 1 2
Медали 7 14 13 19 17 17 16 30 34 18 20 11 23 20 31 12 302
Август  6.  7.  8.  9. 10. 11. 12. 13. 14. 15. 16. 17. 18. 19. 20. 21. 22. 23. 24.

Освојувачи на медали

[уреди | уреди извор]
Медалите на Летните олимписки игри - 2008. Сребрен (лево), Златен (среде), Бронзен (десно)
Место Земја Злато Сребро Бронза Вкупно
1 Народна Република Кина НР Кина (домаќин) 51 21 28 100
2  САД 36 38 36 110
3  Русија 23 21 28 72
4 Обединето Кралство Обединето Кралство 19 13 15 47
5  Германија 16 10 15 41
6 Австралија Австралија 14 15 17 46
7 Јужна Кореја Република Кореја 13 10 8 31
8 Јапонија 9 6 10 25
9  Италија 8 10 10 28
10  Франција 7 16 17 40

Патување на Олимпискиот факел

[уреди | уреди извор]
Олимпискиот факел во 2008

Дизајнот на Олимпискиот факел се заснова на традицоналните украси и употребата на традиционалниот кинески дизајн „Поволно облаци“(祥云). Факелот е дизајниран да овозможи огнот да гори и на брзина на ветрот од 65 км/ч и количество на врнежи од 50 мм/ч.

Патот на факелот, на тема Патување на хармонијата во последните 130 дена од одбројувањето за Олимписките игри во должина од 137.000 км - коешто е и најдолго од воведувањето на традицијата за организирање на патување на Олимпискиот факел низ многу земји во светот за Летните олимписки игри - 1936 во Берлин.[41][42] На далеку, патувањето на факелот беше наречено „јавна катастрофа“ од страна на реномираниот дневен лист The Times[43] за Кина, со протестите за човекови права во Тибет.

Рута на Олимпискиот факел на неговот патување за Летните олимписки игри - 2008

Патувањето започна на 24 март 2008 во Олимпија, Грција. Од таму допатува до стадионот Панатинаикон во Атина, а оттаму во Пекинг, пристигнувајќи на 31 март. Од Пекинг, факелот ја следеше рутата и помина по сите континенти освен Антарктик. Факелот помина низ неколку градови на патот на свилата, симболизирајќи ги античките врски помеѓу Кина и остатокот од светот. Вкупно 21.800 луѓе беа ангажирани од различни организации и личности насекаде во светот да го носат Олимпискиот факел. [44]

Меѓународната судбина на факелот беше проблематична, цел еден месец светот беше сведок на протестите за човекови права во Тибет. По неволјата во Лондон од неколку обиди да се изгаси факелот, истото мораше принудно да се стори во Париз.[45] На 9 април, америкаснките носачи во Сан Франциско беа жртви на силните демонстрации без да бидат предупредени за избегнување на немилите демонстрации на оригиналната рута,[46] но останатите носачи немаа големи проблеми со демонстрантите, но тогаш се појави нов проблем со кој се одложи патувањето на факелот. Тоа беше земјотресот во Сечуан којшто силно ја погоди западна Кина.

Протестаторите во поддршка на движењето за независност на Тибет за времена пренесувањето на Олимпикиот факел во Сан Франциско.

Олимпискиот оган беше искачен и на највисоката точка на светот, врвот Монт Еверест по 108 км долгиот „главен пат“ изграден од тибетска страна, посебно наменет за патувањето на факелот. Проектот од регионот Тингри од префектурата Ксигазе до кампот на врвот Монт Еверест чинеше $19,3 милиони.[47] Во март 2008 Кина им забрани на планинарите да се искачуваат на врвот од таа страна, а подоцна ја увери истото да го стори и непалската влада, официјално споменувајќи загриженост за околината.[48] Тоа исто се одрази и на загриженоста на кинеската комунистичка влада дека тибетски активисти е можно да го злоупотребат Олимпискиот факел на највисоката точка на светот.[49]

Оригиналната рута вклучуваше пауза во Тајпеј пред пристигнувањето во Хонгконг. И покрај ова, тајванската влада подоцна го одби ова, прокламирајќи дека Кина сака да го искористи патот на факелот низ Тајван како домашно патување, а не во рамките на меѓународната рута.[50] МОК го исфрли Тајпеј од рутата; и Кина и Тајван меѓусебно се обвинуваа поради мешањето на политиката во настанот.[51]

Земји-учеснички

[уреди | уреди извор]

Иако квалификациите за пласман на Олимписките игри се со различна конкуренција по одделен спорт, не може во целост да се каже кои од 205. земји со свои Национален олимписки комитет) [52] ќе настап на игрите во Пекинг во 2008. Најголемиот број на земји учествуваат регуларно, иако под некои околности можно е да се случи ад бидат отсутни од игрите како што беше случајот со 6 земји на Зимските олимписки игри - 2006 во Торино. Сепак, квалификациските натпревари во различни спортови може да предвидат колку спортисти од секоја земја ќе настапат на Олимписките игри. Според Стивем Раш, шеф за спортски можности во Американскиот олимписки комитет САД на престојните игри во Пекинг ќе настапи со околу 600 спортисти што претставува рекорд во нивната историја.[53] Но, тоа не важи и за Авганистан кои ќе имаат само 4 спортисти на игрите.[54]

Јужноафриканската пливачка Натали ду Тоа, којашто освои 5 златни мдали на Параолимписките игри - 2004 успеа да обезбеди пласман на Олимписките игри со што стана првата жена која со ампутација успеала да обезбеди пласман на едни Олимписки игри, а прва личност по Оливер Халаси (Летни олимписки игри - 1936 во Берлин) којашто го сторила тоа.[55][56] Наталија Партика (којашто се родила без десната шака) ќе настапува во пинг - понг за Полска..[57]

Список на земји-учеснички (Национални олимписки комитети)

Промени во учеството

[уреди | уреди извор]

Маршалските острови и Тували добија статус да имаат свој Национален олимписки комитет во 2006 и 2007 и се очекува да се најдат меѓу земјите-учеснички на игрите.[58][59][60] Со независноста на Црна Гора, повеќе не постои заедничката држава Србија и Црна Гора, па така Србија и Црна Гора ќе настапат посебно. Меѓународниот олимписки комитет го призна црногорскиот Национален олимписки комитет во 2007.[61][62] Северна Кореја и Јужна Кореја имаа средби за да се овозможи испраќање на обединет тим на игрите во Пекинг.[63][64] И покрај тоа ваквиот договор пропадна поради несогласувањата на Националните олимписки комитети по прашањето за големината на спортистите.[65]

На 24 јули, Неѓународниот олимписки комитет (МОК) му забрани на Ирак да учествува на Олимписките игри поради политичките влијанија на владата во спортот.

Телевизиски права

[уреди | уреди извор]

Овие Олимписки игри ќе бидат првите кои ќе бидат емитувани со исклучително висока телевизиска точност и ќе бидат проследени од повеќе од 4 милијарди гледачи.[92] Уште на изборот за град-домаќин во 2001, Пекинг и потврди на Олимписката комисија за развој дека доколку ја добие организацијата на игрите „нема да има рестрикции за медиумските извештаи и движењето на новинарите, вклучувајќи ги и Олимписките игри“.[93]

Загриженост и контроверзи

[уреди | уреди извор]
Забраната гласи: „Злоупотребата на човековите права не може да коезгистира заедно со Олимписките игри во Пекинг, 2008“

Загриженоста за игрите го вклучува можниот бојкот на про-тибетските организации како Студентите за слободен Тибет како и организации како Амнест Интернешнел изненадени од вмешаноста на Кина во кризата во Дарфур.[94] Кина мака мачеше со проблемите во авиолиниите над Пекинг, но Пекиншкиот организационен комитет истакна дека сето тоа ќе биде решено пред почетокот на игрите. Управата на Интерпол предупреди дека постои „реална можност“ Олимписките игри во Пекинг да бидат цел на терористички групи.[95], како и множните немири од страна на протибетските протестирачи.[96]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. ^ Бројот 8 е поврзан со благосостојбата и довербата во кинеската култура.[97]
  2. ^ Програмата во мечување повторно ќе ги вклучува сите 6 поединечни и 4 тимски натпреварувања, иако тимските натпревари ќе бидат поинакви од оние што се одржаа во Атина во 2004. Правилата на Меѓународниот мечувалски сојуз повикуваат на неодржување на натпреварите од претходните игри за да се прифати изборот и да се одржи најмалку еден тимски натпревар во секое оружје. Гласаето е предводено за да се одлучи четвртото натпреварување. Во 2004, 3 тимски натпревари во машка конкуренција и натпреварите во женска конкуренција се одржаа. Така, во 2008, женските натпревари во флорет и сабја, како и машките натпревари. Машкото натпреварување во сабја го надгласа оноој во флорет со 45-20.[98]„Список на одлуки на Генералното собрание во 2006“ (PDF) (pdf). Меѓународен мечувалски сојуз. 8 април 2006. Посетено на 22 април 2007. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)</ref>
  1. „Кинеска забава на појавувањето“. Торонто Стар. август 2007. Архивирано од изворникот на 2008-08-24. Посетено на 2008-06-24.
  2. „2008- година на Кина?“. BusinessCenter.TV. 7 август 2007. Архивирано од изворникот на 2008-05-04. Посетено на 2 јануари 2008.
  3. Европската унија може да ги бојкотира игрите поради „културен геноцид“ Архивирано на 10 мај 2008 г. Малезиско сонце, 26 март 2008
  4. Полската влада на бојкот на отворањето на игрите Архивирано на 5 април 2008 г. 27 март 2008
  5. Саркози најавува бојкот Торонто Стар 26 март 2008
  6. „Летните олимписки игри - 2008 ќе бидат најдобрите игри некогаш одржани: Самаранч“. Пекиншки организационен комитет. 25 јуни 2007. Посетено на 25 јуни 2007. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  7. „Пекинг 2008: Избор“. Меѓународен олимписки комитет. Посетено на 18 декември 2006. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  8. „Сите предвидени Олимписки борилишта се во изградба“. Пекиншки организационен комитет. 11 мај 2007. Посетено на 11 мај 2007.
  9. Олимписки борилишта Архивирано на 13 јуни 2007 г., Пекинг 2008. Дополнето на 15 мај 2006.
  10. „Остануваат уште 391 ден“„Олимписките игри на пат за Пекинг“. Меѓународен олимписки комитет. 13 јули 2007. Посетено на 16 јули 2007. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  11. „Архитектонска седмица - Дизајн - Кинескиот забранет стадион - 2002.0501“. Архивирано од изворникот на 2009-04-23. Посетено на 2008-07-20.
  12. „Дизајнерот на стадионот ја расипува кинеската олимпијада“. Алџезира. 12 август 2007. Посетено на 16 јули 2007. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  13. „Кинески архитект ги исполнува игрите со „лажна насмевка". Ројтерс. Посетено на 16 август 2007.
  14. „Аеродромски возови“„Возови без екипаж кои оперираат на новиот аеродронмски терминал“. Пекиншки организационен комитет. 13 јуни 2007. Архивирано од изворникот на 2011-09-17. Посетено на 17 јуни 2007. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  15. name=„Видео монитори“„Официјално: патниците можат да ги следат игрите во Пекинг во подземната железница“. Пекиншки организационен комитет. 31 јануари 2007. Архивирано од изворникот на 2007-02-04. Посетено на 15 февруари 2006. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  16. name=„Превоз“„38 јавни транзитни линии до Олимписките борилишта“. Пекиншки организационен комитет. 22 јануари 2007. Архивирано од изворникот на 2008-05-12. Посетено на 29 јануари 2007. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  17. Ендрју Јакобс (14 април 2008). „Сообраќајот во Пекинг ја спречува изградбата за Олимпијадата“. Њујорк Тајмс. Посетено на 14 април 2008. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  18. name=„Инспектор08“Стивен Вејд (20 јуни 2008). „Пекинг наметнува рестрикции на возилата за време на Олимпијадата“. Национален инспектор. Посетено на 23 јуни 2008. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  19. Ројтерс (23 јуни 2008). „Пекинг за реализација на игрите со „чудна" сообраќајна забрана“. ABC вести. Посетено на 23 јуни 2008. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  20. „Инспектор08“
  21. „Порака“„Пораката на Жак Рог за Олимпиското лого за игрите во Пекинг“. Народен дневник онлајн. 3 август 2003. Посетено на 19 декември 2006.
  22. „Слоган“„„Еден свет, Еден сон" избрано за слоган на Летните олимписки игри - 2008 во Пекинг“. Пекиншки организационен комитет. 25 декември 2005. Посетено на 5 мај 2007. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  23. „Остануваат уште 391 ден“
  24. „Фува“„Официјалните маскоти на Летните олимписки игри - 2008 во Пекинг“. Пекиншки организационен комитет. Посетено на 19 декември 2006.
  25. „Влезници“„Кина во продажба на повеќе од 7 милиони влезници“. Галф Тајмс. 7 август 2007. Посетено на 14 август 2006. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help); Надворешна врска во |publisher= (help)
  26. „Влезници во продажба“„Влезниците за игрите во Пекинг во продажба“. Пекиншки организационен комитет. 15 април 2007. Архивирано од изворникот на 2007-05-17. Посетено на 5 мај 2007. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  27. „⅓ продадени“„Влезниците за церемонијата на свечено отворање на игрите во Пекинг стануваат жешки“. Пекиншки организационен комитет. 21 јуни 2007. Архивирано од изворникот на 2007-06-25. Посетено на 25 јуни 2007. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  28. „Трговија“Леи, Леи (31 јули 2007). „Официјалната олимписка опрема сега далечна само на кликнување“. Кинески дневник. Посетено на 3 август 2007. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  29. „Прекуокеанската Олимписка електронска трговија овозможена онлајн 29 ноември 2007“. Официјалната веб- страна на Летните олимписки игри - 2008. Посетено на 29 ноември 2007.[мртва врска]
  30. Washingtonpost.com "Washingtonpost.com. Новите кинески банкноти од 10 јуани го потиснуваат Мао Це Тунг. Дополнето на 9 јули 2008.
  31. „Музичка тема за одбројувањето на последните 100 дена од одржувањето на Олимписките игри - Официјална веб- страна на Летните олимписки игри - 2008 во Пекинг“. Архивирано од изворникот на 2008-07-27. Посетено на 2008-07-20.
  32. „106 миски „ја запалија страста" за Олимписките игри - Официјална веб- страна на Летните олимписки игри - 2008 во Пекинг“. Архивирано од изворникот на 2008-08-01. Посетено на 2008-07-20.
  33. „„Подготвени сме" - Официјална веб- страна на Летните олимписки игри - 2008“. Архивирано од изворникот на 2008-07-30. Посетено на 2008-07-20.
  34. „Џеки Чен е подготвен за Параолимписките игри - Официјална веб- страна на Летните олимписки игри - 2008 во Пекинг“. Архивирано од изворникот на 2008-08-01. Посетено на 2008-07-20.
  35. „Музичката тема за одбројувањето на последните 100 дена од одржувањето на Олимписките игри - Официјална веб- страна на Летните олимписки игри - 2008 во Пекинг“. Архивирано од изворникот на 2008-07-27. Посетено на 2008-07-20.
  36. „Песни за патувањето на Олимпискиот факел, волонтерите свечено го откриваат на одбројувањето на последните 100 дена од одржувањето на Олимписките игри - Официјална веб- страна на Летните олимписки игри - 2008 во Пекинг“. Архивирано од изворникот на 2008-08-01. Посетено на 2008-07-20.
  37. 2008 програма>„Пекинг 2008: Конечна програма за игрите“. Меѓународен олимписки комитет. 27 април 2006. Посетено на 10 мај 2006. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  38. Програма за игрите на XXIX Олимпијада, Пекинг 2008, Меѓународен олимписки комитет. Дополнето на 15 мај 2006.
  39. „Пиктограми“„Претставени пиктограмите за Летните олимписки игри - 2008 во Пекинг“. Пекиншки организационен комитет. 7 август 2006. Архивирано од изворникот на 2008-04-20. Посетено на 9 август 2006. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  40. „Календар“>„Распоред на Олимписките натпревари“. Пекиншки организационен комитет. Посетено на 5 јули 2007. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  41. „МОК факел“„Пекинг 2008: Пекиншкиот организационен комитет ја утврди рутата за патувањето на Олимпискиот факел за игрите во Пекинг“. Меѓународен олимписки комитет. 26 април 2007. Посетено на 26 април 2007. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  42. „Официјални очекувања за продолжување на патувањето на Олимпискиот факел по својата рута“.
  43. „Јавна катастрофа“„Британија испраќа Мандарини до Кина на вешта мисија“. The Times. 25 април 2008. Посетено на 27 април 2007. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  44. „Патот на ПОК“„Планираната рута за патувањето на Олимпискиот факел за Летните олимписки игри - 2008 и претставување на неговиот дизајн“. Пекиншки организационен комитет. 26 април 2007. Архивирано од изворникот на 2007-04-29. Посетено на 26 април 2007. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  45. Бремнер, Чарлс (7 април 2008). „Тибетските протестни сили организирани со цел да го изгаснта Олимпискиот оган во Париз“. The Times. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  46. . BBC вести. 9 април 2008 title= Протестите за време на престојот на Олимпискиот факел во САД http://news.bbc.co.uk/1/hi/world/americas/7339380.stm title= Протестите за време на престојот на Олимпискиот факел во САД Проверете ја вредноста |url= (help). Недостасува права црта во: |url= (help); Проверете ги датумските вредности во: |date= (help); Отсутно или празно |title= (help)
  47. „Патот Еверест“„Кина во изградба на автопат до Монт Еверест за потребите на организацијата на Летните олимписки игри - 2008“. The Hindu. 20 јуни 2007. Посетено на 25 јуни 2007. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  48. „Планинарите добија забрана да се искачат на Монт Еверест откако Кина побара протестите на самитот да завршат“. The Independent. 17 март 2008. Посетено на 23 март 2008. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  49. „cnn13март08“„Кина ги затвори сите патишта за планинарите на своја територија“. CNN. 12 март 2008. Архивирано од изворникот на 2008-03-15. Посетено на 13 март 2008. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  50. „Патот низ Тајван“„Тајван ја одбива „домашната" рута на патувањето на факелот“. Тајван Журнал. 4 мај 2007. Архивирано од изворникот на 2008-04-11. Посетено на 15 август 2007. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  51. „Кина факел Тајпеј“„Кина го прекорува Тајван за бегање од патувањето на Олимпискиот факел низ Тајпеј со натпис „валкан претседател". Yahoo! Canada Sports. 21 септември 2007. Посетено на 24 септември 2007. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)[мртва врска]
  52. „Национални олимписки комитети“. Меѓународен олимписки комитет. Посетено на 11 март 2008. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  53. „САД- 600“„Околу 600 спортисти ќе се натпреваруваат за САД на Летните олимписки игри - 2008 во Пекинг“. Пекиншки организационен комитет. 3 август 2007. Архивирано од изворникот на 2007-11-19. Посетено на 3 август 2007. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  54. „Авганистанските спортисти тренираат за Олимписките игри“, Авганистанска амбасада во САД, 29 април 2008
  55. „Соништата ја носат Натали ду Тоа на Олимписките игри во Пекинг“ Архивирано на 6 јули 2008 г., The Telegraph, 4 мај 2008
  56. „Ду Тоа, којашто ја изгуби својата нога во сообраќајна несреќа на својот скутер ќе плива на игрите во Пекинг“, Ројтерс, 3 мај 2008
  57. „Наталија: Параолимписка и Олимписка спортистка“. Архивирано од изворникот на 2012-09-06. Посетено на 15 јули 2008. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  58. „Океаниски национален олимписки комитет“„Маршалските острови се приклучуваат на Олимпиското семејство“. ONOC. 10 февруари 2006. Архивирано од изворникот на 2006-11-01. Посетено на 2006-12-17. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  59. name=„Тувалу“наведени вести | title = Роберт се среќава со Жак Рог| url = http://www.oceaniasport.com/tuvalu/%7C[мртва врска] publisher =ONOC | date = 2 април 2005| accessdate = 17 декември 2006 }}
  60. „Прифатени нови Национални олимписки комитети“„Два нови Олимписки комитети на маса!“. Меѓународен олимписки комитет. 6 јули 2007. Посетено на 8 јули 2007. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  61. „Прифатени нови Национални олимписки комитети“МОК вети дека ќе ја признае новата независна држава Косово, но најверојатно не во време да може да земе учество на Олимписките игри.
  62. „МОК да го признае Косово“. News24. 17 февруари 2008. Архивирано од изворникот на 2008-02-18. Посетено на 2008-02-17. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  63. name=„Кореал“„Двете Кореи во обединување на Олимписките тимови“. BBC. 14 мај 2006. Посетено на 17 декември 2006. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  64. „Кореа2“„Двете Кореи со напредок во создавањето на обединетиот тим“. Меѓународен олимписки комитет. 5 септември 2006. Посетено на 10 септември 2006. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  65. „Двете Кореи без согласност по прашањето за испраќање на обединет тим на Олимписките игри“. АП. 13 февруари 2007. Посетено на 28 февруари 2007. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  66. Seven Network 2008 - Олимпијада
  67. Briel, Robert (16 април 2008). „Belgian pubcaster VRT to launch HD channel“. BroadbandTVNews.com. Посетено на 16 јуни 2008. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  68. *CBC/Radio-Canada:„CBC Олимпијада - Schedule“. CBC. Посетено на 22 јуни 2008. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)CBC/Radio-Canada (7 февруари 2005). "Исказ на МОК во однос на доделувањето на ексклузивните телевизиски оправа за пренос на Олимписките игри во 2010 и 2012". Соопштение за печат. Архивирано на 13 февруари 2012 г. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-02-13. Посетено на 2008-07-20. Прилогот им наложува и на CBC и Radio-Canada „да ги поседуваат ексклузивните телевизиски права за пренос на Летните олимписки игри - 2008 во Пекинг.“
    • TSN:„Олимпијада - ТВ распоред“. TSN. Посетено на 22 јуни 2008. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help) Од овој датум, TSN започна: „Деталите на покривањето на TSN од Летните олимписки игри - 2008, Кина ќе биде најавена на подоцнежен датум.“
  69. Енша, Азадех (17 јуни 2008). „Кинески компании добија вебкаст права за Олимписките игри во Пекинг“. Њујорк Тајмс. Посетено на 17 јуни 2006. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  70. „YLE tapahtumat“. YLE. Архивирано од изворникот на 2008-09-13. Посетено на 19 maj 2008. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  71. Предлошка:Cite pressrelease
  72. Verma, Меенакши (6 ноември 2007). „Доордаршан ги поседува ексклузивните телевизиски права за Олимписките игри во Пекинг за $3 милиони“. The Economic Times. Посетено на 16 јули 2008. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  73. „China to mark its territory with Olympics 2008“. RTÉ вести. 12 ноември 2007. Посетено на 17 март 2008. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  74. „RAI работо на висококвалитетен пренос на Олимписките игри“. Hollywood Reporter. 15 април 2008. Архивирано од изворникот 2008-05-13. Посетено на 16 јуни 2008. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  75. „Преглед на прес-конференцијата“. NHK. Архивирано од изворникот на 2008-08-14. Посетено на 16 јуни 2008. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  76. (шпански)Cerón, Цезар (12 јуни 2008). „Кина, нов предизвик за Алберто Лати“. Televisa Deportes. Архивирано од изворникот на 2008-06-18. Посетено на 16 јуни 2008. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  77. „Малезискиот ТВ оператор создава нови канали за пренос на Олимписките игри“. Ксинхуанет. 1 април 2008. Посетено на 3 април 2008. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  78. „NOS со пренос на Олимписките игри во HDTV“. Broadcast Magazine. Broadcast Press. Посетено на 17 март 2008. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  79. TVNZ (28 септември 2007). "ТВНЗ со планови за висококвалитетен пренос на игрите plans". Соопштение за печат.
  80. „Сончеви спортови, Олимписки канал“. Архивирано од изворникот на 2008-03-08. Посетено на 7 април 2008. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  81. „Пекинг 2008 на TVP“. 19 декември 2007. Посетено на 11 јуни 2008. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  82. „RTP со 500 часа Олимписки игри“. Media & Publicidade (португалски). Diário Económico. 5 мај 2008. Посетено на 20 јуни 2008. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  83. април html „Рускиот сателитски оператор РСКK и кинеската компанија CNC потпишаа договор за меѓународна сателитска ТВ контрола на Олимписките игри во Пекинг“ Проверете ја вредноста |url= (help). Vesti. Руска сателитска комуникациска компанија. Посетено на 26 март 2008. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)[мртва врска]
  84. „IOC Awards TV Rights for North and South Korea“. Посетено на 2008-06-16.
  85. [1]
  86. „официјално мрежно место“. Архивирано од изворникот на 2008-10-14. Посетено на 2008-07-20.
  87. „Олимписките игри во Пекинг на BBC“. BBC. Посетено на 28 јуни 2008. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  88. „Следува во август: Комплетните Олимписки игри на NBC“. NBC. Посетено на 28 јуни 2008. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  89. „NBC испланира пренос од Олимписките игри, на ТВ и онлајн“. САД денес. Посетено на 9 јули 2008. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  90. „Medios se alistan para Beijing“. News. Lavinotinto.com. Архивирано од изворникот на 2008-05-10. Посетено на 19 февруари 2008. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  91. „Националнен ТВ канал со изјава за официјалните телевизиски права за ЕВРО 2008“. ВиетнамНет. 8 септември 2007. Посетено на 16 јуни 2008. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  92. „HDTV“„Бистар поглед: Panasonic ushers in first HDTV Game“. Кинески дневник. 6 јули 2007. Посетено на 24 март 2008. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  93. Report Архивирано на 27 јули 2011 г. од Олимписката комисија за игрите во Пекинг, стр.73
  94. „Кина се загрева за војна во Дарфур“ http://news.bbc.co.uk/2/hi/africa/7503428.stm. Посетено на 12 јули 2008. Text "Кина се загрева за војна во Дарфур " ignored (help); Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help); Отсутно или празно |title= (help)
  95. Интерпол изјави дека за терористички напад за време на игрите постои „реална можност“. Свет и пошта. Додадено: 25 април 2008
  96. Шефот на Интерпол стравува од терористичка закана за време на одржувањето на Олимписките игри. Yahoo! News. Додадено: 25 април 2008[мртва врска]
  97. „Осум“„Бројот 8 и Кинезите“. Посетено на 22 април 2007. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  98. :„Мечувачка екипа“
Статијата „Летни олимписки игри 2008“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии).